Роза за откинатата Роза

Сите ние луѓево сме различни, но меѓу нас има и некои што се многу поразлични од другите. Мнозинството „нормални“ луѓе најчесто забораваат на оние кои што не се такви, на оние што се хендикепирани. Да се потсетиме на нив барем денеска, на Светскиот ден на хендикепираните.

Овој мој напис ù го посветувам на едно од најтешко хендикепираните лица во Македонија, 43-годишната Роза Мојсовска. Заради вродена маана неповратно ù се деформирани сите четири екстремитети, па од својата 10-годишна возраст е сместена во Заводот за заштита и рехабилитација во Бања Банско – Струмица.

Кога летоска ја запознав, она што најмногу ме изненади кај неа е тоа што таа не дозволила тешкиот хендикеп да ја скрши нејзината личност. Наоѓајќи се во состојба во која многумина би го побарале излезот во самоубиство, оваа откината Роза излезот го пронашла во вербата во Бога и во уметничкото творештво. Држејќи ја четката в уста, таа успева да слика! Меѓу неколкуте стотини слики една му има подарено и на папата Јован Павле II. За Роза Мојсовска е снимен и краток документарен филм.

Втора уметност со која се занимава Роза е пишувањето поезија. Годинава и самата стана мотив во истоимената песна од Андриета Цветковска, пензионерка од Ресен, која пред неколку месеци ја објави својата збирка песни „По патиштата на судбата“. Песната ù беше подарена на Роза Мојсовска на изминатиот 8-ми март, врамена како дигитална слика што ја дизајнирав јас:

Овој напис ќе го завршам со мојот неславен јубилеј: пред точно 10 години тешко настрадав во сообраќајна незгода како пешак, а поради сериозната скршеница на левата нога долги 9 месеци морав да одам со помош на патерици. Ова нè поучува дека секој оg нас, приbремено или трајно, може gа стане инbалиg. Затоа ние „нормалните“ да им помагаме на инвалидите секогаш кога можеме, за ако некогаш не-дај-Боже самите станеме инвалиди да имаме морална основа да бараме туѓа помош.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Муцко

Песната „Роза“ како текст

За да можат интернет пребарувачите да го индексираат текстот од песната „Роза“ кој горе е предаден како слика, овде ќе го препишам како текст:


      РОЗА

Роза, име на цвет
цвет над цветовите
Роза, име на мома,
мома над момите
со поглед благ
и насмев драг
скромна гордост
душа уметничка
возвишена сликарка.
Тоа си ти, мило мое!
Првото видување
чудесно случување.
Блажена сила
отвори порта
од срце мое
за добредојде
на срце твое.
Твое срце што сјае
и силно да љуби знае.
Му благодарам на БОГ
што ми дари ваква среќа
а ти Розе,
здрава и силна
да твориш, довека.

                СО ЉУБОВ

          АНДРИЕТА

Слика на dimitar27

Сега че дојдат

Сега че дојдат дежурните да оценат, само малку почекај :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Агрегирање содржина