Ќе сурфаме на интернет додека се возиме во стари автобуси

Скопјани ќе сурфаат на интернет и додека се возат во автобус.Од идниот месец на интернет ќе може да се закачите и во автобусите во Скопје.

Проектот на почетокот ќе биде спроведен само во автобусот со број 5, доколку успее менаџментот на компанијата најавува дека ќе го спроведе и безжичен интернет ќе инсталира во сите автобуси.

„Гледајте како седам, стари автобуси, катастрофа, врата не се затвора нема ни гумички ни ништо. Дува од сите страни“, вели граѓанин.

Нема детали колку ќе чини овој проект на ЈСП. Иако, според информациите ова јавно претпријатие е заглавено во долгови. Неверојатни 8 милиони евра, поради неплатени даноци.

„Прво треба нови автобуси, а за интернет има во сите кафичи, прво треба да се среди сообраќајот“, рече граѓанин.

„Мислам дека автобуси подобро отколку интернет“, кажа граѓанка.

„Не е интернет за во автобуси, тие се за возење не за интернет“, вели граѓанка.

Иако, црвениот сјај оддамна го нема, автобусите стари и по неколку децении, се уште превезуваат патници. Дефектите се, се почести, и сега токму во овие автобуси ќе се инсталира безжичен интернет.

Во меѓувреме, се очекува и пристигнувањето на новите 84 обични автобуси, за кои владата ќе искешира 11 милиони евра.

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на multieder

NewMessage

Слика на ViктоrFrаerот

Ќе сурфаме на интернет додека се во

Незнаен_јунак wrote:
„Гледајте како седам, стари автобуси, катастрофа, врата не се затвора нема ни гумички ни ништо. Дува од сите страни“, вели граѓанин.

Случајно гледав вести на А1 и го фатив прилогов. Дечково имаше накај 45-50 години,не е убаво да се зборува за човек што не го познаваш но:
1. Типчево не беше граѓанин 100% како што е напишано.
2. Кога го видов и слушав како збори ми остави впечаток дека во живот има видено - 2 дигитрона, едно радио и пола дигитален саат, е сега со цел памет новинарот го одбра него и го праша за интернет во автобус! Што очекуваше да му одговори? ДААААААААА стајте ве молам!

Од фраерска гледна точка!!!

Слика на Pijandura

кај живееш ти

кај живееш ти бачко??

70 посто од луѓето кај нас немаат видено дигитрон и не се баш граѓани, па затоа и гласаат за што им дојде, односно за првиот што ќе им понуди договор за дело, или сендвич со посебна и лименака пиво.......
претпоставувам дека ти си граѓанин, па се надевам дека си имал прилика да видиш како изгледа автобус во некој европски град или уса... си видел ли како изгледа метро????......
поред целата смрдеа, прашина и неиздржлива топлота (во лето) би сакал да видам некој што би бил заинтересиран да сурфне во нашите автобуси!!! будалаштини бачко, будалаштини.. ко на баба силикони да и уградиш... (а баба душа дала за вилици, да може да ропка оревчиња :))

...и извади ги розовите очила (или портокаловите)....

Слика на ViктоrFrаerот

кај живееш ти

Pijandura wrote:
...и извади ги розовите очила (или портокаловите)....

Прво да коментирам за портокаловите цвикери:
Прво - Јас не сум припадник ни симпатизер на ниедна политичка партија во Р. Македонија.
Второ - Сите партиски војници на двете големи партии СДСМ и ВМРО ги презирам од проста причина што: Ако едните кажат дека ке ни дадат 100 000 евра на човек, другите ке се бунат дека треба да аплицираме а апликацијата коштала 5 евра, така да тие лажат дека ке ни дале 100 000 евра. Партиски војници мрзам и нејкам да ги видам со очи, а најмногу ги мрзам баш поради тоа што ја искривуваат вистината и веруваат во прикаски што кружат по нивните табори, на пр. Бранко е зависник од кокаин, а Грујо е симпатизер на Хитлер и затоа така се однесува како диктатор. Може Бранко мавнал 2-3 линии и може Грујо се испонашал некогаш ко Хитлер кога бил накурчен, ама во главном не верувам на ништо што искача од партиски штаб на лижигзови без трошка достоинство.

