До сега на Багра имаше полно текстови за дрогите, и често имаше
муабети за странските начини на решавање на работите. За да не нагаѓаме
како е таму, подолу ќе прочитате нешто повеќе за холандските закони за
дрогите. За холандските, затоа што тие се најлиберални, и затоа што
добро им оди. Неколку минути пред овој текст, односно малку подолу на
странава, има и текст од Мартин_Челопек кој ни стигна одамна во
испраќања, и кој се однесува на македонското законодавство за дрогите
(додуше има и нешто вишак, ама ај). Така ќе можете да направите споредба.
Штета само што ни фали и малку наша статистика за споредбата да биде што
подобра.
Off we go...
Најзначајниот дел од холандската политика за дрогите е The Opium Act,
закон кој ги регулира дрогите внатре во земјата. Овој закон прави јасна
разлика меѓу тешки и лесни дроги. Поседувањето дроги е престап.
Поседувањето на мали количини дроги е мал престап. Увоз и извоз на дроги
е најтежок престап според овој закон. Ова краток преглед на законот.
Законот за дроги од 1976 кој ја креираше моменталната политика немаше
цел да ги легализира дрогите, туку да адаптира политика за минимизирање
на користењето на дроги. Главната цел на законот беше да го подели
пазарот за марихуана (лесни дроги), од оној за кокаин и хероин (тешки
дроги), за луѓето кои експериментираат со марихуана да не бидат
одвлечени на црниот пазар на тешки дроги. Уште повеќе со овој закон
Холандија става јасно до знаење дека употребата на дрогите е здраствено
прашање, а не криминално прашање.
Во текст насловен Drug policy in the Netherlands од Jaap de Vlieger,
човекот е експерт за дроги од Ротердамската регионална политика,
повторно е истакната разликата меѓу лесните и тешките дроги. Идејата на
Ротердамските власти била следнава: со оглед на тоа дека лесните дроги
можат да предизвикаат мал здраствен ризик (притоа во лесни дроги се
вброени марихуаната и хашишот, и се почесто печурките, а во тешки
кокаинот, хероинот, LSD и XTC), добро би било корисниците на такви дроги
да бидат одделени и да не доаѓаат во контакт со тешките дроги. Така
малите дилери кои имале до 30 грама марихуане веќе не биле сметани за
криминалци. Ротердамските власти со тоа малите дилери ги префрлиле од
црниот на сивиот пазар. Поделбата на пазарите била завршена. Првиот
coffee-shop се родил во Ротердам.
Ова водело до донесување на политика која ќе важи за целата земја.
Така насекаде низ Холаднија има продавнички за кафе кои смеат да работат
легално. Смеат да поседуваат по 500 грама марихуана, и да продаваат по 5
грама по човек. Правилата до кои мора да се придржуваат се следниве:
- да не се рекламираат;
- да не продаваат тешки дроги;
- да не го нарушуваат јавниот ред и мир;
- да не продаваат на малолетници,
и да не продаваат големи количини одеднаш.
Понатаму текстот зборува и за XTC и неговото тестирање пред рејв
журките. Линк тука.
Она што е чудно е како меаните доаѓаат до дрога кога купувањето на
големи колични е нелегално. Сопствениците успешно внесуваат 500 грама
низ задната врата и продаваат по 5 на предната, притоа плаќајќи даноци.
Полицијата гледа на друга страна. Реакции против coffee-shop-овите има
само ако прекршат некое од горните правила. Тие не мора ни да одговараат
за тоа од каде дошле до 500-те грама. Истраги се спроведуаваат и ако
снабувач е некој криминален клан од подземјето, но секој случај се
разгледува посебно. Ова е малку двосмилен дел од целокупната политика,
но за среќа сепак таа добро си функционира.
Статистиките покажуваат дека земјата која води војна со дрогите, САД
има дупло повеќе корисници од Холандија.
На 27 јуни 2000 година холандскиот парламент гласал „ЗА“ за целосно
легализирање на лесните дроги. Целосната легализација не се случила
поради меѓународните конвенции кои Холандија ги има потпишано. Сепак
самото гласање е доволен доказ за генералниот став по ова
прашање. Дополнително секој град може точно да го дефинира својот однос
кон дрогите.
И покрај ова холандското министерство за здравство, истакнува дека:
„Користењето на дрогите не е прекршок според меѓународните договори,
нити е прекршок во Германија, Италија, Данска или други земји во ЕУ.
Сепак ова не значи дека дрогите се општоприфатени во Холандија.
Напротив. Училиштата, на пример, прават кампањи за да ги отргнат младите
од користење на дроги преку информации за опасностите од сите супстанции
кои предизвикуваат зависност, вклучувајќи го и никотинот и
алкохолот. Линк до нивните документи на оваа тема
тука.
Холандија денес е еден од најголемите производители на хашиш и
екстази. Производството на хашиш и марихуана е исто така донекаде
дозволиво - ако е за сопствена употреба и за пријатели. Но на пат се и
нови закони кои ќе ја спречат продажбата на дроги во приватни станови.
Aј доста е.
Сите холандски закони за дрогите се наоѓаат на
http://www.mpp.org/Dutch/.
Последни коментари