Сон
Иритирачкиот звук на алармот ме разбуди. Со едно отворено око проверувам каде сум. Истиот ѕид, истиот прозор. Истото парче небо оградено со згради и гранки кои го сечат. Мрзеливо станав.
Го пробав кафето, немаше вкус, го пробав тостот, ниту шунката ниту кашкавалот не ме мотивираа да продолжам да јадам, па тука заврши мојот појадок. Станав се облеков набрзина и трчајќи влегов во автобусот.
Обичен пролетен ден. Свеж воздух ми ги полнеше градите а сонцето срамежливо се појави на хоризонтот. Следната автобуска станица беше пред паркот. Без некаква причина се симнав од автобусот и тргнав накај паркот. Се јавив на работа дека денес нема да одам. Ја раскопчав кошулата и зедов длабок здив, ми годеше. Шетав како да знам каде одам, ама само се преправав. Видов ливада која сонцето само што почна да ја открива, па ми изгледаше важно да го гледам тој чин. Легнав и зјапав во небото, обидувајќи се да најдам поврзаност помеѓу облаците, зошто и како се движат. Уживав во безредието на облаците и топлината на сонцето.
За миг ги склопив очите за да најдам некоја важна мисла, кога одеднаш се појави сенка над мене. Црни прамени коса ми ги растераа облаците и црни очи во форма на бадем нервозно ме гледаа.
Ќе сакаш да се тргнеш? Ми рече.
Извини, не мислиш дека местово е доволно големо за двајца? Се насмеав.
Почна да ме бутка и додека јас се поместив, се струполи до мене, и почна да вади некои работи од торба. Беше облечена во голем сив џемпер со црни копчиња кои се криеа под нејзината коса. Извади шнола и ја фати во некој вид на фризура меѓутоа колку и да изгледаше неуредно, ја правеше само да изгледа поубаво. Го мразев тоа, или подобро да кажам завидував.
И ќе ми кажеш зошто вака хулигански ме избутка?
Извини, ама ова е моето место. Тука доаѓам секој ден за да пишувам. Пишуваш, прашав. Ја зедов тетратката од земјата, може? Со недоверба одговори кусо, сеедно. Сакаш да кажеш дека ова место те инспирира? Со прашален поглед направив обиколка на местото.
Не добив одговор, па почнав да ја листам тетратката. Еден куп стихови, шкртани, подвлекувани, со стрелки преместувани од еден лист на друг, зборови украсувани со цветчиња. Се обидов да прочитам една кратка песна или што и да беше тоа.
И ја сакам ноќта затоа што има боја како твојата коса, и ме смирува како твоите очи, и затоа што ми го носи сонот со твојот лик. И онаа вечер ми пријде и ме праша, дали сакам да преспијам кај тебе...
И, го сакам виното зошто има боја како твоите усни, има вкус на твоите усни, има мирис на твојата постела. И онаа вечер ми пријде и ме праша, дали сакам вино...
И го сакам морето зошто има боја на твоите очи, затоа што е топло како твојата прегратка и е немирно како твојот дух. И онаа вечер ми пријде и ме праша, дали сакам да се прошетаме покрај морето...
И го сакам ветерот затоа што ми го носи твојот мирис, затоа што е топол како твојот шепот на мојот врат, и затоа што ме допира исто како и ти. И онаа вечер пред твојата врата, кога прв пат ми кажа дека ме сакаш, ветерот си поигруваше со твојата коса...
И го сакам студот затоа што ме потсетува на големиот црн камен, затоа што ме потсетува на местото каде што секогаш се наоѓаме, и затоа што ме потсетува на сенката на борот. И онаа вечер кога последен пат ми кажа дека ме сакаш ми беше многу студено.
- Добро е, продолжи.
Нетрпеливо ми ја зеде тетратката и почна да чкрта во неа и со половина уста испушти некој звук кој би требало да биде нешто како фала.
- Си легнав, и продолжив спокојно да гледам во облаците, обдувајќи да си објаснам зошто мисли дека тука може да добие инспирација.
