КРИТИКА НА „КРИТИКА“...

Со мало задоцнување но сепак морав да реагирам. Во бројот на Шпиц од 16.11.2009, прочитав некаков обид за критика на операта за деца „Пепелашка“ изведена на 13.11.2009 во Македонската Опера и Балет. Овој текст наполно се вклопува во една друга поранешна моја реакција овде на блогерај. Со кој памет им се дозволува на некои персони не само да глумат новинари туку и критичари? Несреќната персона, автор/ка на текстов од Шпиц, пред да направи било каков обид за да ја информира јавноста, требало да се потруди и да се информира сам/ата себе. Ако пред 20 години беше проблем да се дојде до одредени информации, во денешниов технолошки напреден свет, каде што сите информации се кријат позади два клика, тоа повеќе не е проблем.
 
Како воопшто може „новинар“ (нема да речам критичар бидејки такво нешто очигледно не постои во државава) да си дозволи да оди на опера без притоа да се информира за позадината на истата, што таа представува, која е приказната, од кого е компонирано делото, кои се ликовите? Ако само искуцаше „Пепелашка опера“ (се разбира напишано на Англиски) на Гугл, и притоа само го отвореше првиот линк и го прочиташе одговорот на поставеното прашање, оваа катастрофа од текст ќе беше избегната. Со 15 мин поминати на интернет несреќнава персона ќе знаеше дека станува збор за опера напишана од Росини во 1817 со наслов „Ла Ченерентола“, ќе добиеше пообемно објаснување за дејствието и ликовите со се нивните имиња, и ќе сфатеше дека во операта навистина нема глувци.

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на scaptomant

True, true...

Најважно нешто што треба да се свати за целиот скуп творова на газда Велија, е тоа што, тоа е една огромна квази-империја, која ја внесува публиката и читателите во кич сферите на секојдневието. Да не трошам време на оние што ке го читаат постов, ке скратам само на информацијата дека знам дека "новинарите" кои работат за оваа квази-империја, се едни од најниско платените во МКД. Само по себе ова кажува дека се и едни од најнеквалитетните "новинари". Ова го кажувам од искуство. Две мои познанички, за кои тврдам дека не знаат ни името да си го напишат, работеа (или можеби уште работат), во некои од медиумите на Велија. За да не звучам наоштрен само на Велија, ке претпоставам дека истото се случува и во другите медиуми. Уште еден фактор за овој неквалитет кој го читаме, секако е лесниот начин на кој може да се стигне до звањето новинар. На секој чекор, постојат агенции кои нудат курсеви кои траат 2-3 месеци, кои те учат како да куцаш у Word и автоматски ти стануваш Оријана Фалачи! Така, од типка која наместо "есцајг" вика "ексес" и наместо "патрон празник" вика "парастос", добивате надуени новинарки, кои во медиумите треба да ве информираат и до некој степен да влијаат на вашето мислење! =

Слика на Зелен

а `а1 сторија

а `а1 сторија !!?!??!?!` или бизнис вести !?!?!?

трагедијата е шо и други `новинари` се малоумни па ги прифаќаат овие глупости

--
Linux is free, as long as your time has no value.

Слика на miopa

Опера за деца е

Опера за деца е грешка во концепција. А и за возрасни, ама они бар сами си се криви што идат :)

--
Црквата е храм на лагата и глупоста

Агрегирање содржина