Раскази

Сон

Иритирачкиот звук на алармот ме разбуди. Со едно отворено око проверувам каде сум. Истиот ѕид, истиот прозор. Истото парче небо оградено со згради и гранки кои го сечат. Мрзеливо станав.
Го пробав кафето, немаше вкус, го пробав тостот, ниту шунката ниту кашкавалот не ме мотивираа да продолжам да јадам, па тука заврши мојот појадок. Станав се облеков набрзина и трчајќи влегов во автобусот.
Обичен пролетен ден. Свеж воздух ми ги полнеше градите а сонцето срамежливо се појави на хоризонтот. Следната автобуска станица беше пред паркот. Без некаква причина се симнав од автобусот и тргнав накај паркот. Се јавив на работа дека денес нема да одам. Ја раскопчав кошулата и зедов длабок здив, ми годеше. Шетав како да знам каде одам, ама само се преправав. Видов ливада која сонцето само што почна да ја открива, па ми изгледаше важно да го гледам тој чин. Легнав и зјапав во небото, обидувајќи се да најдам поврзаност помеѓу облаците, зошто и како се движат. Уживав во безредието на облаците и топлината на сонцето.

Немав попаметна работа, па напишав нешто

- Може да почнам? Ајде. Добар ден јас сум Жан Жак, ова е некоја ТВ станица и јас сум пијан. Да си пијан, значи колку е само добро чувството. Немаш грижа и едноставно не си на земјава. Денгубиш по градот на улиците, 24 часа пијанство. Кад тад повратиш малку од желудникот, ама ништо страшно, се чувствуваш уште поубаво. Музиката, ми се чини кога сум пијан дека ми е страшно грозна, како некој да ја убил Евтерпа. Секое тонче е игла која боцка во моето уше, не е мамурлак, ја ил сум пијан ил сум трезен, нема пред и после ефекти. Да знаете дека кога пиете мора да пиете нешто домашно, комерцијалното е чисто срање, домашно вино или ракија, нема подобро.

По патот поплочен со гомненици

На првиот свиок после контејнерот, кој го спојуваше паркингот преку неколку метри калдрма со патот, веќе се забележуваа гомната во празнините меѓу коцките. Беа убаво истапкани, припитомени и троа исушени.

Патот беше полн, сообраќајот густ, колите брзи а возачите мизерни. Гомната се валкаа по патот, завземајќи позиција централно засебно на секоја лента, некаде помеѓу патеките на тркалата на брзите коли. Имаше гомна и од двете страни на патот, кон краевите на коловозот и издигнатоста на тротоарот.

Пеколот на агентите

Силен ветер ги разигруваше брановите и го заплискуваше бетонот на пристаништето во Анкона. Крај 14-тиот док на свежо офарбаната клупа седеше еден старец. Со проседа коса, со обични очила, и излитен мантил го разлистување дневниот весник.Навидум заинтересиран за содржината изгледаше како секој нормален минувач во преполното пристаниште. Но со крајот на очите внимателно и будно го следеше секој чекор на присутните минувачи. размислуваше за последната порака.Неговиот стар пријател од Амстердам го извести дека ке се случи нешто што мора да биде проследено од нивната агенција и треба да бидат на местото на настанот.Немаше време да се активираат помладите а и повитални агенти , па мораше тој да го изврши следењето.Во пораката беше известен дека четири платеници, кои најверојатно ќе бидат преоблечени во градежни работници ке се сретнат со Х особа и веројатно ќе го егзекутираат.Нашинот не го знаеше а и не беше важен.Агенцијата требаше да биде во тек со престрелките и чистките во подземјето. ,,Проследи и извести,, . Тоа беше неговата мисија. Никакво вовлекување, никакво мешање. Ова требаше да биде ,,нема,, акција.