А ти зошто си тука, ме праша и повторно ми ги разбрка мислите и ме прекина во нешто што мислев дека е важно. Неможам да кажам дека ми се допаѓаше оваа нејзина дарба.
По одговори и реков, малку дрско можеби.
Одговори? Изгледа имаш многу прашања, и се насмевна. Мислам дека се подбиваше со мене.
Мирно си пишуваше, листаше по тетратката а јас се вратив на моите мисли.
Не траеше долго додека повторно не ме прекина во мислите. Овојпат не по нејзина вина. Зјапајќи наоколу неможев а да не приметам дека погледот намерно се враќа кон нејзината коса. Не знаев што значи тоа ама морав да го прекинам, па станав и се истресов од ливчињата.
Ги гледаш дрвјата онаму? Ја прашав.
Да, ми одговори прашално. Сите тие имаат посебен мирис.
Ги гледаш овие тревки? И тие имаат мирис.
Ги гледаш овој цвет? Го скинав и го доближив до нејзиното лице. Направи несмасен гест обидувајќи се да го помириса. И ова има свој мирис. И ветерот носи мириси од секаде.
И сонцево, ги чувствуваш зраците на твојата кожа? Да, ми одговори помалку уплашено.
И седам доволно блиску до тебе за да почувствувам како ти мириса косата и каков парфем носиш.
И мојот појадок дома требаше да има некаков вкус. НО немаше.
И кога ќе се насмеам не чувствувам радост.
Ете тоа се обдувам да дознаам. Зошто повеќе не чувствувам ништо.
Ако ти е некаква утеха, јас не носам парфем, и се насмевна. Набрзо ја снема насмевката, ја наведна главата и скришум ме погледна.
-Знам точно како се чувствуваш. Но, мислам и дека го знам одговорот.
Да? Зачудено прашав, исчекувајќи го одговорот како мало дете кое ја чека својата награда.
Се сврте, со рацете си ја намести косата, срамежливо ме погледна, со двете раце ми го допре лицето, почувствував како и треперат, и пред следната мисла да дојде, ја видов како замижи и се наведна и ме бакна.
Тој бакнеж ќе го паметам засекогаш.
Сега можев да ги почувтвувам сите мириси во воздухот. И на зелените листови и на цветовите и на нејзината коса и на тревата под мене, и на кожата од нејзината торба, и на мастилото, и на листот хартија, и на свежата боја од обоените клупи, и на асфалтот од патеката во близината, и на ветерот кој очигледно поминал покрај оџакот на некоја фурна.
Иритирачкиот звук на алармот ме разбуди. Со едно отворено око проверувам каде сум. Истиот ѕид, истиот прозор. Истото парче небо оградено со згради и гранки кои го сечат. Мрзеливо станав.
Го пробав кафето, немаше вкус, го пробав тостот, ниту шунката ниту кашкавалот не ме мотивираа да продолжам да јадам, па тука заврши мојот појадок. Станав се облеков набрзина и трчајќи влегов во автобусот.
Обичен пролетен ден. Свеж воздух ми ги полнеше градите а сонцето срамежливо се појави на хоризонтот. Следната автобуска станица беше пред паркот. Нозете почнаа нервозно да ми играат. Не се симнав, знаев дека тоа е само сон. Продолжив.
- Додај нов коментар
- 686 читања

Си требал да се симнеш :)
Си требал да се симнеш :)
:)
da, si trebalo da se simnesh!:)
http://www.vilagora.com
NewMessage
itf-taekwondo nightech ukrea
NewMessage
cnodj healthy-ageing africa-travels
NewMessage
min autoska bestm
NewMessage
au mo via
NewMessage
aritro.ru nogana.ru razlina.ru
NewMessage
turkey-tourism.info ant-news andrej-sokolov
NewMessage
management psy-magic gorodaudi
NewMessage
скачать Jimm на мобильный скачать Jimm на мобильный телефон nokia не работает вконтакте
NewMessage
скачать operamini опера мини 6.1 скачать опера мини бесплатно
Интересный сайт
Интересный сайт