Општо

Одличен клип за корените на глобалната економска криза (преземено од www.on.net.mk)

Кој не го видел, еве ви прилика: http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=E7129F275992C54B84EE18EC310CA184

Капитализам или не?

Нема поплави во Охрид, тонат планините!

Планини околу Охрид, почнувајќи од планината Петрино, Галичица, па сè до планинскиот венец кој го сочинува Јабланица на струшкиот дел, тонат, но некои и се издигнуваат. Колкави се поместувањата на планините наскоро ќе се знае, бидејќи странските стручњаци што ги вршеа истражувањата сè уште не ги имаат доставено резултатите во Охрид. Генерално, има тонење на охридскиот басен, велат во Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Истражувањата се вршени во рамките на утврдувањето на староста на Охридското Езеро. Во тимот биле вклучени американски, италијански и научници од уште неколку други земји. По професија биле геолози, вулканолози. Забележителна улога во овие истражувања имал Универзитетот во Келн, одделот за геологија. Тие вршеле и процена на ризикот од лизгање на земјиштата. Истражувањата се вршат континуирано од 2003 година. Покрај ова, се снимаше дното на Езерото и површинскиот дел на басенот на Охридското Езеро.

Ќе сурфаме на интернет додека се возиме во стари автобуси

Скопјани ќе сурфаат на интернет и додека се возат во автобус.Од идниот месец на интернет ќе може да се закачите и во автобусите во Скопје.

Проектот на почетокот ќе биде спроведен само во автобусот со број 5, доколку успее менаџментот на компанијата најавува дека ќе го спроведе и безжичен интернет ќе инсталира во сите автобуси.

„Гледајте како седам, стари автобуси, катастрофа, врата не се затвора нема ни гумички ни ништо. Дува од сите страни“, вели граѓанин.

ЏО ЏЕКСОН: ПУШЕЊЕ, ЛАГИ И ДРЖАВАТА- ДАДИЛКА

Илјадници години во Америка, и околу 500 години речиси насекаде низ светот, тутунот бил пријател на човештвото. Се употребувал за релаксација, стимулација и исцелување. Бил витален дел од социјалните и духовните обреди. Бил користен како валута. Врз него биле основани цели заедници - вклучувајќи ги, веројатно, и САД.

Чекај малку! Избриши го ова! Пушењето е лоша, гнасна навика, која речиси сигурно ќе те убие. Никој не пуши по своја волја, тоа се само патетични зависници, навлечени од зли тутунски компании. Тутунот е чума која мора да се искорени.

ВОЈНА...

Читам во денешно Време , во рубриката Хроника (ми вика сервис анавејлабл, неможам да ставам линк) за маките што си ги имале возачите од велосипедистите. Текстот напишан од новинар/ка, лаик за велосипедизам во секој случај, но барем е пробано да се даде опис на проблемот од сите засегнати страни. Проблемот е всушност многу едноставен. Тотално немање врска од страна на градските власти за конкретнава проблематика, натамошно поставување и одбележување на „велосипедски патеки“ без да се направи конкретна анализа и консултација со одредени експерти за вистинско решавање на проблемов.

Македонскиот Расколников

Нова Македонија
Карамарков

Останати вести
Честитка од Иванов до Келер по повод 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид
Бeнзините и дизелот поскапуваат за половина денар по литар
Повторно ограбена црквата во скопски Чаир
Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

Виктор Карамарков, 28-годишно момче од скопската населба Ѓорче Петров е македонскиот Раскољников кој во изминативе осум месеци убил четири жени, а осомничен и за три обиди за убиства, соопшти Министерството за внатрешни работи

А што е со македонските бранители ?

Македонските бранители да не речам мачители беа актуелни деновиве а никој ништо не рече за нив како да тоа не е битно овде иако тие се луѓето што клечеа во рововите додека ние шкрапавме на тастатури, тоа се луѓето што сега повторно се на фронт со државата а ние повторно молчиме без ниеден збор подршка или плуканица за истите.Па ке речам срамота е да гледаме како они кој крвареа за нашата ни земја да бидат тртирани како последно дупче на свирката а згора на се срамота е да гледаме како за оние рамковните се спрема амандман кој ке биде вметнат во законот за пензионерите на втора светска војна.

Општина Бутел

Dear co-citizens and others why viewed this pages,

I’m honor do you presents Web pages of Municipality of Butel. This is one of ten municipality of City Skopje, capital of Republic of Macedonia. Municipality have 36 514 habitants, majority of peoples is Macedonian and have most ethnics minority (Albanian, Turks, Serbs, Montenegrins, Boshnjaks, Rom, Valhi and others).

This Web pages I presents first time and their bee my satisfaction of first mayor of Municipality. March 16, 2005.

My primary principal is excellent Municipality and good satisfaction of people.

Information below and next of pages presents my Municipality and peoples, history, industry, tourisms, projects, infrastructure, urbanism and communal services, statistics, financial report of municipality and many more…

ПРИЈАТЕЛСКИ СОВЕТ...

Го упатувам ова до сите политички партии што делуваат на територијата на Р. Македонија. Постов е инспириран од случка што ми се случи пред половина час во бифето на една од поголемите културни установи. Имено седевме таму со пријателчиња, уметници, и дојде еден од раководните лица на институцијата. И покрај тоа што имаше во друштвото човек што не го познава, имено јас, типов се обрати со најсељачки можен жаргон за професионални работи поврзани со институцијата. Не ни стана збор за претставување и запознавање или било какви други културни манири.

Шведската црква одобри хомосексуални венчавки

На црковното собрание во Шведска денеска е донесена одлука да се одобри венчавање на хомосексуални парови во Шведската црква, јави Шведската телевизија СВТ.

Одлуката, која се заснова врз предлог на Црковната управа, значи дека Шведската црква и во иднина сака да врши венчавки - но отсега и на хетеросексуални и на хомосексуални парови, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Одлуката на црковното собрание за венчавање на парови од ист пол ќе стапи во сила од 1 ноември годинава.

Агрегирање содржина