1 декември, 2008 - 21:14
[веб кирилица]

СФ

од гоце на 19 мар 2008 - 16:17

Писателот на научна фантастика, изумител и футурист, Артур Кларк почина. Светот стана посиромашен од недостатокот на неговата брилијантност и креативност.

Кларк почина рано утрово поради проблеми со дишењето. Имаше 90 години.

Тој е писател на повеќе од 100 научно фантастични книги, вклучувајќи ја и „2001: Одисеја во вселената“. Му се препишува идеата за телекомуникациски сателити и замислување на патувањето во вселената пред да бидат испалени ракети на земјата.

од slave=brainstorm на 11 фев 2007 - 03:48

Мрежите

Некаде кон средината на дваесет и четврти век земјата се соочува со пренаселеност, а резервите на храна се на завидно ниско ниво. Група на мега-корпорации ја формираат Западната компанија и воведуваат нов концепт , нов начин на живот. Ја формираат Мрежата, целосно автоматизирани и компјутеризирани градови-кули т.н. полиси. Не можејќи да ги опфатат сите подрачја и целокупното население се јавува Источната компанија креирајќи уште една мрежа. Набргу целата земја е прекриена со градови-кули освен големите пустини и повисоките планини. Човековиот живот и опстанокот на човештвото е врзан за мрежите, незамислива е каква и да било егзистенција надвор од нив.

од JohnFoe на 22 фев 2006 - 23:36

Сите линии спирално завршуваат во иста точка, во потполна симетрија со времето и просторот, потполно вообичаено, и прилично безвременски и вонпросторно. Милијарди и милијарди сигнали спојувајќи се во еден, не диктирајќи ништо, едноставно наоѓајќи го својот пат. Галактички точни, сино-портокалово-црвенкасти и мирисајќи на младост. Вртлог на сеќавања и мисли. Една мисла тргна од кајшто вообичаено тргнуваат сите мисли без исклучок, помина низ првобитниот филтер со сите нишани, се затетерави малку на излезниот терминал, но цврсто го трасираше својот пат до најблиската нејзе слична мисла посестрима. Заедно во пар, тргнаа во хеликсовидна патека кон најблискиот фокус. По небитно краток изминат период веќе се наоѓаа во големо друштво, се губеа и последните траги на его, и сите пливаа пан-задоволни кон небото.

од D-507 на 19 јул 2005 - 22:01

Животот во градот течеше бавно како Гепард, реката која поминуваше низ него. Впрочем повеќето граѓани се прашуваа дали воопшто тече, и ако веќе тече, зошто го прави тоа. Поминаа многу години додека не се појави философот Филозоф кој го изведе револуционерниот опит со пуштање лист во реката и стрпливо набљудување во времетраење од еден џоинт, џоинт и пол можеби.

од D-507 на 23 мај 2005 - 21:11

1.
- Ало! Парк?! Имам лоши вести, господине. Авионот на Линда падна... Се сруши во океанот... Спасувачки тимови веќе ја бараат. ... Ќе ја нај... Ало?! Парк!? Парк?! Господине?

од B. на 19 мај 2005 - 11:56

(Some likе it hot, hot, hot…)

Вторник 16:36, 17 август 2005 година, Мил и Леа голи и испотени се излежуваа на креветот. Ролетните на прозорите беа спуштени, а надвор сонцето немилосрдно ги праќаше своите зраци кон сите што во тој момент не беа скриени од нив и ги пробиваа нивните незаштитени тела. Леа стана и се упати кон купатилото, под млаката вода, сакаше да се освежи, во станот немаше клима уред и беше премногу жешко. Мил и се придружи по 2-3 минути. По освежувањето, го отворија фрижидерот и каснаа нешто набрзина. Леа мораше да си оди, дома имаа некоја прослава вечерта. Излегоа заедно, Мил ја однесе до дома со неговото ново бело Ауди А4, и потоа продолжи до “МВ“, таму требаше да се најде со Зиф, еден негов пријател.

Така возејќи низ гужвата во градот, застана на семафорот кој се наоѓаше одма до црквата, имаше голема гужва, погледна накај радиото и почна да бара некоја радио станица која ќе му се допадне. Го сврте погледот нагоре кон небото, и имаше што да види.

од D-507 на 15 мај 2005 - 21:28

Сините алармни светла во бродот почнаа да се палат и гаснат што самото по себе беше доволна причина лицето на Морган целосно да се измести. Вилицата скоро ќе му испаднеше од главата која пробуваше да се движи во сите насоки одеднаш, додека очите се обидуваа да пронајдат точка во која и двете ќе можат да гледаат со крајно внимание. Поминаа неколку мигови додека едното око не го фати во својот видеокруг техничарот за комуникации и веднаш инстинктивно го повика и другото. Сепак, моментот на крајно внимание доцнеше поради непослушната вилица која правеше салта или барем пробуваше да прави.

- Ш..што, што беше тоа? – Конечно процеди низ вилицата која малку од малку се беше прибрала.

- Знаци на интелегентен живот, нареднику!

од n00ne на 22 мар 2005 - 10:45
1.
Се слушаше тивок но иритирачки звук кој едноставно не можеш да го игнорираш и слободно да продолжиш со тоа што си го правел до моментот кога звукот почнал да се емитува. Една фигура полека почна да мрда и да се нервира. Знаеше дека алармот ќе се исклучи само ако стане од креветот и не му се допаѓаше тоа. Ја спомнуваше поблиската фамилија на Македо, човекот кој го измисли овој аларм што во моментот му лазеше по нервите, а немаше да се исклучи се додека не стане од креветот кој му беше најпотребен во овие мигови. Се сврте неколку пати, падна на земја, ги склопи очите, се поднамести и почна полека да се враќа во онаа состојба за која сосема исправно рачунаше дека му е најпотребна после лудата ноќ, а и лудото утро што следеше потоа.
Syndicate content