GNU / GPL
Еве бе, ги фалам
Испратено од judge на 4 октомври, 2007 - 14:13Ете, да не се наљутат дежурните, сега ќе ги фалам.
Значи, го слушам на радио у кола министерот Јанакиески како се фали со „електронското издавање на ЦЕМТ дозволи“. Демек, се отстранил човечкиот фактор во процесот на издавање и со тоа се намалила можноста за коруптивно однесување.
Свака част! Мислам дека уште на неколку места (во издавањето на места во студентските домови) се воведе слична работа и воглавно добро функционира. И скоро сум сигурен дека иницијатор е токму истиот министер.
- 11 коментари
- Повеќе
- 2804 читања
Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]
Испратено од дамјан на 11 септември, 2007 - 21:08Овој 15 септември (сабота) пак е „Ден на слободниот софтвер“ и вашата омилена невладина организација органзира малку дружење и зезање (нормално тоа дебело го наплаќаме од даночните обврзници).
Ќе се делат дискови со GNU/Linux и слободен софтвер за Windows, ќе се инсталира, дискутира, итн - you know, for kids!
Повеќе информации и коментари за самиот настан на блогот.
- 35 коментари
- 5976 читања
Пролетен викенд со Слободен софтвер Македонија
Испратено од дамјан на 11 април, 2006 - 01:3315 и 16 април 2006 во Народна техника
Во сабота и недела (15 и 16 април 2006) во просториите на Народна техника од 11 до 21 часот ќе се одржи третиот инсталационен фестивал на Слободен софтвер Македонија. Овој пат, настанот ќе биде проширен со дополнителни активности. Покрај инсталирањето на слободен софтвер за посетителите ќе има и предавања, работилници, дискусии и многу повеќе...
- 10 коментари
- Повеќе
- 7100 читања
Ден на слободниот софтвер во Скопје
Испратено од ufo на 8 септември, 2005 - 18:14На 10ти септември во целиот свет се оддржува денот на слободниот софтвер. Со почеток од 12.00 часот во градскиот парк на школка Слободен софтвер Македонија ќе дели CD-иња со Убунту Линукс и со Отвореното CD. Убунту Линукс е една од најпопуларните ГНУ/Линукс дистрибуции во моментов и претставува слободен оперативен систем кој што доаѓа со сите најпотребни апликации (Интернет прелистувач, клиент за е-пошта, плеери за музика и видео итн.).
- Додај нов коментар
- Повеќе
- 5767 читања
Преведувачки маратон #3
Испратено од ufo на 5 септември, 2005 - 15:34Во организација на фондацијата „Метаморфозис“ и „Слободен софтвер Македонија“, а по повод љубовта кон мајчиниот јазик, викендот на 17 и 18 Септември 2005, 48 часа нон-стоп, ќе се трча маратон за локализација на слободен софтвер.
Маратон за локализација е собир на доброволци кои во краток временски период преведуваат определено парче слободен софтвер од англиски на мајчин јазик, во нашиот случај македонски јазик.
- 12 коментари
- Повеќе
- 5609 читања
LAMP во enterprise светот
Испратено од дамјан на 18 јули, 2005 - 08:38Linux, Apache, MySQL (или PostgreSQL), Php/Python/Perl или скратено LAMP е комплетот слободен софтвер кој е прилично популарен и успешен за правење на секакви web site-ови. Но можеби не толку во enterprise светот кој обично бара решенија базирани на Java, .NET, Оracle итн. Најчестата причина за ова е перцепцијата дека LAMP решенијата не можат да скалираат или ги немаат x, y и z buzzword enterprise можностите (кои можеби не ни биле потребни во решението на проектот). Секако тука е и масивната маркетинг кампања за Java или .NET, од дуга страна LAMP се рекламира само по word-of-mouth, од човек на човек. Нормално шефовите прво ќе ја видат TV рекламата.
- 7 коментари
- Повеќе
- 3105 читања
BSA против отворените стандарди
Испратено од ОССМ на 22 февруари, 2005 - 18:17Основните напатствија на ЕК за користење на отворени стандарди се јасни. Документот кажува „за да се овозможи интер-операбилност во контекстот на пан-европските е-влада услуги, мора да го фокусираме раководењето кон отворените стандарди.“
- 4 коментари
- Повеќе
- 2815 читања
Слободен софтвер: Убунту за Македонија
Испратено од ufo на 25 јануари, 2005 - 20:06Во случај да не знаете каде се наоѓаат овие книжарници, мапа има овде. На овие места ќе можете да подигнете еден до два диска, па ако заради некои причини сакате повеќе, пишете ни на info_AT_slobodensoftver.org.mk. Исто така, известете не ако дисковите во некоја книжарница се потрошат. :)
- 23 коментари
- Повеќе
- 5079 читања
Огнена лисица верзија 1.0
Испратено од Новица на 15 ноември, 2004 - 11:23Firefox е слободен софтвер, или ако повеќе милувате, софтвер со отворен код. Ова, покрај тоа што можете да го користите за било која намена, тоа што кодот му е достапен и можете да го редистрибуирате и делите, значи и дека можете бесплатно да го преземете од www.getfirefox.com.
- 12 коментари
- Повеќе
- 5128 читања

Последни коментари
пред 1 ден 25 мин
пред 1 ден 2 часа
пред 1 ден 11 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 2 дена 16 часа
пред 4 дена 10 часа
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 1 недела 5 дена
пред 2 недели 4 дена