Спорт

ПРИСТИГНАА...

Тројцата велосипедисти ентузијасти што на 31ви јули тргнаа за Брисел, веќе се таму. Тие во Брисел остварија средба со г-дин Кристиан Хедберг, шеф на одделот за Македонија при Генералниот Директорат за проширување. Иако од матичната држава не беа соодветно испратени, тие сепак со ентузијазам извозеа и ја остварија својата цел. Нивното возење низ европските земји значеше презентација на Македонија и на велосипедизмот.

ВИВА ЛА РЕВОЛУЦИОН...

Денес сабајле од просториите на Агенцијата за Спорт и Млади, по одржаната прес конференција, го почнаа својот пат тројцата млади ентузијасти-велосипедисти. Тие одат на пат низ Европа, за да го промовираат велосипедизмот како начин на живот, Република Македонија и се она што значи да се биде Македонец во 21виот век.

Беше по малце тажно да се види дека не дојдоа голем број на велосипедисти да изразат подршка за овој амбициозен проект, најверојатно затоа што беше работен ден. „Психа... Д Фајнл Фронтиер “присуствуваше на настанов , и изрази морална подршка на овие дечки со возење до  Катланово, а исто беа и 4-5 велосипедисти од велосипедскиот клуб Софка. Бидејки полицијата не одговори позитивно на барањето да обезбеди пратење со мотори, тие мораа да ја сменат рутата по стариот пат преку Велес, за да ја извозат првата етапа од Скопје до Охрид. Интересен беше моментот кога продефилиравме низ Скопските улици, некои од возачите на автомобили беа нервозни (навистина ги жалам овие бедни души), свиреа по нас, но сепак имаше и такви што не поздравуваа, и свиреа во знак на подршка.

Агенцијата за млади и шовинизам ги заборави ракометарките

Одличниот третман на нашата машка ракометна репрезентација по историскиот успех во хрватска од јавноста и од државните структури, иницираше брза реакција кај нивите колешки ракометарките. Нашите најдобри ракометарки изразија незадоволство од тоа како државните институции го вреднувале нивниот резултат, одличното седмо 7 место на еврошампионат на домашен терен.

Седмопласирани на европското првенство што во декември се одржа кај нас, 12 на светското во Франција една година претходно, со континуитет во учествата на големите ракометни собири, а сосема далеку во однос на третманот што заслужено го добиј а нивните колеги од машкиот национален состав. Затоа револтирани македонските репрезентативки со кои пред неполни два месеци се гордееше нацијата, сега велат заслуживме подобар однос од државата.

Националистичкото навивање на македонските навивачи

Се спомнуваше „Гоцева раса“ (?!), дека „наше ќе биде и Солунско поле“, се повикува македонскиот народ на борба против „клетите Шиптари“ (?!) И сето тоа се правеше во друга земја! И при натпревари во кои не игравме ниту со Грција ниту со Албанија! Што е проблемот со македонските навивачи? Насекаде ли им се гледаат Грци и Албанци, или пак мислат дека македонските спортисти се многу поразлични од останатите спортисти и можат да се „запалат“ само со националистичко скандирање?

ФК ВАРДАР: Прес на Камчев [21.03.2008]

Преземено од
http://www.sitel.com.mk

Последните превирања во ФК Вардар денеска кулминираа со прес конференција на која сопственикот на Холдингот Орка Спорт , Орце Камчев се промовира како преоден претседател на ФК Вардар официјално впишан во централниот регистар. Камчев најави за 7 дена Изборно собрание на црвено-црните во организација на Иницијативниот одбор потенцирајќи дека ФК Вардар од сега нема да има сопственик, туку ќе биде Здружение на граѓани.

Ракијада спорт или нешто повеќе

Пред неколку дена најдов клипче на you tube а дали е спорт или нешто повеќе одлучете сами
П.С мислам дека србите се светски прваци во овој спорт :)
Јебига кај нив се одржува ракијадата

http://www.youtube.com/watch?v=V4gkgoAu2-E

Стил на обложување (фудбал)

Доколку не си обложувач на високи суми, доколку го студираш билтенот како материјали за испит пред колоквиум, доколку тоа го правиш од повеќе боемска, а помалку коцкарски природа, би споделила еден пристап кон оваа ненеминовна проблематика во човечкиот живот.

