Пари и економија

Црна магија истерувал со евра оти ѓаволот се плашел од ЕУ

Колку повеќе пари ќе стават толку побрзо ќе ги из­бр­кал злите духови. Уште ги убедил дека ако стават евра, лошите сили по­бр­зо ќе избегале оти тие многу се плашеле од Европската унија и од стран­ски­ пари

Ис­те­ру­ва­чот на ѓаволи и познат бајач од Штип Сабатин Ш. (42), кој низ гра­дот и пошироката околина е познат и по прекарот Штипјанецот, из­ма­мил двајца жители на велешкото село Омарани и им зел 14.000 ев­ра. Тој им баел и им дал гаранција дека сигурно ќе бидат спасени од цр­ни магии и болести членови на нивните семејства.

Почна забивањето во земја ...

Во својата последна колумна, „економскиот аналитичар“ Ден Дончев(*) ја прикажува состојбата на државната каса. Не дека многу му верувам на драгион ни Ден (подоцна за тоа), но истите муабети ги слушнав и од друго, многу поверодостојно место - кое не сакам (и не можам) да го откријам.

Предизборна нуклеарка „Итар Пејо“

Македонија би требала наскоро да почне со изградба на нуклеарна централа, за таа да може да профункционира во 2025 година.

Ова се предвидува во Националната енергетска стратегија изработена од Македонската академија за науки и уметности, која во денешното интервју за „Дневник“, пошироко ја образложува академик Глигор Каневче.

„Изградбата на домашна нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа“, смета Каневче.

Нова сопка на планот за спас на Вол Стрит

По неколкучасовна дебата Претставничкиот дом одлучи да ги игнорира предупредувањата на Џорџ Буш, отфрлајќи го предлогот за интервенција во американската економија која е во сериозна криза.

За одобрување на планот за финансиска поддршка тежок 480 милијарди евра гласале 205, додека против се изјасниле 228 претставници. Најавено е второ гласање.

Само неколку секунди по објавување на одлуката, акциите на Вол Стрит доживеаа драстичен пад.

Нудат 10 милиони евра по цена од 5.000 долари

Локалната власт од Крива Паланка доби понуда да вложи 5.000 долари за да добие 10 милиони евра. Понудата стигна од Станка Кировска, извршна директорка на канцеларијата на ВВВХПФИ во земјава.

Кировска тврди дека организацијата е со седиште во Англија, а поседува и своја банка во Њу Касл, позната како ААС (Адвансед аутомотив системс лтд). На интернет не може да се најде ниедна организација со назив ВВВХПФИ, а под името ААС излегува работилница за поправка на автомобили и за виткање цевки.

Енергетска империја (1 дел)

Нафта, гас и воздигнувањето на Русија

Вовед

Русија е повторно назад на глобaлната стратешка и економска мапа. Таа се трансформираше од префорсирана воена суперсила во нова енергетска суперсила. Енергетските профити веќе не служат за подршка на масивниот воено – индустриски комплекс како што беше примерот во Советскиот период. Новото богатство од нафтата повеќе се претворува во путер отколку во оружје. И после шест години економски раст во Русија, има нова улога на `мека сила` која се простира далеку повеќе и подалеку од енергетските ресурси. Наместо Црвената армија, главна пробивна сила на руската сила во Украина, Кавказот и Централна Азија сега се рускиот гас и нафта како и руската електрична енергија.

поскапување на цигарите

е добро де, ќе поскапат цигарите. за не баш незначителна сумичка. и демек ќе идат тие процент денари за здрафстфо и слични срања. мене ми личи ова на нов план на политикантските и корумпофотељашки институции кај нас а и по други земји, за профит. како? ќе си продолжат со шверцање, без данок и без царини и без оние додатни денари за здрафство и сл. а ние обичниве, ќе престанеме да пушиме, или ќе продолжиме со намален интензитет на увлекуење, или ќе пуниме полека фонд на здрафство. али сигурно е едно, дека ќе го попушиме убаво и ние и нашиот месечен буџет.се кладам дека кај и да е ќе пушиме бонд од косово по најефтини цени.а пошто текстов содржи нерегуларни изрази, структурално, еве за крај да покажам дека некогаш имаф петка по литература...

Тесла, Тесла што ти требаше?

Драга јавност. Поради приватизацијата на телеком (далечната 200 и некоја) јас сега немам телефон дома. Додуше не е тоа единствената причина. Татко ми остана без работа, а четири члено семејство со месечни приходи од 13 000 и двајца студенти неможе да си дозволи луксуз. Е сега пошто ЕСМ ќе се продава не е нормално туку е факт што цената на струјата ќе поскапи. Прашањето е колку? Е НЕ Е ТОА ПРАШАЊЕТО, ТУКУ ШТО ЌЕ ПРАВАМ БЕЗ СТРУЈА !

Скапанта Софија, што си мислат тие луѓе

По дипломирањето во Пловдив(Бугарија) решив да го продолжам своето образование во Софија. Нема смисла, стигнав чак тука, а да не продолжам магистерската степен. Треба да знаете само колку голема разлика имат двата градови. Како од тука до месечината. Разлика има речиси во се, а Пловдив е втор по големина град во Бугарија. Претпоставувате дека Софиските универзитети се најелитни, барем за Бугарија. Затоа и се запишав тука, затоа што имаше добри магистерски програми. Но во еден момент, по запишувањето требаше да се сместам некаде. Требаше да се сместам во студентстки дом, но ректорот каснеше со наредбата за упис. И кога се запишав, веќе студентстките домови беа преполнети. Се уште чекам одговор од комисијата за прием. За тоа време купив неколку весници со огласи. Иииии буууум. Немате си претстава колку се кириите тука, освен оние кои живеат во Софија. Една ебена и скапана гарсоњера кошта 200 евро, дури видов огласи за кирии за трисобни станови за 1500 евро.

фрикономикс

американското министерство за правда во неделата објави дека стапката на криминалитет во сад е на рекордно ниско ниво во последните 30 години, односно откако во 1973 година е започнато со прибирање на такви податоци од жртвите на криминалот. особено е забележително што од 1993 наваму, одредени видови криминалитет имаат опаднато дури за повеќе од 50%.

денешната (26.9.05) статија на цнн дава подетален увид во целава работа, вклучително и некои од можните причини за ова опаѓање: зголемување на бројот на затвореници во сад (2 милиони), 100.000 нововработени полицајци, итн., но, професорот стивен левит во својата книга фрикономикс (инаку веќе 23 недели меѓу првите три небелетристички бестселери на њујорк тајмс) нуди едно многу поинтересно и посистемско толкување на овој интересен феномен:

Агрегирање содржина