Маскирани џандари снимаат прекршоци
Камери на „ловците“ побрзи од возачите
Екипа на „Дневник“ беше во патрола со полициски тим од автомобилите-пресретнувачи опремени со радар-камери, па се увери дека сообраќајците во главниот град имаат преполни раце работа
Не сум крив, жими мајка не возев брзо, само со 60 километри на час. Видов дека има автомобил зад мене, ама не знаев дека е полиција!
Вака возач од Куманово ја убедуваше сообраќајната патрола, која со камера монтирана во необележен автомобил го улови како вози со 78 километри на час наместо со дозволената брзина помала од 60 километри на час, завчера во скопската населбата Автокоманда.
Екипа на „Дневник“ беше во патрола со полициски тим од специјалните автомобили-пресретнувачи, познати меѓу граѓаните како „ловци“. Се уверивме дека сообраќајците во главниот град имаат полни раце работа.
Агресивни возачи, возачи што не даваат првенство на минување, автомобили што вртат полукружно преку тревници сред булевар, несовесни пешаци, кои скокат преку жардиниерите на само неколку метри од пешачки премин се само дел од сообраќајните прекршоци што ги забележавме возејќи се во „ловецот“.
НЕДИСЦИПЛИНИРАНИ И ВОЗАЧИ И ПЕШАЦИ
Возилата „ловци“ се опремени со софистицирани радари со камера и компјутер, кои ги регистрираат и ги снимаат прекршоците што ги прават возачите и пешаците.
Специјалниот уред се состои од ДВР видеоснимач, поставен на инструмент-таблата и ЛЦД-монитор, закачен над совозачкото седиште. Камерата, поврзана со ГПС-систем, ги снима коловозот и возилото што е напред и ги регистрира неговата брзина, како и часот и датумот. Снимениот материјал може да се испечати на терминалниот печатач во автомобилот или може да се сними на читачот на кој има мемориска картичка од која потоа се вадат снимките на кои се уловени сообраќајните прекршители. На задното стакло на „ловецот“ има уште една камера и монитор.
Кога полицајците ќе забележат дека возач прави прекршок, пресретнувачот вози зад него на оддалеченост од пет-шест метри и го снима. По неколку моменти полицаецот-совозач преку прозорецот и со палка „стоп“ му дава знак на возачот да запре и да се паркира. Ако камерата сними возило што направило прекршок, а што е зад полицискиот автомобил, се вклучува светлосниот уред на задната страна на „ловецот“ на кој пишува „стоп-полиција“.
Со необележаниот автомобил пресретенувач и со двајцата полицајци од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје, снимивме повеќе прекршители на сообраќајните правила.
Во почетокот од патролирањето со „ловецот“ се упативме кон излезот од Скопје, движејќи се по булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда.
На делот од булеварот што поминува низ населено место има густ сообраќај и многу пешаци, но ретки се возачи што внимаваат на ограничувањето на брзината. Додека се возевме, пред нас се движеше автомобил „фолксваген венто“ со кумановски регистарски таблички. Радарот покажа дека „вентото“ вози со брзина поголема од 60 километри на час и ја преминува дозволената брзина за движење во населено место. Веднаш почнавме да го следиме и да го снимаме. Брзината за кратко се зголеми на 70, а потоа на 78 километри на час. По речиси еден километар, полицаецот му даде знак да сопре на возачот, кој остана збунет.
Сообраќаецот го поздрави возачот и го праша дали знае дека направил прекршок.
- Не, не направив прекршок. Вие возевте зад мене и јас мислев дека сакате да ме поминете. Не знаев дека сте полиција - збунето одговараше возачот од Куманово.
Полицаецот му кажа дека возел со брзина поголема од дозволената, по што возачот упорно тврдеше дека возел со 60 километри на час. Потоа му кажа дека прекршокот е снимен со камерата и дека ако сака може да ја види снимката. Возачот се доближи до полициското возило и откако се увери дека направил прекршок, почна да го моли полицаецот да го пушти.