Е сега јас да те прашам: Не мисли ВМРО,СДСМ политика, мисли зашто тебе ти смета безжичен интернет во автобус, дали автобусот е подобар без интернет или со интернет?

Од фраерска гледна точка!!!

Слика на Chombe

кај живееш ти

ViктоrFrаerот wrote:
Е сега јас да те прашам: Не мисли ВМРО,СДСМ политика, мисли зашто тебе ти смета безжичен интернет во автобус, дали автобусот е подобар без интернет или со интернет?

Абе брат, уште у социјализмот у 45-та имаше нешто што се викаше „севкупни опшествени приоритети“.
И ја сум да стаиме matter replicator у приватна двојка, ама ај прво прозорот да го затвориме да не бие промаја.

Слика на ViктоrFrаerот

Јас како што ја

Јас како што ја разбрав работата е дека интернет провајдер бесплатно ке става интерет во автобуси за да тестира нивни продукт. Што сакате ЈСП да им каже: Неможе во нашите автобуси да ставате интернет, под итно да го смените бизнисот и да продавате врати и прозори и нив да ги тестирате на нашите автобуси!

Друга работа е што вие многу ги потценувате Македонците. Пробниот интернет ке биде во 5-ка, а ако ги претресеш куките во: Влае, Карпош 4, Тафталиџе, Козле, Капиштец, Центар и Аеродром ке најдеш повеке лаптопови од Мајами.

Трета работа, интернет во автобуси или не, не е ни толку важно. Важното е македончето како размислува: Ако е СДСМОвец, одма кога нешто ке кажат од ВМРОовците, без разлика дали е убаво или не, они почнуваат да негираат, примерот со 100 000 евра. Исто важи и за ВМРОовците. На пример проектот 2014, јас мислам дека 70% од проектот е супер и дека треба да се изведе, ова со интернетот мислам дека е добро и дека треба да се изведе, ама разликата мегу мене и вас е што мене не ме заболе чив проект е, јас гледам дали е добро за мојата(наша) иднина или не, не ме интересира која политичко ебана партија го донела на мегдан. Тоа е проблемот,многу е подлабок од интернетот во автобус дали ке го има или ке го нема.

Од фраерска гледна точка!!!

Слика на ViктоrFrаerот

Аман те бе

Аман те бе циници едни, некој ке сака да ви помогне одма плукате по него, а зашто па да не стават интернет, што? ке ви смета на вас интернет во автобус? Бог да чува. Оние апашите кога беа на власт, дремеа со години, со прст не мрднаа ама изгледа такви сакате вие - инертни луге без идеа.
Многу чудни луге сте, гласате 70% за ВМРО - за промени и кога промените се случуваат, се нешто не ви чини, се не е како што треба..... Им сметал интернет во автобус, абе гонете се ајде.

Само какви ке ви бидат паролите кога ке се соберете 300 души пред влада. Највероватно вакви - Подобро автобус без интернет, него автобус со интернет. Недоквакани!

Од фраерска гледна точка!!!

Слика на Pijandura

одлично, фали

одлично, фали уште клима, хигиена и пристојни услови за вожња...да не речам фалат само уште добри автобуси, све друго 5+!!!

кој е следниот развоен корак на владата, се прашувам следствено на возбудливите мерки кои не орасположуваат секој ден!!! сигурен сум дека во времето помеѓу две канонади од јајца исфрлени од страна на дрските стечајци, владата ќе смисли уште пар добри работи што ќе ја подобрат ситуацијата на нашето граѓанство... па дури и селанство!

п.с. ме интересира дали е предвидено да има вирелесс во автобусите што ги возат туристите од липково и шутка за белгија!! префинети господа, со можности да посетат фамилија и да обават лежерен шопинг, сигурно би сакале по пат да сурфнат...