Следи 3-4 последователни кола, прва и втора лига, доаѓа предвид и Италија C-лига. Не се обидувај по секоја цена да ги спасиш тимовите пред испаѓање поради "стара слава" или поради тоа што фино ти одѕунуваат во уши. Не се обидувај да "ловиш" висока сума на мал облог - успева еднаш во мал милион. Фати го билтенот во петок приквечер или сабота по-посабајлечки. Избери лига која ти лежи (мој совет: Германија или Франција - најлесно се развиваат личните конструкции за "местенки", кои се потребни заради коефициентите, заради одење против логиката на масата, заради играње систем) и за која мислиш дека имаш некаква интуиција. Погледни статистика на вкупно X-и, 1-ви и 2-ки изминатите 2 кола. Погледни распоред за натпревари во следно коло. Изиграј ја целата лига во систем со доминација на идентичен фикс (полувреме-крај потешко излегува), пожелно е да чекаш коло на нули и двојки. Во фиксови најдобро е да се стават тимови кои не се борат за прво, второ место или оние кои мислиш да ги спасуваш. Најизвесни се тимовите кои се во релативна стабилна средина на табелата по бодови, а најдобро е да не се избегнуваат двознаци, чисто заради осигурување на фиксот. Заебани средно-табелаши, според мене, се: Аталанта, Енерџи Котбус, Кајзерслаутерн, Лацио, Ла Коруња, ПСЖ, оваа сезона тука спаѓаат и Борусија Д, Модена и Реал С. Причина за "заебаноста" е: дел од овие тимови се од ист град со тимови кои се борат за ЕУФА или Champions League, често играат, по мене местени натпревари со пресврт, 1 во 2 или обратно, веројатно се шиткаат утакмици на големо и добро обмислено - на крајот на денот фудбалот е втората споредна работа на светот, нели?

Државата ќе гради 10 олимписки базени до 2010!

Убава вест ова што го слушнав и што го потврди владата пред малку на вестите.Значи после спортските сали, стадионот на ред дојдоа и базените. Знаете ли што научив од искусни доктори? Дека ако човек сака да се врати, да се рехабилитира после тешка повреда или уседан живот најдобро во форма се враќа со пливање и со пинг-понг(видот ти се подобрува т.е. моториката, еластичноста). Не ги слушајте оние што ви велат кошарка, фудбал - тоа само ако почнеш од мали години, во спротивно можеш да завршиш како инвалид или да умреш од излив на лице место. Ех сирот Маленко требаше подоцна да се родиш!

Колумна во врска со Македон. репрезентација

Овој пост го отварам поради нашите иселеници кои зивеат низ целиот свет за да мозат да процитаат колку вистинита колумна имаше напишано Перо Цукало во Антена која излегува секој петок заедно со весникот Дневник. И не е само тој на кого му прецеше тоа што не се пренесуваше пренос во зиво од мецот помеџу Холандија и Македонија, но само он најде време и храброст да го соопшти јавно преку пишан медиум, (за ваква тема јас ова би го ставил на насловна страна) а да не размислуваме некоја емисија специјализирана за спорт да спомне вакво нешто. Сега се гледа колку има луџе кои имаат национално и патриотско цуство за својата држава. Но да не должам многу процитајте и самите це се уверите во вистинитоста на неговите реценици.

Ливерпул Безобразен

По вчерашното возбудливо финале на Лигата на шампиони, целиот свет зборува за неверојатниот пресврт на играчите на Ливерпул. Фудбалски фанатици, вљубеници во најважната споредна работа на светот, луѓе кои повремено или ретко ги пратат случувањата во фудбал, па дури и обични лаици, сите се натпреваруваат во искажувањето на своите искуства од незаборавното финале. Се употребуваат сите суперлативи кои постојат, а се измислуваат и нови, за да се опише херојскиот успех на потценетите и, по првото полувреме, отпишаните виртуози од Енфилд Роуд.

Секако, ваков развој на настаните не се случил во едно финале на Лига на шампиони. Најверојатно нема ни да се повтори. Но, дали треба толку пофалби да се упатуваат на адресата на Црвените? Покрај сите постигнувања, тука постои и една нераскажана приказна. Во своето искачување кон посакуваниот врв, фудбалскиот клуб Ливерпул оставил позади себе многу жртви.

Агрегирање содржина