Музика
колку ја сакате македонската музика
Испратено од radio-vmro на 13 јули, 2010 - 10:23колку ја сакат младите македонската музика
да си ја сакаме македонија исто така и македонската музика
кој сака да слауша македонска музика
линк од радио вмро
http://www.vmro-makedonija.wb3.de
доколку сакате да слушате македонска музика
треба првен да исталирате ова
- 1 коментар
- 93 читања
радио вмро македонија
секогас со вас радио вмро макеоднија
кој за вас емитува македонска музика
радио вмро и радио шат
- 4 коментари
- 850 читања
Во судниот час, скопјани на турбо бајпас
Ечеше "Кога ќе чукне судниот час, ти ќе бидеш мојот бајпас"
Се фрлаат чевли, се кинат кошули, се кршат чаши и шишиња, млади, топ - дотерани девојки и момци, качени по маси, пеат, е само дел од атмосферата на концертот на српската турбофолк-звезда Аца Лукас, кој во петокот вечер се случуваше во дискотеката "Гранд" до Скопје. Но ваквата слика е секојдневие за Скопје. Речиси во сите кафеани, кафулиња, клубови, па и во дискотеки на гостите им нудат луди забави со турбофолк-хитовите, кои станаа вистински хит во метрополата. Тогаш нема седење, цупкање во место и правење муабети. Кога ќе заечат песните на Лукас, Цеца, Брена, Индира, Стоја, на Миле Китиќ, тогаш настанува вистински делириум. Буквално не се знае кој што прави. Сите се весели, качени на маси и столови и, колку што ги држи гласот, ги пеат од почеток до крај турбо-фолк хитовите. А се пие како да е последен ден.
- 9 коментари
- Повеќе
- 1486 читања
Вечна музика
Испратено од judge на 11 јули, 2009 - 21:38Време е за малку саботна забава.
За конечно да ги замолчиме сите турбо-фолкови, техна-мехна, елвир-мекиќи, faux некст-тајм рокери, цицлести поперки и други нафенирани лепотани ...
Дами и господа, J.J. Cale и Eric Clapton, спакувани во еден прекрасен пакет! Песната е една од оние кои започнаа сѐ - Call me the breeze. EC и JJ ја свират на Crossroads фестивалот, придружувани од одличен support бенд. Инаку, многумина ја знаат оваа песна и од одличната преработка на Lynyrd Skynyrd, во побрз и хеви-метал стил. Јас, лично, ја преферирам оваа верзија.
Ultra-cool рокерот J.J. Cale, со својот необичен стил на свирење со отворена рака, изгледа како да мавта над жиците, а излегува прецизен, ритмичен рок. Клептон не може да се промаши, би го препознал неговиот signature соло и спиејќи. Забележете како уживаат музичарите кои свират со нив, оклештени од уво до уво.
Навидум свират без напор, без видливи грчеви и труд да испадне добро, а сепак сѐ е на место, да помислиш дека и ти можеш исто, лесно било...
Ритамот е беспрекорен, нема грешки - те тера да тупкаш со ногата, да свртиш на најгласно и сите дома се собираат да слушнат што сум пуштил. „Да ми снимиш едно вакво CD за во кола“, ми вели жена ми. Син ми, 16-годишен пубертетлија чии другари редовно ги слушаат (нај)горе споменатите имитации на музика, на својата Фејсбук страна како најомилена музика ги посочува Dire Straits, Eric Clapton, JJ ... Сум го научил и по нешто добро, изгледа. :-)
Скок на видеото (YouTube) после брејкот, звукот е со пристоен квалитет.
Внимание! Пуштете на најгласно! И направете си место на подот за тупкање во ритам ...
- 16 коментари
- Повеќе
- 2599 читања
Умре Џеко
Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, на педесет годишна возраст почина од инфаркт, во својот дом во Лос Анџелес.
Изворите велат дека кога докторите пристигнале, тој повеќе немал пулс.
- 24 коментари
- Повеќе
- 3155 читања
Шитовизија 2009
"Со косите поголеми и панталоните потесни отколку на чудовишна пудлица која обожава висока мода, 'Некст тајм' го вратија лигавиот глам-рок и пет пари не даваат кој ги гледа. Во обид да ги изведат работите во Џон Бон Џови стил, близнаците Мартин и Стефан навистина наидоа на нешто: изглед и звук подготвени за рехабилитација. Видеоспотот во стилот на 80-тите, направен од некој опасен режисер, ја носи пи-ар пораката: 'Некст тајм постојано настапуваат на концерти низ Македонија и учествуваат во хуманитарни проекти'", напишал Пол Мекинс за нашите евровизиски претставници.
- 2 коментари
- Повеќе
- 2651 читања
Dj Aprilia - Дева Марија
Овој перииод направив две песни, мелодичен транс
Сакам да слушнам оцена и било каква критика
Посебно од вие што сакате вистински транс
Ова е првата песна
Dj Aprilia (скопје) - Дева Марија
- Додај нов коментар
- 2718 читања
Ојде јабана Дино Дворник
Испратено од fLeX на 7 септември, 2008 - 21:08Шо знaм што не ме чуди,а морам да признаам дека и не ми е гајле. Му знам една две песни, и тоа е некоја чкартологија.Сепак, тоа сум ја и мојот вкус:)
http://www.jutarnji.hr/vijesti/clanak/art-2008,9,7,,132467.jl
Да не преведувам...
- 13 коментари
- 6717 читања
Ana Never и Mooger Fooger во клубот Кастро, by plagij.at
Испратено од dusheque на 20 март, 2008 - 11:17Месец дена апсолутен мрак во Скопје. Откажани еден куп концерти (меѓу кои и bor.FEST 1.0 на кој толку многу му се радувавме), неколку од нив префрлени на локации кои што воопшто не одговараат на природата на самата свирка (ама што да се прави?). Единствениот вистински концертен клуб во градов затворен.
Туку, доста размислуваме на таа тема. Тоа нека остане само лошо минато. Време е да се спремате за повторното отварање на клубот Кастро. Казната наречена 30 дена неработење завршува на 04.04., а веќе наредниот ден (05.04.) би сакале да Ве поканиме на концертот на Ana Never (Суботица) и Mooger Fooger (Скопје). Почетокот на концертот е закажан за 21 часот, а цената на влезницата е 150 денари.
- 8 коментари
- Повеќе
- 4925 читања
Zemlja broj 9 и White Noise in a White Room во клуб Кастро, 23.02.2008
Испратено од dusheque на 12 февруари, 2008 - 14:53Одлично е чувството кога се објавува вест како оваа. Среќни сме што можеме да ве поканиме на едно необично патување низ вселената. Концерт кој ќе изобилува со post rock kraut бука, буриња, апарати, аналогни синтисајзери и delay-и.
- 1 коментар
- Повеќе
- 5143 читања

Последни коментари
пред 1 ден 25 мин
пред 1 ден 2 часа
пред 1 ден 11 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 4 дена 10 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена