Култура

КРИТИКА НА „КРИТИКА“...

Со мало задоцнување но сепак морав да реагирам. Во бројот на Шпиц од 16.11.2009, прочитав некаков обид за критика на операта за деца „Пепелашка“ изведена на 13.11.2009 во Македонската Опера и Балет. Овој текст наполно се вклопува во една друга поранешна моја реакција овде на блогерај. Со кој памет им се дозволува на некои персони не само да глумат новинари туку и критичари? Несреќната персона, автор/ка на текстов од Шпиц, пред да направи било каков обид за да ја информира јавноста, требало да се потруди и да се информира сам/ата себе.

МАКЕДОНСКИ ТРЕШ АРТ...

Ова ќе беше соодветно име на тоа што се случува со Македонската Култура доколку Треш Артот се разбира веќе не беше означен и квалитетен правец во уметноста. Разно разни скулптури и споменици и паметници никнаа преку ноќ, разноразни изложби и инсталации, представи и други збиднувања во име на уметноста. Прашањето што еве јас ќе се обидам да го отворам, а не и да го одговорам е каде е тука критиката? Онаа паралелна дисциплина што ќе даде еден реалистичен и издржан осврт на се она што се случува околу нас во име на уметноста. Освен бледи знаци на одобрување, се разбира нарачано фингирани, ко што излегоа по некои медиуми, и неколку натписи што ги прочитав кои сепак со доза на страв колку толку опфатија некои теми, ништо. Штама.

РЕЦИПРОЦИТЕТ!!!

Да, токму тоа би сакал да го видам. Вечерва во Даут Пашиниот Амам Британската Амбасада под покровителство на бројни спонзори од Македонија си направија свечен прием. На истиов присуствуваа премиерот и некои други видни политичари а и некои „великодостоинственици“ од МПЦ, се разбира и комплетната гарнитура од Британската Амбасада. Приемот беше обезбедуван од нивно приватно обезбедување од внатре а нашата полиција стоеше надвор од оградата, националното богатство, сликите и скулптурите внатре во Амамот не ги обезбедуваше никој.

МОНОГРАФИЈА „СВЕТОТ НА КОКИНО“

Се случи промоцијата на Монографијата „Светот на Кокино“ од авторот Ѓоре Ценев во МКЦ Скопје. Монографијата предходно беше промовирана во Париз на конференција на УНЕСКО за заштита на цивилизациското културно наследство, а ете пред некој ден и во Македонија. Еве во оваа статија истата монографија ќе биде достапна за даунлодирање што се надевам особено ќе им биде од полза на посетителите на БАГРА што се надвор од Македонија. Па еве уживајте...

Македонска Молитва

Еве со што се занимава креативата во МТВ:

пак..

Сјаам пак.
Треперам ко дете
неверувајки на својата среќа.
Сјаам со тебе.
И низ сето тоа
сепак знам
не сме веќе оние наивни деца.
Не си тој што го знаев
и знам, не сум ни јас истата.
Како смежуркани латици
се впиваме еден во друг
за боите да сјајнат пак.
Сепак еден ореол на свежина и радост
засекогаш исчезнал од нас.

Free culture

На 24 Јули 2002, на OSCON 2002, Lawrence Lessig одржал презентација за „интелектуалната сопственост“ и последиците врз креативноста и културата.

Българи пътуват в Македония - 1 май 2003 г.

Еден расказ за патешествието на група бугари во Македонија:
Патувањето е од 1 мај 2003 година и од тогаш многу нешта сигурно се имаат променето.
Во текстот се содржат многу историски белешки, како и опис на животот и ситуацијата во Македонија видени низ очите на обичниот бугарин.

Невидливи луѓе

Посветено на сите оние кои се окулу нас, но никогаш не сакаме да ги забележиме.

Работеше во железара, барем работеше до денес, цели триесет и четири години, осум месеци и шестнаесет денови. Денес доби отказ, отказ после четири години одење во фабрика, четири изгубени години во лажни ветувања, во тапкања по рамо, четири години за кои работодавците не му ги плаќаа ниту придонесите, а камо ли да му дадат некоја пара за живот, освен понекогаш некоја илијадарка и пред избори две-три илијади. Како ќе ја погледне жена си, се прашуваше, но само за да не се запраша како ќе ја погледне малата ќеркичка, единствениот подарок кој го доби после многу години поминати во пробување. Како ќе ја погледене својата радост, како ќе ја нахрани, како... Не ни примети кога стигнал пред зградата во која што живееше со својата жена Донка, со својата шестгодишна ќеркичка Ана, на која веќе в лето ќе мора да и се купат тетратки, книги, моливи, линијари, чанта, и нешто нова облека ако даде господ. Зградата беше на неколку катови, сива, мрачна, со оддамна излупена боја и дополу излупен малтар од ѕидовите. Таванот прокиснуваше при секој дожд, но за среќа Филип живееше најдолу, онаму каде што водата неможеше да допре. Барем не од таванот.

За бурекот и типсот.

Се маткав денес низ градот, така да се расшетам сабајлечки, и ми текна дека бурек немав пробано овој месец. Најдов едно бурекџилниче, онака микронско, само една маса за да седнеш. Ме пречека една теткица, онака љубезно насмеана со „добро утро, повелете“.

Си земав четврт со месо и јогуртче, си се најадов во мир и тишина, така слатко ми дојде, а бе мх,мх..,не се опишуе. Кога плаќав, и фискална ми даде, онака самоиницијативно, као да знае колку сум нафуран за фискалните. Ај да не тупам даље, и оставив бакшиш. Тоа ми беше поентата. Тетката беше зачудена, па и објаснив дека сум задоволен од услугата, и сметам дека е тоа нормално. Она што ме замисли е нејзиниот одговор. ОБИЧНО НЕ ОСТАВААТ БАКШИШ!

Агрегирање содржина