Љубителите на сите видови финансиски катастрофи и сите добри познавачи на економската пропаст ги израдува веста дека, после повеќемесечната глобална турнеја по западот, истокот, северот и југот, Светската Економска Криза конечно дојде да го одржи својот ултра гига мега популарен настап и во нашата земја. Публиката во Србија, која уште од 90-тите години е навикната на перформанси од ваков вид, ќе може во живо да ги слушне хитовите кои за оваа светска ѕвезда ги напишаа врвните автори Дау Џонс, Лиман Брадерс, Вол Стрит, Форт Нокс и многу други креатори на најновите глобални трендови. Многубројните домашни фанови на Светската Економска Криза (скратено и нагалено СЕК) ќе се наслушаат нумери кои со месеци ги заземаат првите места на сите релевантни шит листи во многу земји во светот: „Берзица си била“, „И тебе сам сит, банко“, „Само једном се губи“, „Потсети ме шта то беше новац“ и „Пропадам ја, гладујеш ти“.
Последни коментари