Ајде да свртиме малце домаќинсkи муабети.
Ајвар!.... ај пак, кажете го тоа гласно и со мек тон АЈВАР! .... мммммммммм, врти, сучи и сите остриги и сите кавијари што сум ги јадела, ништо од тоа не ми дига тензијa како Ајвар! Како и кај сите други, мојата мајка го прави наубавиот. Проблемот е што одамнa јас не сум таму, па неа ем ја мрзи да прави, ем неќе сама, ем не ја крепат веќе годините да ја меша таа прекрасна смеса од пиперки и патлиџан ( и што друго?) со саати над некое ќумбенце во некој двор. Колку го сакам ајварот е мала и кратка и слатка прикаска, и верувам дека меракот е ист и кај вас. Она што загрижува е тоа што има се помалце ќумбенциња во паркчето или дворовите. Се помалце домашен ајвар, и се повеќе " домашен" ајвар од некоја фабрика на полиците во вашиот локален супермаркет. Налет тоа дека е поевтино да се купи, ама кај отидоа муабетите, смеата, децата со лепчиња намачкани со вруќ ајвар, по некое пивце или ракија, плус полно масно овчо лозоровско циренце? Ете, тоа му фали на оној купечкион ајвар, минус конзервансот што го лупаат на ангро. И да, ич не е вкусен, туку кислекаст.
Последни коментари