xXx

Перспективи 2

Се случи пред неколку дена. Вторникот вечерта. Како оттогаш да поминал еден месец. Немам дупки во памтењето, скоро и да не пиев, повеќе се временски криви – моменти траеја со часови, цели денови, потоа бордо темнина со мирис на омекнувач и секс. Уште ја осеќам, до толку ми беше досадно.

Забавата заврши доцна, околу 3. Вечна седенка со вечните лица, досадни. Останавме со Анка и Станка, тројцата, почнаа повторно да го тупат по којзнае кај пат слабостите и глупостите на „другите“. Кончено осетив малку тишина, и двете ги подмешнуваа чашите, небаре вежбаат ватерполо со мушички. Анка пак закука како никој не ја сака. Стана да си оди, а мене ме мрзеше со прст да мрднам дека надвор ладно, а знаев дека оваа ќе ме тера да и помагам да раскрева, па палев цигара една за друга, чекав да и се приспие да не се малтретирам и да си одам. Стално праам така. Стандард финта.

Перспективи

Вчера се случи. Вчера вечерта. Како оттогаш да поминале десет дена. Немам дупки во памтењето, скоро и да не пиев, повеќе се временски криви – моменти траеја со часови, цели денови, потоа бордо темнина со мирис на омекнувач и секс. Уште го чувствувам, на косата ми се налепил веројатно.
Забавата заврши доцна, околу 3. Вечна седенка со вечните лица. Останавме со Анка и Владо, тројцата, си ги повторивме по којзнае кај пат слабостите и глупостите на „другите “. Си поседовме така во тишина, секој ги подмешнуваше своите мисли во чашата - кој вино, кој коњак. Анка беше нервозна, повторно, и повторно поради љубов. Владо, не знам за него, но не стана да си оди со неа, остана да ми помогне со станот, остана зашто надвор зимата убиваше животинчиња и бездомници и зашто сакаше да испуши уште една. И уште една. Секогаш останувал од глупави причини, секогаш заспиваме по фотељи...

Не добивме покана за НАТО - животот продолжува!

Последните денови се насетуваше каков ќе биде исходот од непримањето во НАТО,а поупатените стручњаци верувам одсекогаш знаеја каков ќе биде исходот но мудро молчеа кога виша сила е во прашање. Сепак во спорењето и расправиите по медиуми, во приватниот живот меѓу луѓето на крај излегоа во право тие што тврдеа дека со Грција слично како Палестина и Израел скоро никогаш нема да биде решен проблемот со името и дека името не е клучниот проблем туку зад него се кријат други намери, а тоа е да не постоиме при тоа грците веќе се уиграа на континуирана силна кампања против нашиот идентитет. И затоа е во ред написот во ВЕСТ дека ни се наш единствен “вистински“ непријател.

Ова не смее на никого да му се случува!

Ова не смее никогаш на никого повеќе да му се случува во иднина. Зашто? Обрнете внимание на едно од многуте скандалозни искажувања на еден наш човек

www.vest.com.mk

ОРДАНЧО ПЕЦОВ ОД НЕГОТИНО, МАКЕДОНЕЦ ЗА ГИНИС
Конкурирал на 300 огласи и уште е без работа
Орданчо по професија е дипломиран правник, магистер по криминалистички и кривичноправни науки. За работа конкурирал во сите можни министерства и во половина од општините во државата, но никаде не му успеало да се вработи

Пресот на Камчев спас на ФК Вардар

Преземено од
http://www.sitel.com.mk

[b]Последните превирања во ФК Вардар денеска кулминираа со прес конференција на која сопственикот на Холдингот Орка Спорт , Орце Камчев се промовира како преоден претседател на ФК Вардар официјално впишан во централниот регистар. Камчев најави за 7 дена Изборно собрание на црвено-црните во организација на Иницијативниот одбор потенцирајќи дека ФК Вардар од сега нема да има сопственик, туку ќе биде Здружение на граѓани.

Подобро 400.000 сложни Македонци отколку 2.000.000 продадени!

Ја поздравувам изјавата на Јанко Илковски денес на СкајНет ТВ.
Подобро да сме 400.000 до милион Македонци, но вистински и сложни. Да си се очистиме и расчистиме самите кои на што сме. Нека си ги земат пасошите и нека бидат што сакаат, ние квалитетните ќе си останеме овде свои на своето до гроба.

Олигарсите се нужно зло!

Преземено од forum.com.mk

Орце Камчев, генерален директор на Орка холдинг

Олигарсите газат сè!

Орце Камчев е соговорник кој секогаш е интересен и има нешто ново да каже. Со него разговаравме за актуелната бизнис-клима во Македонија, за плановите за новата болница, за бизнисите на неговата фамилија…

Форум: Дали себеси се сметате за транзициски богаташ?

Камчев: Богат сум со пријатели и семејството. И материјално, што не е спорно. Не знам како ме доживуваат луѓето однадвор, но јас сум апсолутно горд што во општествената транзиција на капиталот, или грабежот на деценијата, немам учествувано со ниту еден милиметар.

Интернет сајтовите како најмодерен начин да си најдеш партнер!

Да ги набројам интернет сајтовите за кои имам чуено и некои од нив и користено. Тоа се: Полјубац.урбае.ком., Лове.цом.мк, Дате.ком.мк, Хајбалкан.ком, Хај5.ком, смоква.ком и други.
И нормално секој има право зависи какви пориви има и како се чувствува да си бара од чатување, дружење па до сериозна врска и брак. Забележав една работа која можеби е засега наш менталитет можам да кажам за голема жал. Се работи за тоа кога ќе даваат лицата податоци за себе сретнувам големи нелогичности каде жена бара маж или само пријател, а дава услов т.е. става граница и тоа звучи вака, а во цивилизираниот свет љубовта нема граници кога се работи за годините, а претставувањето е вакво:

Само мотиката ќе не спаси како народ!

Слушам разни типаци овде на баграва ептен бистрат политики. Секој е паметен, секој се знае. А бе земајте тоа мотиката и вратете се на напуштените ниви. Доста беше вадење од типот не сум модерно опремен со модерна техника па затоа не можам. Е па прво се почнува со мотика, па после доаѓа награда за твојата работа и ти пристигнуваат средства за модернизирање во обработката на земјиштето.
Еве прошетајте само низ скопските селски подрачја, од Сопиште па до Долно Соње и понатака, се е напуштено, запустено. Немало вода? Пак вадење за мрзливците. Па ќе направиш бунар и ќе наводнуваш. После бунарот доаѓа водоводот. Секако ако тие што ги поседуваат нивите се вредни луѓе.

Македонецот што побрзо да се спаси од изумирање!

Мора без многу размислување да му се приклучиме на професорот Славе Ристовски во неговата иницијатива и што формирал такво здружение.Ова е голема работа и секој што е патриот треба да се приклучи. Нека не се грижат другите заедници ама ние мораме да опстанеме и да не има, а вака засега не оди и крајно време е да се преземе нешто и на дело.Ако е потребно ќе организираме средби различни возрасти од двата пола што се осамени да се сретнат на некое летување во Охрид или некој ски-центар и каде има машко таму и девојка ќе местиме дали во просторија или кај што е жичарата(ова важи и за учесниците во проектот), сето тоа ќе биде уз игра, но со цел да се зближат и научат да дружат повеќе, а вака оваа цивилизација во трка за пари не оттуѓува.

Агрегирање содржина