Поезија

Роза за откинатата Роза

Сите ние луѓево сме различни, но меѓу нас има и некои што се многу поразлични од другите. Мнозинството „нормални“ луѓе најчесто забораваат на оние кои што не се такви, на оние што се хендикепирани. Да се потсетиме на нив барем денеска, на Светскиот ден на хендикепираните.

БЦ поезија

ПОВИК

Ветрот шумоли и ни мрси коси
дури стоиме на могила пресна,
со мисла темна тага што носи
и омраза в срце жолчна и бесна.

Во ушите уште глас нејзин ни ѕуни
што во борба вика, буди желба смела,
нејзиниот поглед уште не бодри,
ни играат пред очи нејзините дела.

СТУДЕНО

СТУДЕНО

Илузија во фантазијата
и фантазија во илузијата
создавав беспрекорно
И несекојдневно упорно
и немо безначајно
со тебе стоев
на ова тло од ѕвезди,
вештачки ѕвезди
на катран-небо

И како отпушок горчлив
аморфно се стопив
и осамено се опив
од самотијата верна,
доследно верна,
и верно верна

И напаст станав
во одлуката своја
во одлуката да бидам
единствено твоја
во овој синџир
без ниедна алка
кој, сепак, ме врза
за илузијата од бајка...

И ете ме, стојам,
и мразно молам
да прекине ова
преполно,
Ладно
и
испразнето празно
оти почнува веќе
премногу да ми студи...

03:00 A.M.

03:00 A.M.

Чудни вибрации за прекршена тишина
додека ригидноста на креветот
ја поднесува мојата телесна тежина
И мракот стана светлина
во часот на вампирите

Потоа слатко искрадување од сонот
за допир со реалноста луцидна
И продлабочување низ свеста за минатото
како крт низ своите ходници
во ровката земја

Сега без сознание
дали да се благословува или проколнува
оваа желба убиствена,
кога никогаш не ќе се допре
трансцедентноста на еден
најпосакуван апстрактен поим
и сликите пред мене се само илузии
од нечиј психо-екстериер

а јас - реинкарнирана Пандора
ги сносам последиците
за нашата Утопија
што отворајќи една кутија
само привидно додадов уште земно зло
покрај она, веќе постоечкото...

Триесеттина мои животни поуки... Читајте и коментирајте... Која ви се допаѓа најмногу?

1.Довербата е кршлива работа. Внимавај на кого ги кажуваш своите тајни.

2.Не подлегнувај на празни лаги.

3.Секогаш во животот постои избор за сé. Треба само да се одлучиш за вистинскиот.

МАЗНО ДРВЕНА СТУДЕНА ЉУБОВ

МАЗНО-ДРВЕНА-СТУДЕНА-ЉУБОВ

Трансцедентално се топам
низ федерите
на креветов дрвен
на креветов студен,
на креветов блуден,
од твојата љубов,
железна љубов,
љубов без љубов...

И аморфно се губам
под креветов презрен,
под креветов лажен,
и лажно мазен,
и мазно студен,
ко твојата љубов,
ох, дрвена љубов...

Супституција

СУПСТИТУЦИЈА

Се претвора ли ракава
во бледа инвестиција
во залудното напрегање
на за'рѓаните зглобови

Се претвора ли собава
во мрачна пондила
во залудното чистење
на метафизичкиот измет

Се претвора ли главава
во шуплива тиква
во залудното ли мислење
и тивко јадосување

Се претворам ли јас
во јалово дрво
и ништожни остатоци
на изгорена пепел...

Болки

БОЛКИ

Како ли да се заборави грутката
на средината на грлото
кога постојано ме потсетува дека е тука
додека голтам
и дишам

Или може ли да исчезне
вшмукувачката халуцинација
на жилетот што резба
по кожата на моите подлактици
тестирајќи ми го прагот на издржливост

кон сосот од неподносливост
на семињата болки...

Ќе пресушеа ли очиве
ако до сега не беа сторени
седум океани од нив
и не знам колку мориња
за секој по нив да броди
пред вителот на ураганот

Ќе се зацврсти ли
кревкоста на шишето доверба
што лесно се крши
а скапо се плаќа

и ќе дојде ли ден
да се роди панаѓур на апстрактни нешта
па да можам да си купам
малку љубов на лижалче
за да се облажувам
кога ја немам...

и ќе прерасне ли реткоста во честота
па да има повеќе луѓе
а помалку ѓубре...
смрдеата во парфем да се претвори
за помалку да ме болат синусите
кога намирисувам

и нека се врати назад времето
за пак да сум палаво, но безгрижно дете...

Гурман

ГУРМАН

Лузна до лузна
на ова пилешко месо

зачинето и меко

вкусно ли,
или не,
ти си тој
што треба да каже...

Проклетството на очите

ПРОКЛЕТСТВОТО НА ОЧИТЕ

Проклети ми се очите
кога не гледаат ништо

Проклети ми се очите
кога нон-стоп спијат

Проклети ми се очите
кога гледаат се
и тоа што треба
и тоа што не треба

Проклети ми се очите
кога се огледало на душата
та секој ѕирка во нив
и ми краде дел од неа...

...каде ли ги ставив очилата за сонце?!

Агрегирање содржина