од Goranski на 2 мар 2003 - 18:05
Два текста на слична (иста) тема, но сепак малку различни. Goranski и macka во продолжение со своето гледање на "доделувањата" на годината, 12 Величенствени и компанија...
---------------------------------------------------------------------------------------
Goranski - 12 (не толку) Величествени
---------------------------------------------------------------------------------------
Февруари, иако најмал по денови, е познат како месец по многу значителни манифестации, како кај нас така и во светот. Па така да во старт ги имаш Златна Бубамара и 12 Величествени кај нас , додека на север Brit Awards и на не толку блискиот запад од областа на спортот, All Star натпревар кој иако е „ само „ спортски натпревар сепак заслужува доволно внимание, бидејќи пред се неговата цел е забава... освен по географската местоположба, се разликуваме од светот и по токму тие културни манифестации на кои може да се забележи од се по нешто.
Можеби ќе биде себично од мене но во овој момент би ги издвоил 12-те Величествени како единствени на кои им фали малку повеќе „организација„.
Старт во 20 часот и кусур минути , завесата се отвора и на сцена лично persona nungrata Антонио лапсуз Димитриевски, со рака полна гордост (што него го избрале како водител, сигурно у МТВ сите биле на боледување па немало кој) и насмевка ко да имал запек на што ни alkalax не му помогнал (ама ај да не претерувам?!).
Негова компањонка, колешка, другарка, ветерна мелница не и е рамна , висока метро и ....ааа...., али алал вера што ја бива ја бива, Живкица (презимето не и го знам, али мислам дека доволно е самото име :)). Е за Жиле начинот на кој се појави на сцена беше оригинален, (двајца батки само по џинс ја носат на раце со телца што го прави Рамбо да изгледа ко пивтија),иста Клеопатра, МАКЕДОНСКА КЛЕОПАТРА.
....прва награда ја зема „талентираниот„ рановрзач, мил на тато Мартин Вучковиќ. Ондак камера се вперува во него истакнувајќи му ги кило пудра и десетте црнки на неговото лице, а он онака лежерно одмавнува со рака како Џејмс Дин по што на иста таква реакција пола публика и машко и женско паѓа во бесознание, само што кај Вучковиќ единствени што паднаа беа луѓето зашеметени од ударот што го добија по фаца (шала). Се качува на сцена и незнаејќи што да рече промрмува нешто како : „Нели се гледа колку имам трема„ и на самото тоа прашање следи одговор од дебел воловски неартикулисан глас од десна страна на публиката со кратко позитивно „Да„.
Втора, трета и појма немам колку награди отидоа кај нашиот Тошка по што на секоја негова појава дури само и изустување на Т-то цела понежна половина свршава извикувајќи ко параноик на забар „А А А„. Па добро бе деца на пазар не сте,па нели ве учат дома не пуши, не пиј, не викај кога Тоше ќе искочи на бина. Ц ц ц култура.
Потоа пак награди , музика , ПОЛУГОЛИ манекенки (на кој секоја нивна појава пак се слуша ТОЈ неартикулисан глас од десната страна на публиката само сега во форма на свиркање. ВОЛОТ изгледа видел жена само после 12 на сител у форма 0500). Ај ќе речете МАШКИ, но девојките беа тип топ и немој сеа да прочитам во некој дневен весник: на оваа задникот голем и бил, на онаа црно не и стоело... да ве видам вас пред таква публика излезете по гол г'з па после зборете.
Во еден момент на сцена настапува Калиопи и одма сентименталности, добро е само што не заплака иако целеше кон тоа дури и да го УКРАДЕ шоуто како што самиот лапсузмен (Антонио) кажа.
Најсеир момент со него беше кога обидувајќи се да најави една од манекенките која треба да ги презентира наградите, рече вака цитирам „...и јас би сакал таа да ги држи моите топчиња...„ (при што мислеше на Маја Сашеќ која го води бонгото во понеделник), во тој момент цела публика занеме. Незнајќи како да се извади рече нешто во стилот „се разбира моите среќни топчиња„ (ја жалам Маја којзнае сега кој се не муабети се вртат низ чаршија). Али ај и тоа бидна.
Додека за сценската подготовка, тон мастер, ефекти и тија ствари, пак не би било ако некој не усере нешто. На најава од страна на манекенките во стилот „добитникот е„ , се слуша некоја бледо измиксана музика од која самата манекенка треба да се напрега за некој да слушне што таа вели. Камерманите ни ги претставија славните личности во прв ред микроскоп позиција, така да сега знам кој ја користи најновата колекција од Орифлејм, а кој од битпазар. Малку беше грубо од нив што на секој добитник на награда одма ги покажуваат нашите celebrity за да се види кој аплаудира односно кој кого колку почитува. КАТАСТРОФА.
Како за крај и насловот на манифестацијата 12 Величествени, е контрадикторен со тоа што има 14 награди значи 14 Величествени...нели?
