Руски војник изеде пола кревет!
од гоце на 29 сеп 2001 - 17:49
Тешко е да служиш во руската армија. Војниците прават се само да го скратат воениот рок. Како и да е, последната случка е премногу. Според „Известија“, стражар во единиците во Приморје регионот изел преку 2 метри метал само за да биде демобилизиран пред време. За една недела здравјето на војникот многу се влошило и тој морал да побара лекарска помош. Хирургот кој го оперирал рекол дека извадиле 19 парчиња метал кои биле делови од војнички кревет. Ако се утврди дека војникот е ментално здрав ќе биде обвинет за дезертерство и уништување на државен имот.
|
Последни коментари