Пенисот не е само најчувствителниот дел од телото на мажот тука и најранливиот.
Тој ја претставува неговата машкост, неговото чувство за сила, неговата личност.
Тоа што има пенис, кај мажите предизвикува сосема поинакво чувство на ранливост
во споредба со чувството кај жените за својата вагина. Вагината е скриена; пенисот
е видлив. Кога мажот се возбудуваа тоа не може да го сокрие; кога жената се
возбудува, единствено таа може тоа да го забележи.
Една од најголемите грешки што ги прават жените кога помислуваат да им пружат
орален секс на мажите е што размислуваат на следниот начин: Пенисот на овој
фраер ќе го ставам во уста, а тој со него моча! Ова не делува баш пријатно
нели?
Сепак, вистина е дека суштината на оралниот секс кој што го пружате на вашиот
партнер е поврзана со сакање и обожавање на неговиот најранлив дел. Се разбира
дека тогаш се чувствува фантастично. И дури повеќе од тоа, чувствува дека го
прифаќате.
Меѓутоа мажите често се жалат за начинот на кој што жените им го пружаат тоа
волшебно задоволство, додека жените често избегнуваат да им го пружат од страв
и несигурност дека не знаат како тоа да го направат.
Еве еден список на најчести жалби кои што ги слушаме од мажите во врска со
начинот на кој што жените им пружаат орален секс:
1. Жени кои го цицаат пенисот како да молзат крава.
Многу жени грешат затоа што мислат дека мажите сакаат силно цицање, и затоа
цицаат како да молзат крава. Нормално, секој маж има најразлични преференции,
меѓутоа повеќето сакаат притискање, лижење и чувство дека се опколени со вашите
усни.
2. Жени кои со забите го гребат пенисот.
Пенисот на мажите е многу чувствителен. Повеќето мажи не сакаат да ги грицкате
и џвакате. Вежбајте своите усни да ги држите што понастрана од забите и вашите
партнери ќе бидат позадоволни.
3. Жени кои го ставаат пенисот во уста и го игнорираат остатокот од
телото.
Мажите мразат кога жените ќе го стават пенисот во уста, но притоа не го допираат
со рацете, не ги галат нивните тестиси, гради или нозе. Ова исто така се однесува
и за жените - и тие сакаат да бидат допирани по целото тело. Не само што повеќе
се возбудуваат после повеќе сензации на останатите делови од телото, туку се
чувстуваат и повеќе прифатени.
4. Жени кои што оралниот секс го пружаат во потполна тишина.
Овој проблем подеднакво се однесува и за мажите и за жените. Зарем никогаш не
ви се случило да вашиот партнер/ка ви пружа орален секс во потполна тишина,
а вие лежите и се прашувате : Дали му/и се допаѓа? Дали му/и е вкусот пријатен?
Мажите се чувстуваат непријатно кога жените се впуштаат во еден таков интимен
чин а притоа ништо не проговоруваат. Очигледно е дека е многу тешко да зборувате
со полна уста, но можете барем за момент да застанете за да му кажете на вашиот
партнер дека ви е пријатно, дека го сакате, дека е прекрасен и сл.
5. Жени кои ја плукаат спермата.
Дали да ја голтнете? Ова е деликатно прашање, но сепак стои фактот дека: многу
мажи се навредуваат кога штом ќе свршат вие трчате во купатило и ја плукате
спермата, или вознемирено се преместувате на другиот крај на креветот фанатично
барајќи некој партал за да се избришете, или се тргате кога партнерот доживува
ејакулација и му дозволувате да сврши во празен простор. Мажот тогаш се чувствува
дека е отфрлен на многу специфичен начин - како да ја расипувате неговата суштина
и не сакате да го прифатите. Се чувстува непријатно, како да мислите дека ви
е гаден. Сето ова предизвикува да се чувстува валкано, како да ве приморал да
му пружите орален секс.
По традиционалната кинеска и индиска сексуална физозофија, семето на мажите
се смета за драгоцено и за моќен еликсир кој содржи висока концентрација на
животна енегрија. Затоа семето се смета за нешто што не треба да се уништува,
тука да се користи на начин за зголемување на енергетското ниво. Примањето на
семето на мажите во вашето тело, било преку вагината или устата, е подарок на
животна енергија за вас. Некои источни филозофии, како што е Tantra Yoga,
веруваат дека семето на мажот има регенеративни и обновувачки својства, што
го чини единствен "напиток" кој обезбедува здравје и долг живот.
Факт е дека спермата нема секогаш пријатен вкус. Бидејќи спермата е течност
на организмот на вашиот партнер, вкусот и квалитетот на спермата ќе го одржува
физичкото здравје на вашиот партнер. Дрогата, алкохолот, стресот и диетите многу
влијаат на вкусот и составот на спермата. Кога мажите конзумираат горки пијалоци,
како што се кафето и пивото, спермата постанува горка. Мажите што јадат многу
протеини од животинско потекло (посебно црвено месо), кои во крвта испуштаат
киселински нуспроизводи, исто така ќе имаат киселкаст вкус на спермата. Промена
во начинот на исхрана може да доведе до драматични промени во вкусот на спермата.
На пример, вашиот партнер нека се обиде да пие сок од ананас неколку дена, и
потоа проверете каков е вкусот на неговата сперма - верувајте дека ќе биде многу
слатка!
Сепак сметам дека не треба да правите ништо што вие сметате дека за вас е неприфатливо.
Меѓутоа, се надевам дека со информациите од овој текст ќе гледате малку поинаку
на оралниот секс. Можеби ќе ви биде непријатно да пружите орален секс на некој
со кој што се релативно кратко време во врска, а многу попријатно со некој кој
што длабоко го сакате и кој ви е посветен. Најдобро е за сево ова да поразговарате
со вашиот партнер за да дознаете повеќе за неговите сексуални преференции со
цел да создадете поголема меѓусебна сексуална интимност. Се разбира дека е неопходно
да разговарате и за вашите гледишта за начинот на кој што тој ви пружа орален
секс.
На здравје!
Последни коментари