Слика на morchiba

интернет во автобу

Како прво ние немаме асални автобуси како второ во автобус се вози сиромаштија од кај им нив лаптоп.............

Слика на гоце

што ќе им

што ќе им лаптоп, ќе се вгради компјутер со тачскрин у секое седиште. после проектот интернет киоск у сите свирипичина нормално е да очекуваме ваков потез.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на PetarK

Интернет се

Интернет се користи и преку мобилни. Освен тоа идејата им била wifi-то да го плаќаат спонзори, а и само со пилот ќе оделе, во не знам колку автобуси на 5-ка. Не е нужно глупава/расипничка иницијатива, брзо ќе се види што е и како е.

Слика на dimitar27

Интернет се

PetarK wrote:
Интернет се користи и преку мобилни. Освен тоа идејата им била wifi-то да го плаќаат спонзори, а и само со пилот ќе оделе, во не знам колку автобуси на 5-ка. Не е нужно глупава/расипничка иницијатива, брзо ќе се види што е и како е.

Где си Петаре, сине једини :)

Глеј, ко и секоја идеа од ДПМНЕ, е залетуење . . .ко со „компјутер за секое дете„ , одлична идеа, ама лошо спорведена , па у села кај што нема струја, се греат ан дрва, они им дават компјутери, кои идат директ у магацин пун со влага, и скапуваат?!?!?
Е сега, анблок одбивање на било каква идеја од ДПМНЕ е единствена карактеристика на другине, забраам им више и името :)
Ако е на неколку бус-а, ако со тоа плус кеш се слива во јавното претпријатие . .зашто па да нема?? И какви ви се тие логики дека оние кои се возат во автобус се гола сиромаштија па немаат за лаптоп?? Бог да чува ем да брани, денес скоро и да нема нов телефон без интернет у себе, половината и со WI FI, не постои човек во градов кој нема мобилка (глеам баци флаши собира и на мобилен договара кај има пун контејнер) ама не, штом се возат во автобус се без пари за леб. Ја имам колешки кои заработуваат сосема солидно, ама жиеват подалеку, немаат кој да ги носи на раб, и доагаат со бус на работа, а имаат куќа поголема од мојата 3 пути, уопште не се сиромашни, но е лудост дневно да фрлаш 500-600 денара на такси, освен ако не заработуваш 5000 еура месечно, а толку сега за сега сеуште ен заработуваат :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на toomuchisnotenough

зш да нема

зш да нема киосци у свирипичино?

__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на гоце

прво треба пат

прво треба пат и веце.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на toomuchisnotenough

не мора пат,

не мора по џаде, може и со хеликоптер да го спуштат киоскот!

пато и вецето (ако под тоа подразбираш канализација) коштаат катаљарда. киоскот е отприлика петпари, со (веројатно) драматично поголемa стапка на профит.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на гоце

во осмолетките

во осмолетките веќе има интернет, тие киосци ќе се ставаат у школи од 1во до 4то. сум бил во вакви места каде што има школо со полско веце (септичка јама и шоља е добар почеток во недостаток на канализација).

за да збориме за return of investment треба да имаме бизнис план. бизнис план без тест фаза во која ќе се види дали и колку ќе се користат неможе да има. да пукнеш 2.5 милиони евра на невидено без опиплив профит (образување на населението) е неозбилно. тие пари може боље да се искористат.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Новица

the world is highly

the world is highly contextualized

ханс рослинг на ТЕД (http://www.ted.com/talks/hans_rosling_shows_the_best_stats_you_ve_ever_seen.html)

:)

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на гоце

не ти ја

не ти ја разбирам поенатата. да ги ставиме на кантар македонскиот бнп, смртност на новороденчиња и користење на бродбенд сигирно ќе бидеме единствени.

Слика на Новица

некаде треба

некаде треба пат и веце некаде треба интернет некаде нешто трето...

тоа воглавно е поентата со ханс рослинг.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Агрегирање содржина