Мобилни

100 за 100, 200 за 200....ааааа нема шо

Одаааамна така си се мислам и си викам: Колку е, толку е, шо да праам, пак ќе ги активирам услугите. Погодувате веќе нели, тоа се опциите на Т-Мобиле Македонија 100 за 100 и 200 за 200. Е се ќе беше у ред и ич немаше да сумњам, ако и за овие „услуги„ кои ни ги нудат на нас при пејд корисниците ако после секој разговор вклучен во една од овие услуги, ни доаѓа нормално - известување. Значи со самото тоа што не ти доаѓа сметка по користењето на разговор во оние 200 за 200 остава простор за сомнеж. Ај да не биде исто кај она 100 за 100 за време на викендите, ти доаѓа сметка, ама нон стоп онаа истата што ти останала на сметката откако ти зеле веќе 100 денари за активирањето на таа услуга. Ама пак никаде го нема салдото до кај си стигнал со потрошените 100 за 100 или 200 за 200. Е сеа нормално на сево ова некој од Т-Мобиле може да ме демантира со тоа што ќе каже дека ова се услуги кои само по наше барање се активираат и салдото може да се провери ако се јавиш на оператор(норламно 3 ден/мин).

iPhone Македонска тастатура

Од сега можете да пишувате на вашиот iPhone и на кирилица!

Домашно видео кое разорува!!!

Можноста за снимање кратки видеозаписи, која се вградува во мини-уредите е започната без некоја посебна најава во индустријата. Многу луѓе кои имаат вакви уреди ретко ја користат таквата технологија, многумина пак не знаат како да ја вклучат, а некои дури и не знаат дека воопшто ја имаат.

МобиМак - happy-hour

Мобимак синоќа се поремети!! Сите при-пеид корисници можеа да праат муабет беспари...

Батерии за мобилни телефони, се што сакавте да знаете

Батериите за мобилните телефони доаѓаат во различни видови, облици и изведувања. Постојат батерии кои воедно имаат улога на дел од куќиштето на телефонот, додека некои се поставуваат под поклопецот. Некои се фиксно вградени во телефонот и не се предвидени за љубопитни очи.
Најраспространети видови батерии се NiMH, Li-Ion или Li-Poly. Ако не знаете кој вид на батерија поседувате, исклучете го телефонот, одвоите ја батеријата (доколку е тоа можно) и прочитајте ги податоците од налепницата.

Пред да ги размотриме поединечно видовите на батериите, потребно е да се запознаеме со основните поими.

Мобимак веќе нуди roaming со припејд пакетите

Верувале или не, иако велат „наскоро“ фактички веќе има roaming за МобиПлус корисниците.

И пак Мобимак

"Od: Mobimak Poccituvani, Ve izvestuvame deka od 12.09.2002, 00:00, uslugata PROVERKA NA SOSTOJBATA NA SMETKATA na brojot 0706625 ccini 5,00 MKD od povik."

Nokia сеуште број 1

Финскиот производител на мобилни телефони Nokia продолжува да доминира на пазарот и тоа се поубедливо. Кликни на читај повеќе за комплетните резултати од последното истражување на пазарот.

Една анкета на Мобимак начин

Денес во вестите на Сител во 18:00 господинот Латас ја најави „најобјективната“ анкета за популарноста на политичките партии. Во најмала рака е дискутабилно ова сондирање на јавното мислење, кое граѓанинот ќе го чини 2 леба + ДДВ

Петнаеста порта, олесни го мобилниот за двестотина денари...

...автомобил, компјутер, Тв, ДВД, сето тоа е на дофат на вашата рака, не чекајте, започнете ја авантурата ... отприлика вака звучат оние од МобиМак, а народ ко народ, посебно нашиот, верувајќи дека конечно среќата ќе му се насмевне, ќе ја започне авантурата и кога конечно ќе ја помине последната порта и ќе си ја провери состојбата на својот мобилен , ќе свати дека отишле 200 ден. од кредитот, појела маца, упсссс појео Мобимак.....

Агрегирање содржина