ВОЈНА...
Читам во денешно Време , во рубриката Хроника (ми вика сервис анавејлабл, неможам да ставам линк) за маките што си ги имале возачите од велосипедистите. Текстот напишан од новинар/ка, лаик за велосипедизам во секој случај, но барем е пробано да се даде опис на проблемот од сите засегнати страни. Проблемот е всушност многу едноставен. Тотално немање врска од страна на градските власти за конкретнава проблематика, натамошно поставување и одбележување на „велосипедски патеки“ без да се направи конкретна анализа и консултација со одредени експерти за вистинско решавање на проблемов. Резултатите се катастрофални и погубни, најчесто по велосипедистите. Одбележани се велосипедски патеки, премачкани со црвена боја (недај боже да бидеш приморан нагло да прикочиш на ова), најчесто на патеки по кои се движат и пешаци. Во летно време може да се набљудува и масовна узурпација на велосипедската патека што е поставена на кејот по должина на реката Вардар од страна на сите што можат да одат, или сеуште се учат да одат, за најразноразни активности. Одбележаните патеки се и онака во катастрофална состојба, разбирливо бидејки со многу тенок слој на боја дупките не се порамнуваат, а плус се и додатно узурпирани од автомобили, пешаци, билборди, канти за ѓубре, а дел од нив се резервирани и за паркиралишта. Најпрост пример, поминете пред Бугарска амбасада, да видите како велосипедска патека од добри 70 цм одбележана со бела линија, наеднаш се претопува во дипломатски паркинг одбележан со жолта линија (се разбира дека ова е направено со нечив благослов од градските власти или од МВР). И така потрошени се пари, наши пари, од градскиот буџет за комплетна импровизација и нерешавање на проблемот.Велосипедистите се принудени да возат на коловозните ленти, секојдневно играјки си руски рулет, бидејки сите знаеме колку стрпливи возачи на автомобили сме во нашава држава. Велосипедистите се казнувани од страна на сообраќајната полиција за „непридржување кон правилата во сообраќајот“. Значи велосипедистите мора да ги почитуваат своите обврски кон сообраќајот а градските власти нивните обврски можат комплетно да ги занемарат. Една препорака до градоначалникот, нека се качи на велосипед и нека проба од Ново Лисиче, или од Ѓоче Петров да стигне на работа. Притоа нека вози по одбележаните „велосипедски патеки“.Велосипедот е сепак едно од превозните средства на иднината. Потенцијалите на велосипедот се огромни и од аспект на превоз и од аспект на рекреација. Многу луѓе се откажуваат од ова средство за превоз чисто поради проблемите и фрустрациите со кои се соочуваат низ скопските улици. Ние најупорните секојдневно сме притиснати од сите страни, а конкретнава ситуација им оди во прилог само на сообраќајците кои што имаат налог на било каков начин да го наполнат државниот буџет.
- Додај нов коментар
- 1172 читања

доста се
доста се жалите, бидете среќни што скопје нема многу узгорници :о)
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
...
Па и да има узгорници што ќе биде проблем за возење точак?
Ментор, зимај
Ментор, зимај возачка и не кажувај многу прикаски, ние возачите од вас ке стоиме цел ден, да ми поминувате пред кола ко Кинези.
Од фраерска гледна точка!!!
ти си момак
ти си момак душбег ->
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Б. Коневски
Б. Коневски мислам дека и премногу не осакати со неговиот Прилепско-централно Македонски литературен јазик, што само 10% од Македонците го користат.
1. Не ме гибај.
2. Не ме задевај.
3. Шегобиец....
Затоа ве молам не си измислувајте зборови, во овој случај - Душбег.
Од фраерска гледна точка!!!
Дефиницијава
Дефиницијава ко скована за тебе: Douchebag, or simply douche - The term refers to a person with a variety of negative qualities, specifically arrogance and engaging in obnoxious and/or irritating actions without malicious intent.
Arguing on the Internet is like running the Special Olympics. Even if you win - you're still a retard
Што ти е на тебе
Што ти е на тебе бе ретардиран?
Од фраерска гледна точка!!!
Ајде сега
Ајде сега застани пред огледало и повторија твојата последна реченица на глас.
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice.