Перспективи

Вчера се случи. Вчера вечерта. Како оттогаш да поминале десет дена. Немам дупки во памтењето, скоро и да не пиев, повеќе се временски криви – моменти траеја со часови, цели денови, потоа бордо темнина со мирис на омекнувач и секс. Уште го чувствувам, на косата ми се налепил веројатно.
Забавата заврши доцна, околу 3. Вечна седенка со вечните лица. Останавме со Анка и Владо, тројцата, си ги повторивме по којзнае кај пат слабостите и глупостите на „другите “. Си поседовме така во тишина, секој ги подмешнуваше своите мисли во чашата - кој вино, кој коњак. Анка беше нервозна, повторно, и повторно поради љубов. Владо, не знам за него, но не стана да си оди со неа, остана да ми помогне со станот, остана зашто надвор зимата убиваше животинчиња и бездомници и зашто сакаше да испуши уште една. И уште една. Секогаш останувал од глупави причини, секогаш заспиваме по фотељи...
Кога го запознав ми беше одвратен. Го мразев. Се каравме. Не излегував кога го викаа. Со годините, и тоа долги години, друштвото се проретчи, подобро речено: се испусте, па останавме само два заба во штрбава уста. Му кажувам работи што не можам да ги изговорам пред никого, ми кажува за жените што го одбиле и за жените што ќе го добијат. Уште одамна наслушнав дека бил одвратен во кревет – сосема небитно за некого што и онака не би го примила в кревет...
Тоа и не беше кревет.
Им простив на чашите, на расфрланите перничиња и пепелниците што и се кривеа на мојата домаќинска компулсивност и само се спружив помешечки на тепихот. Паметам дека со тилот се имаше потпрено на наслонот од троседот и гласот што излегуваше од така закривеното грло беше уште подлабок и уште порапав. Сачмо! Дури и мижејќи давеше за музика.
-Доаѓај долу, ми треба гушкање, - реков.
Отсекогаш ме нервирало што е толку сериозен и ироничен, што ја поткрева веѓата и ме гледа со крајчето од окото како да сум дерле. Стана и ги довлечка расфрланите пернички како секој од нас да има најмалку три глави и како да ќе кампираме на тепихот. Легна до мене, настрана и бенигно ми ја префрли раката преку грбот, а таа неприродно се мрдкаше лево-десно, неможејќи да се скраси.
-Ај чешкај ме малку, те моолам, - чув како се лигавам и од срам го закопав носот кај него под пазува.
Тишината го претвори гушкањето во чешкање, чешкањето во галење, што едвај некако и ќе останеше на пријателската страна од границата и вечерта ќе се заутреше како секоја друга, ако мене, а кому друг, не ми затреперија подмолните мускулчиња на мешето и на препоните. Во тој момент и во тоа сопче, мојот свет бесшумно имплодираше. Рацеве, под сопствена команда, му ги премерија појасот и сите досежни делови од неговата анатомија. Му се качив додека се обидуваше да ми ги вразуми дланките. Смешно, но се смири истиот момент кога седнав врз него и го стиснав со бутините.
-Што правиш?
Не сакав да го бакнам. Искрено. Сакав само да го мириснам, одблизу, градите, косата, таму, кај вратната вена, каде горната усна и носот се гоштеваат со сензации: допирни, топлотни, мирисни. Паметам дека првиот, вториот, третиот бакнеж траеа со векови и одново и одново сфаќав дека можам и без водух зошто заборавав да дишам, потоа темнина, преплетени раце, гладна карлица и врелина. Паметам дека се гледавме во очи кога влегуваше во мене и дека ден пред тоа во Лајка се гледавме во очи додека наздравувавме. Истите очи, истиот човек, поинаква перспектива. Мојот другар знаел да бакнува и да допира и да ме држи цврсто јас како што сакам. Мојот другар ме познавал како себе си.
Сега ме прогонува неговиот мирис налепен на косата, неговиот поглед кога ќе ги затворам очите. Ми треба место каде ќе бидам повторно сама. Сега ми треба сон.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на цепе

Освежувачки

Освежувачки добар расказ.

Arguing on the Internet is like running the Special Olympics. Even if you win - you're still a retard.

Слика на toomuchisnotenough

одлично! _____________

одлично!
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на shukistein

... 5+ (одличен)

... 5+ (одличен)

Слика на aceva

Шуќур

Сакам уште!

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на Julls

Каква промена.

Каква промена. Добра!

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Konstantin

Перспективи

Тесни и широки wrote:
потоа темнина, преплетени раце, гладна карлица и врелина.

Можеше тука малку поопширно! :lol: Се зезам, интересно четиво! Башка и поучно!
"Εν Τουτω Νικα"

Слика на bugzi

супер

добра приказка

mene zovu Dzon, bodem se u Vejn...

Слика на Тесни и широки

Благодарам!

Благодарам! Мило ми е што ви се допадна.

Слика на JohnFoe

Тесни и широки,

Тесни и широки, ќе се омажиш ли за мене?

Слика на Tapa user

Задња шанса, а

Задња шанса, а Џони?
_________________________
http://www.youtube.com/watch?v=o9t6iysUy3A

Слика на Зелен

да се омажи за

да се омажи за тебе ?

не се сите металци педери ?

--
Linux is free, as long as your time has no value.

Слика на JohnFoe

offtopic: на 16-ти

offtopic: на 16-ти Јануари има свирка во Хавана, гости се Disdained и Infest од Србија, заедно со нашите Formless Terror и Skullcrush.. ќе има многу металци таму (едно 70%), мислам дека можеш да најдеш одговор на твоeтo прашањe.

Слика на Tapa user

Со оглед на тоа

Со оглед на тоа дека од 100%, 98 се , тоа наликува на масовен педер бал - само го потврди господинот погоре.

Слика на toomuchisnotenough

момци, можда

момци, можда цурата и сто пути боље да пишуе од вас, али вие сте си прави баграши, до балчак! :D
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на aceva

момци, можда

toomuchisnotenough wrote:
момци, можда цурата и сто пути боље да пишуе од вас, али вие сте си прави баграши, до балчак! :D

Права шпанска серија, ако мене ме прашуваш. Ќе се земат Тапа и Џон, кај и да е.

I'm Winston Wolf, I solve problems.

Слика на PassENGER

Шангај бејби?

Сакав да прашам... во Шангај сево ова така? Дур студираше компаративна книжевност...не,..квантна механика?
Ми се свиѓа, посебно што си цура.

П.С. Земи се со ЏонФо/ ЏонФое земи ја/ Џоне Новата дојде

:)

Barba non facit philosophum

Агрегирање содржина