Прво и основно, мразам љубовна поезија. Мразам и љубовна проза, ама поезија не сакам ни општо, и така се заедно дупло.
Но, денес е специјален ден – денот кога ми пукна филм и решив се’ што е патетично во мене да исплива на површина (како што пливаат гомната) и веќе еднаш да ме остави на мира. Оваа “писмена по македонски јазик” не е наменета за вас (затоа и ја ставам во Канта за ѓубре), наменета е за една личност. Нема да напишам ништо ново и интересно, не морате да читате, бевте предупредени – немојте после да сум ве видел да серете во коментари.
Причината што ова е напишано тука (а не на некое парче хартија забутано меѓу предметите што веќе сум ги положил) е пред се’ себична. Еден дел од мене се надева дека ова ќе стигне до вистинските очи, и тие ќе ме препознаат. Нешто у стил порака во шише, т.е. има исто толкава веројатност да биде прочитана.
Спремни за исклишираниот дел? Те сакам, го сакам секој дел од твоето тело, те сакам и целосно и посебно и секако. Ете толку можам да кажам, со оглед на тоа дека на филмските сцени каде што луѓето си изразуваат љубов јас или ракувам со даљинското, или ако сум на кино се прозевам длабоко и значајно.
Ова (задебеленото погоре) ти го имам кажано еднаш порано, тогаш, последниот пат и нема да го повторам, затоа што знам дека не сакаш да го слушнеш. Знам дека сум ти мил, и дека никогаш не си сакала да ме повредиш, па другари сме отако се сеќавам за себе. Да знаеше дека моите чувства ќе тргнат во овој правец, никогаш немаше ни да почнеме.. Се сеќаваш, ти дојде кај мене. Беше искрена цело време и знам дека со здрав разум прифатив дека ова меѓу нас нема да има иднина, уште повеќе, тогаш тоа и ми требаше, се чувствував јако и самоуверено, тогаш. Сум бил со многу други пред тебе, но никогаш подалеку од линијата. Контрола на чувствата. Зошто сакаше да водиме љубов? Можев и со тебе да се ебам како со сите досега и животот да го проживеам како “емоционално затупен”, “емоционално дегенериран”, “емоционално неспособен” итн. Сега сум бескрајно тажен.
Не ти се јавувам зошто немам ништо убаво да и кажам. Нели љубовниците (тоа сме ние) се заедно заради задоволство. Не сакаш сериозна врска – имаш причина за тоа – те разбирам. Другари, па љубовници. Најфеноменалното сексуално искуство. И каде сега? Сакаш да бидеме повторно другари. И јас сакам да можам, но секоја средба со тебе ме убива. Да можев да се контролирам, сега веројатно ќе бевме заедно, ќе се допиравме .. Ах, мојата голема уста. Но! Не жалам за она што ти го кажав. Знам дека ова што го чувствувам е убаво, дури и ако и не го сакаш, пак е убаво, мое е, и убаво е.
Кога ме прашуваш како сум, лажам дека сум добро. Кажувам: не се грижи за мене, ќе ми биде добро, си имам живот, пријатели, се забавувам. Мислам: колку сум осамен, повеќе сум осамен кога сум во друштво отколку кога сум сам, а најосамен сум кога си и ти во друштвото.
И нема да ти се јавам. Продолжи си со животот, имај само пријатни спомени од мене. Сакам да постигнеш се’ што си замислила во животот. Не верувам во судбина, но верувам дека ако треба да бидеме заедно, ќе бидеме. Но, од денес натака, ќе се насмевнам и ќе престанам да се надевам.
Текстов е намерно напишан во погрешен род.
Последни коментари