Религија
Исус на пегла
Една жена во САД го видела ликот на Исус на нејзината пегла. Мери Џо Коуди прв пат го видела ликот вчера кога влегла во собата на ќерка и. Кафеавата флека на дното на пеглата личи на маж со долга коса. Коуди за весникот "Игл трибјун" изјави дека се надева дека нејзината приказна ќе ги инспирира и другите луѓе за време на празниците. Таа додава дека планира да ја чува пеглата во плакар и да си купи нова
- 16 коментари
- Повеќе
- 1640 читања
Севишни чудесии... или уметност наречена пирографија
Испратено од zlochko на 22 јули, 2009 - 19:12Преземена вест од А1 телевизија:
![]()
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/bogorodica-22-07.wmv&VestID=111791
Божјо чудо или природен феномен? Познатата фреска на Богородица и Малиот Исус се појави на стебло од исечено дрво, синоќа во населбата Чашка.
Дрвото се наоѓа во дворот на училиштето кое граничи со црквата во населбата. Работниците имале задача да го пресечат и со избичените талпи од него, да градат црковна трпезарија.
- 87 коментари
- Повеќе
- 4401 читања
Битката е добиена, нема храм на глупоста со наши пари!
Владата го одзема корисничкото право на Министерството за култура за користење на земјиштето наменето за изградба на црква на плоштадот Македонија и го задолжи министерството да ги стопира сите активности за изградба на црквата, а целокупната документација да ја отстапи на Македонската православна црква. Со ова решение, соопштуваат од извршниот дом, се овозможи Министерството за транспорт и врски, согласно законските овластувања, истото земјиште да го даде на МПЦ, од која ќе зависи во целост продолжувањето на понатамошните активности, и надлежноста по ова прашање.
- 6 коментари
- Повеќе
- 2860 читања
Сложни попови и во петок мрсат
Испратено од Chombe на 20 мај, 2009 - 02:01Македонската православна црква, Исламската верска заедница, католичката црква, Евангелско – методистичка црква и Еврејската верска заедница со отворено писмо до одговорните во државата, до меѓународните заедници и до јавноста, побараа да се врати веронауката како предмет за изучување во основните училишта, што беше укинат во април, годинава од уставниот суд.
- 1 коментар
- 3113 читања
Берлин одби веронаука во училиштата
Само 14,1 отсто од граѓаните во Берлин гласаа за предлогот на групата "Про-рели" да се смени законот така што учениците би можеле да бираат меѓу етика и веронаука, а муслиманите, католиците и протестантите би го учеле предметот одделно
- 1 коментар
- Повеќе
- 3122 читања
Мајка Тереза, првиот атеист светец
Испратено од Незнаен Јунак (непроверено) на 23 април, 2009 - 01:12
Каде е мојата вера? Дури длабоко во себе... нема ништо освен празнина и мрак... Ако постои Господ, те молам прости ми. Кога ќе помислам на Рајот, има таква убедлива празнина што мислите ми ги враќа како остри ножеви кои ми ја повредуваат душата... Колку е болна оваа незнајна болка - јас немам вера. Одбиена, празна, без верба, без љубов, без преданост... За што работам? Ако не постои Господ, не постои ни душа. Ако не постои душа тогаш, Исус, ти исто така не си вистинит.
- 64 коментари
- Повеќе
- 5534 читања
Кеш? Ваистина кеш!
Денешниот верски живот во Македонија е полош од атеизмот во комунизмот. Ако чистотата на верата тогаш ја гарантирал нејзиниот силен противник, денес верата ја бербатат токму нејзините безбожни поклоници и лажни проповедници, на кои кешот им е единствената религија
- 4 коментари
- Повеќе
- 2612 читања
Крај на верското образование во училиштата
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го укина членот 26 од Законот за основно образование од 2008 година со кој се овозможува организирање и верско образование во основните училишта.
Судот ја укина оваа одредба од Законот бидејќи е спротивна на Уставот, кој гарантира одвоеност на државата од верските заедници, објавува МИА.
Подносител на иницијативата е Либерално демократската партија.
- 26 коментари
- 3457 читања
Попот Пимен чита Багра и не вози џип

Морам тука да се надоврзам и на еден конкретен пример на извртување на зборови и произволно толкување. Имено, во претходната колумна на едно место реков, како и да е, било и да не се повтори, зашто како сме тргнале, не дај Боже крваво Ќе биде на камен-темелнилкот, зашто тогаш во нечии раце ќе има и лопати. Ни на крај памет не ми било да заплашам некого да седи дома при евентуалното поставување на камен-темелникот за да не добие лопата по глава, туку тоа го кажав како молба до Бога за вразумување на сите, а особено до оние поединци кои сметаа дека со својот груб и насилен настап ја бранат Црквата, да не се повтори глупоста од 28 март. Е арно, ама најпрво преку еден портал, а потоа и во еден весник видов дека со извртување на овие зборови, јас ете сум станал поборник за воспоставување на православна џамахирија и дека еве, ќе му го земам лебот и на Бин Ладен, бидејќи сум повикал на православен џихад, и тоа со студено оружје наречено лопата. Но, секогаш е така, оној што чита знае повеќе што сакал да каже авторот, отколку самиот автор што тоа го напишал. Но, му благодарам на Бога за се. Бидејќи, ако исчезнат искушенијата, кој од нас ќе се спаси?
- 53 коментари
- Повеќе
- 3658 читања
ПРОТЕСТИТЕ НА ПЛОШТАДОТ - повторно го распнавме Христос - Митрополит Наум
Испратено од Незнаен Јунак (непроверено) на 11 април, 2009 - 02:04Од Јади Бурек...
И затоа главниот протест и главната борба што треба да се води во овој свет е пред се' борбата против злото внатре во нас, затоа што тоа го обезбожува човекот. Црквата е единствена сила што собира и обединува во доброто и во љубовта. Црквата не може и не смее да биде поле за партиски пресметки и поделби
Се случија протести против локација на црква на дел од централниот градски плоштад Македонија во Скопје. Се случија и контрапротести. До тука е се' во ред. Демократско право е кој и кога и за што и каде сака да протестира. Не е во ред, и многу не е во ред физичката пресметка меѓу некои од учесниците во двете групи, неистомисленици. Без оглед на тоа кој кого и на кој начин го провоцирал и кој кого удрил (затоа што провокацијата е повеќе лош збор, а удирањето е веќе лошо дело); и без оглед на тоа дали тоа била безначајна или голема физичка пресметка. И многу не е во ред, кога е Православната црква во прашање, да се оневозможи нечие демократско право на слободно изразување на своето мислење. Да Му благодариме на Господ што сепак се' помина без никакви телесни последици по кој било. Не зборувам за душевните, од кои не верувам дека некој беше поштеден.
- 8 коментари
- Повеќе
- 2878 читања

Последни коментари
пред 1 ден 25 мин
пред 1 ден 2 часа
пред 1 ден 11 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 4 дена 10 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена