Вселена

Ворп

Луѓето наскоро ќе одат на излети во вселената

Погонот „ворп“, на кој се движи вселенскиот брод „Ентерпрајз“ и останатите матични вселенски летала во научнофантастичната телевизиска серија „Ѕвездени патеки“, еден ден би можел да стане реалност, тврдат научниците.Имено, некои експерти веруваат дека луѓето во иднина ќе одат на меѓуѕвездени излети со брзина поголема од брзината на светлината. Јасно е дека тоа нема да биде лесна задача, меѓутоа можеби нема да биде невозможна мисија, се вели во написот објавен во хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Кој зборува за Земјата?

Непознати доба после експлозивното исфрлање на материја и енергија од Големиот Бенг, Космосот немаше форма. Немаше галаксии, немаше планети, немаше живот. Длабока, непробојна темнина имаше сегде, водородни атоми во празнина. Тука и таму погусти натрупувања на гас незабележливо растеа, глобуси материја се кондензираа - водородни капки помасивни од сонца. Во овие топки гас првпат се запали нуклеарниот оган кој постоеше притаен во материјата. Првата генерација ѕвезди се роди, поплавувајќи го Космосот со светлина.

Тераформирање на Марс

Најдобар начин да го направиме Марс погодно место за живеење е да се пратат синтетички гасови кои би предизвикале ефект на стаклена градина во атмосферата на Марс. Тие гасови можат да бидат транспортирани таму или можеме да пратиме мини фабрики за производство на вакви гасови кои таму ќе се произведуваат.

Научниците и научната фанстастика одамна се занимаваат со ова прашање. Имено тераформирањето дури е и дискутирано како една од опциите за населување на Марс пред неколку години. Се разбира, денеска знаеме дека има вода на поларните капи на Марс што е поволна основа за добивање на вода.

Јас и вонземјанинот - близок контакт

Еден ден додека чекав на автобуска за да си одам дома (врмето беше ладно и бев исповиена со шалови),застана еден човек пред мене и почна да ме зјапа. Беше облечен во маица на кратки ракави и носеше кратки панталони. Си помислив, а како да не си помислам, овој избегал од Бардовци. Додека си разврзував мината и сегашности за типот (а што друго да правиш кога чекаш автобус минимум 30 минути), ми пријде и ми рече "Ти си...."т.е. го изговори моето име што воопшто не е битно во сторијата.

Теорија

Некој сега (да беше жив) можеби ќе напишеше дека мошне е интересен начинот на кој е создаден извесен огромен кратер на земјата каква што ја познаваат нејзините жители кои себе си се нарекуваат хумани, што пак е најдимензионално распространет виц во вселената. И тоа доста добар виц, ако може да забележам.

Хармонија на сферите

Откритието на живот надвор од Земјата би ја трансформирало не само нашата наука,туку и религијата,нашиот систем на верувања и целиот наш поглед на светот.
Зашто,во извесна смисла,барањето на вонземски живот е,всушност,барање на самите нас-кои сме ние и кое е нашето место во величествениот простор на Вселената.

No Fate But What We Make?!

No Fate But What We Make... Оваа фраза не е измислена ниту од мене, ниту пак сум ја прочитал во некое дело на Ниче или Сартр. Ова се зборови на Сара Конор, главниот лик на Терминатор 1 и 2.

Слободните размислувања... the answer to all things

Дали понекогаш додека лежите и се ѕверите во таванот сте почнале да размислувате на некои теми како на пр. колкава е вселената или нешто „потешко“ - како функционира човекот?

Ај у ПМ што сум јас?

Секој ден се будиме, си го изживеваме денот, и воопшто не не интересерира како сме се помрднале од креветот до вратата, како од 2 часот дошло 3, како светилката светнува итн. Дали некогаш сте размислиле како сево ова функционира и дали всушност сето ова има некаква смисла. Дали некогаш сте размислиле дали има и колку има помали составни делови на атомот. Дали можеме секогаш да навлегуваме понатаму и понатаму во него, и никогаш нема да стигнеме до некоја граница?

the spirit... answer to all things...

Ова текстот за се и ништо, текст за онаа работа која се нарекува Дух. Размислете за следново: што ако времето, онакво какво го знаеме и дефинираме ние, тече наопаку (!?) Тогаш доаѓаме до заклучок дека во т.н. древни времиња луѓето биле многу понапредни од нас и биле `маѓепсници`, или можеби само го кантролирале развиениот дух. Така тој опаѓа со развој до ден денес, а науката и техниката се развиваат само поради парите, се до денот кога наместо на крајот, ќе дојдеме на почетокот. Тогаш се случува имплозија, која во друга димензија представува експлозија, и се почнува одново.
Агрегирање содржина