6 јули, 2008 - 06:52
[веб кирилица] |
Правда
од kaktus на 23 јун 2008 - 16:30
"НЕ МОЖАТ ТИЕ ДА ЕБАТ КОЛКУ ШТО МОЖЕМЕ НИЕ НА КРЕПИМЕ" Изгледа некој ова го слушнал или прочитал па сега се труди да се насити. Ова го пишам под тема правда оти стварно нема правда и лезет повеќе, а можи и требаше да биди под политика или ... нема врска под што требаше да биди. Ајде народе до кога вака АЛОООО 80 денари литар бензин, па ајде до кога ке седиме и ке си велиме море море шо ни напраја, ајде малку пример од Франција каде за еден донесен закон шо не им беше по мерак го запалија цел Парис. Па ајде јас ќе одам на работа со точак, ама има луѓе кои вадат леб од транспорт на кои им е неопходно да возат, а да не правиме муабет за тоа дека ке поскапи се останато зошто се е поврзано со транспорт. Да се разбериме НЕ СУМ НАКЛОНЕТ КОН НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА И НЕМА ДА БИДАМ, ама ало Грујо ветуваше брда и долини ајде сега откажи се од тие ТРИЕСЕТ И КУСУРО скоро ЧЕТРИЕСЕТ денари од ЛИТАР бензин, или не мора да бидат толку нека биди половина од тоа или така нешто оти то е еден од начините да се намали цената на бензинот, ДОКАЖИ ДЕКА МИСЛИШ НА НАРОДОТ ПРЕМИЕРЕ кога веќе цената на берзата е висока Владата можи да биди амортизер и да се откажи од некој денат од ќарот и да не умираме. Ајде дајте малку луфта оти буџетот е полн и за разлика од лани ова време има 35% повеќе влез на пари и повеќе ЌАР за сметка на тоа НАРОДОТ е ЗИЈАН.
од Незнаен јунак на 24 апр 2008 - 00:18
Преземено од Вечер [vecer.com.mk] __________________ Македонците притворени во Хашкиот трибунал, заедно со притворените Срби ќе добијат печење и колачи на Велики петок (?!), денот на најголемиот православен пост, бидејќи катеринг службата во Шевенинген функционирала само за време на работни денови од неделата!
од Незнаен јунак на 10 мар 2008 - 14:26
Преземено од Вест [vest.com.mk] __________________ Мобинг е специфичен облик на однесување на работното место, кога една личност или група, психички (морално) злоупотребува и понижува друга личност, со цел да го уништи нејзиниот углед, чест, достоинство и интегритет, се додека не се елиминира од работното место. Жртвата на мобингот е беспомошна и не може да се одбрани. Тоа се случува најмалку еднаш неделно во континуитет шест месеци.
од dimitar27 на 17 дек 2007 - 11:22
Преземено од Badmotherfucker [badmotherfucker.blog.com.mk] __________________ Еден поглед на човековите права и слободи во Македонија Само што гледав дел од вестите на СИТЕЛ, покажуваат како полицискиот тим АЛФИ синојка направил рација во Мавровка и легитимирал но и претресувал секого што ќе сретнел, дали низ ходниците, или во кафичите.Ги претресуваа и кафичите „до коска“ барајки дрога или оружје. И најдоа нешто ситно, марихуана, по некој пиштол и некое лице кое се барало по потерница од нашите судови.Нејсе . . . Иако не се согласувам во целост со вакви полициски акциии и не се согласувам државата и градот во кој што живеам да подсетуваат на воена зона со маскирани и со автомати наоружани полицајци, сепак тоа несогласување не е повод за овој пост. Поводот е многу посериозен и задира целсоно и длабоко во човечките права и слободи, особено во правото на приватност. Елем, додека одеше прилогот на вестите, сите до еендо од лицата кои беа затекнати во локалите па и низ трговскиот воопшто беа прикажани на ТВ без замаглување на лицето, па така можевме да видиме која цура со кого иде на пијачка во сомнителни кафани, кој „дува трава“, а Бога ми ги видовме и приведените. Ќе речете, кој им е крив ако се плеткаат на сомнителни места„“ но не заборавајте, ТЦ Мавровка е во центарот на градов, и секој има право да оди таму, тоа се дукани кои работат со дозвола и според законските прописи (така барем се надеваме, ако не е така-има за тоа надлежни во државава). Значи прашувам: Кој им дава право на СИТЕЛ а Бога ми и на МВР да ги објавуваат тие снимки, и ако веќе ги објавуваат, како СМЕАТ да си дозволат да не ги затемнат-замаглат лицата на лугето на снимките?!? Да не заборавиме дека и они кои беа приведени по потерница се недолжни се додека судот не го докаже спротивното. Ајде за тие и некако (иако не смее ни тоа) но што за „норамалните“ луге кои си пијат кафе после работа во дуканот, или уште понормалните кои со швалерката си излегле на тивко местенце на една пијачка пред да одат во некој ефтин мотел?!?
од toomuchisnotenough на 21 ное 2007 - 03:58
Успехот во работата зависи од средствата што ги избираме. На пример, кофата е одлично средство за полнење вода, но не и за риболов -- за таа цел користиме мрежи.
Како што кофата е средство за зафаќање и пренесување вода, сопственоста е инструмент за зафаќање и пренесување вредност. За различни намени постојат соодвентни облици сопственост: приватна, државна, јавна, групна. Сопственичките права се одликуваат со (1) право на користење и (2) право на исклучување, односно недозволување на користење на други лица.
од PIRAT80 на 12 ное 2007 - 20:19
ДА ЈА ПОДДРЖИМЕ ПИРАТЕРИЈАТА. АКО ПРОДОЛЖАТ ВАКА ФИЛМОВИ АМИН
ДОЛУ ВЛАДААААА!!!!!!!!!!!!!!
ПРВО НЕКА СИ ГИ СРЕДАТ ДРУГИТЕ РАБОТИ А ПОСЛЕ ПИРАТЕРИЈАТА!
од vestak на 20 мар 2007 - 12:44
До сите академски граѓани во Република Македонија кои чесно сакаат да си ги завршат студиите и да си го најдат своето место под Македонсково ни сонце, пошто неверувам дека уште некој верува дека може како академски граѓанин да најде место во Европските институции, што и не е невозможно мора да се признае ама на колку од нас сите може да им се оствари еден таков сон. Точно е многу од нас после дипломирањето ќе посакаат да излезат надвор од државава, но не како академски граѓани, туку како бебисистери,берачи на јагоди,калнери и што ли уште не, искрено надевајки се на подобра заработувачка тамошно државјанство и во иднина подобар живот.
од блогбастер на 18 дек 2006 - 05:07
Преземено од Блог за психолошки работи [psiholog1.blogspot.com] __________________ Владата води медиумска кампања за да Ви укаже дека: имате право да не платите за производ или услуга доколку не Ви биде дадена фискална сметка за купениот производ или искористената услуга.
Во автобусот број 5 на ЈСП-Скопје возачите не даваат фискални сметки за билетите што ги продаваат, па решив да се возам без билет. Контролата дојде побара билет, јас немав и одлучија да ме казнат 200 денари. Извадив 500 денари за да платам казна, арно ама и контролорите не издаваа фискални сметки па одлучив да не ја платам казната.
|
|
Последни коментари