1 декември, 2008 - 20:49
[веб кирилица]

Филм/Театар

од stenli901 на 16 дек 2007 - 20:14

Пред неколку седмици во дневниот печат речиси секојдневно пишуваше за фамозното гостување на една наша театарска кука на фестивал во Богота!??!. Изненаден од тоа дека може да се случи чудо и група културни уметници организирано да настапат преку океанот и да ја престават мојата земја внимателно го следев развојот на (не)возможната мисија. Од организаторот имале уредна покана што ми даваше за право да верувам дека шанси да заминат има.Минуваа денови и седмици дневниот печат престана да пишува за драмски, на нет не успевав да добијам некакви информации за тоа што се случува до каде

од Mumukshava на 14 мар 2007 - 13:32

Преземено од plagij.at [www.plagij.at]
__________________

На репертоарот

Драмски Театар – репертоар Март / 11 недела

13.03 Вторник
20.00 КУПИДОНА
панк-опера
Автор и режија Срѓан Јаниќијевиќ
Играат: Надежда Петровска; Драган Спасов; Лазе Манасковски; Гоце Тодоровски; Дејан Лилиќ; Ана Костовска; Сашо Тасевски; Бранко Ѓорчев; Ирена Ристиќ; Сашка Димитровска; Калина Наумовска; Гордана Ендровска

14.03 Среда
20.00 ДОН ЖУАН

Молиер, режија Александар Поповски
Играат: Никола Ристановски; Ирена Ристиќ; Драгана Костадиновска; Милица Стојанова; Самоил Дуковски; Гордана Ендровска; Калина Наумовска; Ацо Јовановски; Димитар Зози; Снежана Стамеска; Сашка Димитровска; Диме Илиев; Лазе Манасковски; Ѓорѓи Тодоровски; Виолета Шапковска; Викторија Анѓушева; Душица Стојановска

15.03 Четврток
11.00 КАКО СЕ СТАНУВА ЦАР
- детска претстава
Афродита Кирјаковска, режија Зоја Бузалковска

од Mumukshava на 6 мар 2007 - 20:29

Преземено од http://plagij.at [www.plagij.at]
__________________

На репертоарот

Драмски Театар - Март 2007 / 10 седмица

03.03 Сабота 20:00 "Македонски Рулет"
Љубиша Георгиевски, режија Сашо Миленковски
Играат: Сенко Велинов; Игор Стојчевски; Јелена Галевски; Диме Илиев; Ѓорѓи Тодоровски; Билјана Беличанец Алексиќ; Зоран Љутков; Васил Зафирчев; Гоце Тодоровски; Ванчо Петрушевски; Ѓокица Лукаревски; Роберт Вељановски; Рубенс Муратовски; Душица Стојановска; Петар Темелковски; Анастас Тановски; Гораст Цветковски; Борче Нечев.


06.03 Вторник 20:00 "Демонот од Дебар маало"
Горан Стефановски, режија Слободан Унковски
Играат: Јовица Михајловски; Билјана Беличанец-Алексиќ; Јелена Јованова; Дејан Лилиќ; Драган Спасов; Сашо Тасевски; Марин Бабиќ; Јелена Жугиќ; Диме Илиев.


07.03 Среда 20:00 "Диво Месо"
Горан Стефановски, режија Александар Поповски
Играат: Никола Ристановски; Билјана Беличанец-Алексиќ; Лазе Манасковски; Дејан Лилиќ; Драган Спасов; Билјана Драгичевиќ-Пројковска; Ирена Ристиќ; Снежана Стамеска; Софија Куновска; Калина Наумовска.

од miopa на 22 сеп 2006 - 19:10

Преземено од plagij.at [plagij.at]
__________________

Сајтот на МОТ не работи, односно до пред некој ден имаше поставено лоша фотка андр констракшн, а сега има некоја слика ли е, плагин ли е што пак не работи и програма од овогодинешното издание немет. За да знаете кај, кога и на што да одите, еве го распоредот на претстави тука.

од miopa на 21 сеп 2006 - 03:26

Преземено од Време [www.vreme.com.mk]
__________________

Од 18-те театарски претстави од Белгија, Швајцарија, Словенија, Франција, Италија, Србија, Полска, Бугарија и од Македонија, најавени за претстојниот „Млад отворен театар“, три се спорни, но дури и така одржувањето на годинешниот МОТ е херојски подвиг, велат организаторите на овој театарски фестивал.

- Дополнителните средства што ни беа ветени не се потврдени така што не можеме да ризикуваме со претставите на Словенско народно гледалишче, на „Суд Коста Оксидентале“ од Италија и на полскиот театар „Синема“ - велат од фестивалската дирекција.

Годинава неколку европски земји и Македонија ќе се претстават со најдоброто од својата театарска продукција на фестивалот што ќе се одржи од 23 септември до 3 октомври. Како и досега, фестивалската понуда ќе биде збогатена со повеќе придружни манифестации, средби со творците и со европските ѕвезди, трибини и промоции, концерт, театар на филм и клупската сцена во фестивалскиот клуб.

од miopa на 21 сеп 2006 - 03:12

Преземено од plagij.at [plagij.at]
__________________

Интернационалниот Фестивал на Филмска Камера “Браќа Манаки”, кој е во организација на Друштвото на филмски работници на Република Македонија - ДФРМ ќе се случи по 27ми пат. Фестивалот почнува на 26. Септември и ќе трае се до 01. Октомври.

Стожер на фестивалската програма е “Камера 300” – официјалната компетиција на долгометажни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационално жири составено од пет члена.

од блогбастер на 18 сеп 2006 - 23:00

Преземено од Левичарски блог [levicamk.blog.com.mk]
__________________

Пред два дена заврши Скопскиот филмски фестивал. Обично секоја година има по некој политички некоректен филм. Оваа година тоа беше Good night and good luck на Џорџ Клуни.

Во филмот се работи за познатиот лов на "комунисти" спроведен во 50-тите години во САД, од страна на сенаторот Џозеф МекКарти. Овој случај веројатно им е познат на повеќето од посетителите на блогов. И, повторно, со овој пост не сакам да ги бранaм комунистите (зашто во филмот и ги нема), туку сакам да посочам на (не)демократијата во земјата на "слободните", домот на храбрите, "најдемократската" земја во светот, САД.

од miopa на 14 сеп 2006 - 01:36

Преземено од plagij.at [plagij.at]
__________________

Центарот за изведувачки уметности МУЛТИМЕДИА со задоволство Ве информира дека македонскиот режисер Борјан Зафировски уште еднаш ја потврди својата режисерска креативност. Неговиот последен краток филм ALEPH на LUKSUZ Фестивалот во Кршко, Словенија (1-2 септември 2006 година) во конкуренција од 150 филмови ја доби “MY WAY” award. Оваа наградата им се доделува на филмови кои се издвојуваат по својот сензибилитет и авторите имаат посебен филмски јазик и пристап кон создавањето на филмот. Повеќе информации за фестивалот може да пронајдете на web страната на организаторот: drustvo-dzmp . По успешната проекција на филмовите во New York, Борјан Зафировски е одбран да учествува на Биеналето во Букурешт, Романија(октомври 2006) каде е меѓу 15-те автори избрани од целиот свет, а во ноември со “ALEPH” тој е учесник на Balkan Black Box во Берлин каде се прикажуваат најдобрите остварувања во балканскиот регион од областа на филмот и музиката. Авторот го заврши и сценариото за својот прв долгометражен филм ”Disconnected”- “Одвоени” и во моментот е во преговори со неколку финансиери од Германија, Шпанија и Англија. Се очекува проектот да биде поддржан и од Министерството за култура на Р.Македонија каде Комисијата за филм ќе заседава во следните неколку месеци.
Syndicate content