Сеир

Не е моја Месечината, и затоа нема да им судам на паднатите круши под наведнатите дрва за масакрите на нашата етика и сфаќањето за револуцијата... Нема да и се предадам на темната страна на Месечината како што не се предавам на темната темнина туку молам за една точка згустена светлина, неправилна во ова време, но хранилка за моето его. И не мачете се да сфатите зошто воздухот нема боја, а обидете се да ја откриете бојата на вашите мисли... И ако не ја откриете, обоете ги со светлоста од вашите зборови... Можеби тогаш ќе се најде преведувач за лошите емоции и искривените вистини... А до тогаш, Месечината нема да биде моја, како што и Земјата не е своја...

Песната на слепиот канаринец

Сте ја слушнале ли некогаш песната на слепиот канаринец?
Песната, прв и последен(?) пат ја слушнав кај "човекот" чие име нема да го споменам, само затоа што тој "човек" не заслужува да има име.
Отидов кај него да купам канаринец за дедо ми, кој откако остана сам, почна да чува дома разни животинки.
-Колку да не сум сам, а и да имам муабет со кого да си направам -беше неговото оправдување.
Се поздравив со "човекот" и додека влегував во просторијата каде што ги чува птиците, слушнав продорен пискот од канаринец.

Рацете на баба ми

Беше пладне. Јули месец. Сонцето, високо на небото, не изгледаше како жолт круг, а како растопено парче железо, усвитено до бело сјаење, пеколна бела дупка од усвитен метал што се прелива врз небото и ја гори синевината, прави дупка во неа, усвитена бела дупка, заслепувачка празнина од која болат очите. Се беше тивко. Птиците се беа притиснале до стеблата на дрвјата, во најдлабоката сенка, а скакулците се беа испокриле низ тревата, безгласни од големата горештина. Од време на време ќе се чуеше топотење и брмчава на некој трактор по црниот пат до нивата, како доаѓа и си оди полека, завиткан во облак од жолт прав и песок. Потоа пак само тишината. Понекогаш се чинеше, ако се заслушаш внимателно, ќе ги чуеш усвитените зраци на сонцето како го параат воздухот.

сама..

се собраа сите околу неа..
таа ги гледаше уплашено со некој далечен поглед..
што ли размислуваше во тие моменти???како се справуваше
она мало главче со сите непријатности кои демнеа од околу???

на тортата пишуваше:
"среќен роденден Моника"...
сите и велеа да си замисли желба..
а што би посакало девојче кое знае дека за некои
десетина дена би требало да игра и пее со ангелите на синото
бескрајно небо..сама..без мама и тато..сама..

сепак посака желба..не посака да живее..

Црно-бело

Утрото се разбудив со некоја многу битна потсвесна мисла на ум која за жал ја заборавив при самото будење. Да се видев во огледало во тој момент ќе видев очи како зјапаат во недоглед. Но не станав од кревет туку само седев со грбот навален на ѕид. Да станев ќе го изгубев тоа чувство на заборавеност кое е всушност моментален и краткотраен миг на апсолутен мир во мислите. Тоа е кога човек мислел на нешто и одеднаш мислата испарила за да остане само празен ум. Тогаш се сепнав. Станав и се облеков. Не ни се измив. Ниту па јадев. На брзина го истегнав кабелот од телевизорот, технички го намотав двапати околу лактот и дланката, го подигнав и го симнав по скали. Сам. Како магаре го м`кнев надоле за да не ми избега истиот дечко кој секое утро буричка по ѓубрето и качува се и сешто на неговиот крпен точак. По една ќеса на двете рачки од гиданот и ита кон неговата база да се растовари и да го сортира пленот.

1. Утро

...ги отворам очите и гледам одблесоци на прозорците од соседните згради.
Значи, утро е.
Жолт колаж од есенски лисја ме пречекува низ прозорецот.
Значи, есен е.
Очиве ми се потечени.
Значи, долго сум спиел.
Се обидувам да станам од креветот, ама некој невидлив чекан по глава ме заковува назад.
Полежувам уште малку. Сакам уште малку, ама сеќавам некоја мачнина, се потсетувам дека оставив утрово да се сетам на неа, барем добро да отспијам. Веднаш ме пречекува...

Агрегирање содржина