Компјутери

akvilina space

Тоа е мојот лаптоп стар 14 месеца,само 2 недели "постар" од мене..После сите падови и ударци §то ги презивеа,добро §то ме трпи..Затоа и сега ке го научам и кирилица,,да види дека ми е вазен..Коментарите ке ги прими сигурно со добра намера,а и време му е да осети малку од на§иот познат мајтап..Останатото следи...

Ми треба двигател за опслужувачот на Багра за да останеме на линија, за инат на грчиштата

Со притисокот што доаѓа од јужниот сосоед, се повеќе се нарушуваат нашиот идентитет и јазик и се загрозува нашата азбука. Со проектот ќе се обидеме да ја развиеме свеста кај младите да почнат да ги користат македонските зборови и ќе ги збогатиме и заштититиме македонскиот јазик и писмо, оцени министерот Ивановски на прес-конференција.

Секој-USB-dnevie

Пред некое време правевме муабет со мојата колешка за тоа каква се форма може да заземе USB stick-от. Муабетот ни се движеше од најобичен USB кармин до USB тампон кој ја претвара крвта во пигмет за да можеш директно да сликаш на штафелај (!!!)

После неколку дена добив mail од нејзе кој го содржеше следниот линнк:
http://funlobby.com/index.php/20080427322/Cool-USB-s.html

Можеби овие пронајдоци и не се толку амбициозни но дефинитивно треба да се видат!

text to speech програма

здраво дечки имам прашање до вас: Дали некој знае некоја text to speech програма за читање на на македонски текстови...
поздрав

Рекомпресирање на видео со VLC media player (под Windows)

Иако нема типичен, а уште помалку „user-friendly“ интерфејс, сепак VLC е една од најдобрите апликации за репродукција на видео записи и во секоја наредна верзија е сè подобра. До пред извесно време не знаев дека VLC е и одличен транскодер, па си губев време со други апликации.

Во VLC рип на DVD се прави вака...

Клиентскиот софтвер за пријавување придонеси само на Микрософтови ОС

Клиентскиот софтвер за месечни пријави за придонеси за плати од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ФПИОМ), кој законски задолжително мора да се користи за електронска достава на истите, ги принудува обврзниците да користат оперативен систем од еден понудувач.

Софтверот на ФПИОМ ги игнорира заложбите на Националната стратегија за информатичко општество. Прашањата за независност од софтверска платформа и достапност за сите се игнорирани при изработката на клиентскиот софтвер.

Според законските прописи кои ја регулираат пензиската реформа во Р. Македонија сите обврзници ќе мораат да доставуваат месечни пријави за придонеси за плати во електронски формат. За таа цел, обврзниците мора да користат софтверска алатка која ја снабдува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

World Community Grid

Мисијата на World Community Grid е да ја создаде најголемата јавна калкулативна мрежа од компјутери, која ќе се занимава со проекти од кои човештвото има корист.

Тие развиваат техничка инфраструктура која служи како основа на мрежното научно истражување. Успехот на оваа мрежа зависи од индивидуалци кои колективно го даруваат своето неискористено процесорско време, со цел да го променат светот кон подобро. Концептот е сличен на фамозниот SETI@Home, но овојпат со конкретна хумана цел.

World Community Grid ја прави достапна технологијата до јавни и непрофитни организации, со цел да се употребува за хуманитарни истражувања кои не можат на друг начин да се завршат, заради високата цена на компјутерската инфраструктура која би била потребна во отсуство на јавна мрежа. Како дел од нивната посветеност кон подобрувањето на човечката благосостојба, сите истражувања ќе бидат од јавен интерес, а резултатите ќе бидат јавни и достапни за глобалната научна и истражувачка заедница.

ALife

Баш ми е мило што сум роден во револуционерно време, каде што постојат толку интересни работи како виртуелна реалност, која ни овозможува да креираме вештачки светови слични на делови од реалниот свет, докажувајќи ја прастарата поговорка, реалноста е илузија, Биотехнологија која ни овозможува да ги промениме нашите тела на најразлични начини, да ги сврзуваме органите со компјутери и други уреди, Нанотехнологија, со која создаваме уреди десетици илјади пати помали од дебелината на човечкото влакно, кои во иднина ќе бидат неизбежен дел од нашето тело, нашиот ум, сврзани помеѓу себе ќе ни овозможат поседување на огромен интелект, кој ќе не направи подобри, посилни, посовршени, Вештачка интелегенција, каде успеваме да создадеме интелегентна интеракција со компјутерски програми, Mедицина-Генетика, со започнување на разбирање на човечкиот ген, негова манипулација, Физика, со успехот во наоѓање на врските помеѓу материјата, енергијата, умот, силите, преку теоријата на супервлакната и Големата Обединувачка Теорија.
И Интернет, кој ги обединува сите нив.

До кога вака со програмските јазици?

Секој ден во скоро сите инстутуции се користат само два јазици: Pascal, C++ и нивните наследници. Што е уште полошо на скоро сите натпревари по информатика се работи со Pascal и тоа со античките одвоени компајлери и конзолни апликации. НАРОДЕ РАЗБУДИ СЕ!!!

Првиот патентиран број

Првиот БРОЈ е патентиран, остануваат уште бесконечност минус еден.

Softwron Inc, американскиот гигант кој се занимава со софтвер и правни спорови, стана првата компанија која направи чекор кон она што многумина го нарекуваат „Големата Треска за Броеви“.
Агрегирање содржина