Груевски размислува за оставка

Оставка од премиерската функција е една од варијантите која ја разгледува македонскиот премиер Никола Груевски со неговата екипа, како форма на бегање од одговорноста за промената на името на Македонија.

Вака информираат за веб порталот журнал западни дипломати во Скопје кои инсистираат да останат анонимни.

Според нив, соочен со голем притисок за да се согласи со промена на името, Груевски ја разгледува можноста за оставка од премиерската функција, меѓутоа да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ова сценарио, до донесувањето на одлуката за промена на името, Владата би ја раководел првиот заменик на Груевски, Зоран Ставревски.

На тој начин, Груевски верува дека одговорноста за промена на името ке ја сносат претседателот Георги Иванов, привремениот премиер Зоран Ставревски, и Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Владата предводена од Ставревски би функционирала до предвремените избори кои би се одржувале напролет.

Не се исклучува можноста тие да се одржат во ист ден со референдумот на кој би се потврдила одлуката за промена на името.

Груевски со неговата екипа ги прават последните анализи дали ова е најдобрата варијанта за исполнување на обврската за промена на името од една страна, и зачувување на потребниот рејтинг за победа на предвремените избори од друга страна.

Единствената пречка останува меѓународната заедница, која тешко дека би се согласила со вакви акробации, во пресрет на решавање на едно толку значајно прашање за Македонија и регионот.

Слика на ViктоrFrаerот

Комуњарчиња,

Комуњарчиња, кога ке се помирите дека ги изгубивте изборите од Бугарите и дека ке ги губите во следните 5-6 години се додека рошавиот лопов ви е лидер? Наместо да земете да се организирате и да направите нешто за вашата партија вие само од глупости стоите и се лажете самите себе(пошто мене не ме лажете), Груевски сакатиот ке давал оставка, Бранко ке се вракал. Тука не треба да сте љути и нервозни, тука треба да се обработи.

Од фраерска гледна точка!!!

Слика на Tapa user

Не е

Не е автоцензура. Дебилизам е како што беше она кога на ударни вести на Сител дадоа дека Анџелина Џоли била киднапирана. Prank.

Цитат:
Луксузна јахта потонала во близина на брегот на Сент Тропе, Франција, јави Медиа Фичер доцна попладнево. Пријавено е исчезнувањето на актерката Анџелина Џоли, која наводно била на јахтата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110742

Еве на пример:

Neznaen Junak Shatters Masturbation World Record!

Само шо тоа за Гвујо е превод од Свет-alike весник.

Слика на гоце

Не е

Не е автоцензура, само цензура.

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Julls

А после, од кога

А после, од кога следниот ќе одлучи за името, Грујо пак ќе сака назад? Мислам, да не е ова само формално, да си избрише г’зот само...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Агрегирање содржина