Па така да другпат дај првин средете тоа сцената, малку повеќе култура (за да не испадне некој некого држи за нешто) и ДРУГ водител се разбира :))
---------------------------------------------------------------------------------------
macka - Mакедонските манифестации
---------------------------------------------------------------------------------------
Си седам така вчера, среќна, удобно навалена пред телевизор шетајќи по каналите кога, по грешка вртам на нашата мила национална телевизија и таму што ке видам. Прекрасните СПРЕКТАКУЛАРНИ *12 Величествени*. И си викам; па ова ти е нешто најдобро во нашата земја, нешто што се случува еднаш годишно, нешто кое има најдобри водители, па тоа сите ѕвезди собрани на едно место, море спектакли да се шекнеш, па ексклузивни модни ревии, па громогласни аплаузи од публика...
Не можам повеќе ќе умрам од смеење додека ги напишам сите прекрасни критики за оваа. Простете ми што неможам да најдам соодветен збор за ова прекрасно дело на некој македонски генијалец. Како ли му текнало да направи нешто волку добро леле, леле браво...ма дај ајде. И така се излажав и земав да го гледам. Тоа гледаш-што да видиш...
Море солзи радосници, заблагодарување на мама, тато, тетки, стрини, баба, дедо...цела фамилија. Тоа па водителите од добри –подобри. Антонио Димитриевски НАЈВЕЧИ ФРАЕР у македонска телевизија ко каубоец искача на сцена, најавува песна, користејки ја најдебилната и најкористена најава во нашава земја, притоа употребувјќи делови од песната и некое карактеристиче за пејачот ко демек да се држи публиката во неизвесност, ама и да насети малку. Леле бе ќе се удрам сама што е многу многу е. Ај да го оставам човекот на мира, да не му текне да се повлече од јавност, после што ќе праиме без него.
За Живкица немам некој посебен коментар, добра е ко водител ама стајлингот и е лош. Изгледаше одвратно али ај. Тој што ги правел статуетките можел да биде покреативен, а исто така и оној кој се грижел за уредувањето на сцената, затоа што на сите ни е веќе преку глава од тој глуп комунистички дизајн нели? Изгледа...БЕДНО.
А таа карактеристика би и ја дала и на цело ова случување...БЕДНО И ПАТЕТИЧНО. Жалосно е на тој начин да се трошат пари со кои нели МРТВ не располага. Ко демек. А тоа па модната ревија на крај. Е за тоа стварно не знам што да кажам. Како девојките што дефилираа на сцена, воопшто се осудуваат себеси да се наречат манекенки? За таа професија не се доволно негувани, немаат соодветни пропорции(цитирам новинар од* дневник*), а и немаат став држење што е потребно да го поседува еден топ модел- мала доза на мистика, оригиналност и ароганција. Со еден збор- ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ. Али на ова кутро македонче и тие му изгледаат добро. За манекенките во друга прилика.
Ај сега да не и се придава толку значење само на оваа манифестација, да ја спомнам и *ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА* која до некаде е подобра, колку-толку во поглед на органазацијата, али би било подобро кога би смислил Тони Михајловски некоја нова финта. Да освежи малку. Нешто друго што ме интригира е--зошто сите овие манифестации се нафрлени во овој период од годината? Па зар макдончето не треба да се забавува и во друг дел од годината? И зошто ги има 10 за волку мала земја и публика? Зар не се знае кој е кој и по една добиена награда. Само овде не можам да го испуштам гафот на *12 вличествени* од пред неколку години кога за пејач на годината наместо Тоше Проески беше прогласен* македонскиот Том Џонс - Ѓоко Ѓорчев. Знам само дека цела публика занеме на неколку секунди, и човекот дури и без аплауз го пречека и испрати. Срамотилоци. Или кога за најдобра емисија и водител беа избрани *ВАШИТЕ 5 МИНУТИ* и Драган Вучиќ. Резили....а он па уште и искрено си се заблагодари и призна дека ја очекувал наградата?!?!?! Си се цени човекот.
За да не се буни некој, да ги набројам и другиве манфестации кои не е потребно да ги карактеризирам, затоа што на сите се случува едно исто (простете ако заборавам некоја, многу се а, и јас не сум совршена)
1. *о, каква ноќ*
2. *тв лице на годината*
3.итн итн не ми текнува веќе...
А да не ги спомнувам случувањата од друг вид. Е тоа стварно ке биде премногу!!!!!!!!
А од друга страна погледнете ги BRITISH MUSIC AWARDS или MTV MUSIC AWARDS. Било кои други кои се во странство. Совршена сала, добри водители полни со некои нови финти (за разлика од кај нас секоја година едни исти водители), спектакуларни настапи на лугето кои со право се нарекуваат *ЅВЕЗДИ* секогаш има некое добро изненедување...
Ај да не забегувам, си знаете самите. Премногу е очигледна разликата за да не се примети. АЈ ПОЗДРАВ....
Последни коментари