Талент шоу

Оби - Миксче Блупринт01

Дечки ве поканувам да го стримувате или да си го скините сетов.
Тежина околу 90 мега 192 кбпс
Жанр: Прогресив/Тек/Електро

Линк: http://www.musicv2.com/artist/neno

Траклистинг:

1.) And If - Finest Dream
2.) Never Say White Rooms - Booka Shade
3.) Escape - Ozgur Can
4.) Easy - Trick and Kubic
5.) Tribute to San Fracesco D'Assisi - Lucca Ricci Ventinesimo
6.) 21 years later - PoisonPro
7.) Do you know the taste of real love - Yakov Morozov
8.) Vice- Solaris Heights
9.) Prelude - Joe T Vanelli
10.) Enjoy the Silence - Dan Daniel
11.) It's a Swede Thing - Goodwil
12.) Unpacked - Nicholas van Orton

поздрав

н.

За љубителите на пишаниот збор...

Hello... Ова не е никаква сторија, но јас навистина би сакала сите кои имаат желба и волја, слободно да објавуваат свои поеми тука, зошто морам да признаам, јас сум тешка книгоманка:))), а особено обожавам поезија, па би сакала да прочитам и нешто ваше...
Можеби на некои ова им звучи досадно, но....
Сепак, деновиве ќе се појавам со некоја нова, поинтересна темичка...

By the way, еве три мои песни, се надевам дека ќе добијам некои позитивни критики за нив... :)))

Мрежите

Мрежите

Некаде кон средината на дваесет и четврти век земјата се соочува со пренаселеност, а резервите на храна се на завидно ниско ниво. Група на мега-корпорации ја формираат Западната компанија и воведуваат нов концепт , нов начин на живот. Ја формираат Мрежата, целосно автоматизирани и компјутеризирани градови-кули т.н. полиси. Не можејќи да ги опфатат сите подрачја и целокупното население се јавува Источната компанија креирајќи уште една мрежа. Набргу целата земја е прекриена со градови-кули освен големите пустини и повисоките планини. Човековиот живот и опстанокот на човештвото е врзан за мрежите, незамислива е каква и да било егзистенција надвор од нив.

пак..

Сјаам пак.
Треперам ко дете
неверувајки на својата среќа.
Сјаам со тебе.
И низ сето тоа
сепак знам
не сме веќе оние наивни деца.
Не си тој што го знаев
и знам, не сум ни јас истата.
Како смежуркани латици
се впиваме еден во друг
за боите да сјајнат пак.
Сепак еден ореол на свежина и радост
засекогаш исчезнал од нас.

поезија под инспирација од белата ноќ

СЛОБОДА

Ноќ. Пат. Кола. И јас.
Вака создадаената
состојба на транзит
ме ослободува
да ВРИШТАМ.

ИНТИМНОСТ

Со сите ми иде
добро муабетот.
Со кого ќе ми иде
добро ќутењето?

Пеколот на агентите

Силен ветер ги разигруваше брановите и го заплискуваше бетонот на пристаништето во Анкона. Крај 14-тиот док на свежо офарбаната клупа седеше еден старец. Со проседа коса, со обични очила, и излитен мантил го разлистување дневниот весник.Навидум заинтересиран за содржината изгледаше како секој нормален минувач во преполното пристаниште. Но со крајот на очите внимателно и будно го следеше секој чекор на присутните минувачи. размислуваше за последната порака.Неговиот стар пријател од Амстердам го извести дека ке се случи нешто што мора да биде проследено од нивната агенција и треба да бидат на местото на настанот.Немаше време да се активираат помладите а и повитални агенти , па мораше тој да го изврши следењето.Во пораката беше известен дека четири платеници, кои најверојатно ќе бидат преоблечени во градежни работници ке се сретнат со Х особа и веројатно ќе го егзекутираат.Нашинот не го знаеше а и не беше важен.Агенцијата требаше да биде во тек со престрелките и чистките во подземјето. ,,Проследи и извести,, . Тоа беше неговата мисија. Никакво вовлекување, никакво мешање. Ова требаше да биде ,,нема,, акција.

Животот на кубанските хинетери (проститутки)

Прекрасната кубанска музика не ги оставаше рамнодушни ни најтмурните посетители. Околу триесеттина гости, иако малкумина странци, беа гостите на овој крајбрежен бар во Хавана. Познатата салса се играше на подиумот во,, Фимено,,. Коктелите и мартините се служеа, кубанските хинетери,како што во Куба ги викаа проститутките, повеќето облечени во тесни бели фармерки внимателно ги следеа и кокетираа со неколкумината туристи.

Сеир

Не е моја Месечината, и затоа нема да им судам на паднатите круши под наведнатите дрва за масакрите на нашата етика и сфаќањето за револуцијата... Нема да и се предадам на темната страна на Месечината како што не се предавам на темната темнина туку молам за една точка згустена светлина, неправилна во ова време, но хранилка за моето его. И не мачете се да сфатите зошто воздухот нема боја, а обидете се да ја откриете бојата на вашите мисли... И ако не ја откриете, обоете ги со светлоста од вашите зборови... Можеби тогаш ќе се најде преведувач за лошите емоции и искривените вистини... А до тогаш, Месечината нема да биде моја, како што и Земјата не е своја...

Една мравка...

Молењето не ти доликува, о, госпоѓице Мравко!!!
Молењето воопшто не ти доликува mademoiselle.
Тоа е како кисело млеко во врела чорба,
како суво какао на марокански испотени чела...
Молењето не ти доликува, госпоѓице Мравко!!!
Земи го Ганди за пример, гопоѓице Мравко...
земи миризливи глави за проба, госпоѓице Мравко...
Молењето ама никако не ти доликува, mademoiselle...
Подобро земи чаша коњак и стигни го дното нуркајќи...
Госпоѓице Мравко...
Па ти воопшто не беше воспитана така...

Дивите рози...

Дивите рози сеуште не беа зазадравиле од барањето на нивното его да ги боцкаат сите непријатели на `возвишените` со отровни бои, со отровни маски за да се скрие сомнежот дека над нив се подготвува хегемонија од најстрашен вид. Дивите рози си ја чуваа својата дивост и пакост со помош на на `возвишените`... Дивите рози беа пример за бескрупулозноста и ноншалантноста на малите изгубени семиња... семиња од кои се раѓаа оние букви од азбуката кои ги сочинуваат зборовите кои го градат текстот со кој на сите `возвишени` им е одземено правото да мислат... Знаеја и тие, тоа беше навредливо и за нив. Сепак, тие и понатаму ги мешаа боите на небесниот пудинг што зовриваше над нивните глави... Малите семиња не го чувствуваат виорот на црвените свилени костени кои одвреме навреме паѓаат врз разнежнетите слоеви на мудроста... Не го чувствуваа, оти беа само буква... Беа само еден незначаен глас... Беа, се и ќе бидат безначајни... ама сепак, на еден чуден начин... останаа силни... Ниту едно тектонско движење во библиотеките на големите умови тоа не можеше да го измени... Ниту еден излив на етика и естетика не беше мотив за нив, ниту еден атом со боја на мудрост не предизвикуваше верижна реакција... Затоа `возвишените` ги чуваат дивите рози подалеку од буквите... Тие беа `возвишени`, ја употребуваа мудроста.

Агрегирање содржина