- Ве молам не ми пишувајте казна, годинава не сум казнет, па така и да заврши, друг пат ќе внимавам - бараше кумановецот.
Нашите соговорници раскажуваат дека најчест „изговор“ на возачите што направиле прекршок е дека не направиле никаков прекршок, а ретки се тие што ја признаваат вината.
- Го снимаме возачот и го запираме бидејќи со возилото поминал на црвено светло, а тој не' убедува дека светлото на семафорот било зелено. Секојдневно се среќаваме со вакви прекршоци, а дневно пишуваме по околу 200 казни - велат полицајците.
НИКОЈ НЕ ЈА ПРИЗНАВА ВИНАТА
Додека се возевме по булеварот Александар Македонски можевме да забележиме дека возачите, кои најверојатно се информирале за казните за непропуштање пешаци, дисциплинирано застануваа на пешачките премини.
Сообраќајците од „ловецот“ дневно пишуваат и по 200 казни за несовесните учесници во сообраќајот, кои направениот прекршок можат да го видат на мониторот или на испечатена фотографија
- Возачите сега повеќе ги почитуваат пешаците, но овде пешаците се' уште се плашат од возилата, па трчаат побрзо да ја преминат зебрата - вели нашиот соговорник.
Возејќи се кон Бит-пазар, пред надвозникот уловивме „голф“, кој преку тревникот сакаше да заврти полукружно и да се вклучи на спротивната страна од булеварот. Застанавме пред него, а возачот со раката ни покажуваше да продолжиме да возиме. Но, потоа виде дека во автомобилот се полицајци и сфати дека е фатен на дело.
Возачот излезе од „голфот“ и мавтајќи со рацете почна да објаснува како „во моментот му излегло нешто итно и морал да пресече преку тревникот“.
- Само што ми јавија дека нешто се случило со татко ми, па морав да се вратам назад. Ве молам не ми пишувајте казна - инсистираше возачот.
Полицаецот ги прегледа документите и му кажа на возачот дека за прекршокот ќе плати 25 евра.
- Бидејќи заврте полукружно, што е исто како да завртел на полна линија, возачот ќе биде казнет со 25 евра. Ако возачот ги загрозеше и другите учесници во сообраќајот, што во овој случај не беше направено, ќе требаше да плати казна од 300 евра и ќе добиеше забрана за управување со моторно возило од една година - ни објаснуваат сообраќајците.
Додека полицаецот го пополнуваше записникот, возачот упорно го убедуваше да го пушти. Откако записникот беше готов, полицаецот го праша возачот дали има забелешки.
- Немам забелешки, вие казнувате, во право сте - на крај призна возачот.
СНИМКИТЕ КАКО ДОКАЗ
Сообраќаецот му објасни дека наместо да плати казна, може да му бидат впишани негативни поени во возачката книшка, на што возачот се согласи.
Полицајците ни објаснија дека снимениот материјал и записникот на кој има потпис од прекршителот е доказ за прекршок, а снимките се доказ во судот за прекршоци.
Обиколката на градот ја продолживме по булеварот Партизански одреди, каде што, за чудо, возачите беа примерни. Но, не сите. Додека стоевме на пешачки премин, автобус на ЈСП со голема брзина помина покрај нас.
На пешачкиот премин кај хотелот „Карпош“ автомобил „фиат сејченто“ не пропушти пешак, кој веќе беше на средината на коловозот.
Камерата го улови „фиатот“ и веднаш бевме зад него. „Ловецот“ се доближи до „фиатот“, а полицаецот му даде знак да застане.
И овој пат возачот се чудеше каков прекршок направил. Полицаецот му објасни дека не пропуштил пешак и му ја покажа снимката. Потоа му кажа дека казната за овој прекршок е 300 евра и забрана за управување моторно возило до една година.
По ова, возачот се фати за глава. Кажа дека „не го видел пешакот“, а полицаецот му ги побара документите.
Но, освен сообраќајна дозвола за возилото, возачот со него немаше лична карта, ниту возачка дозвола.
- Набрзина излегов, имав нешто работа и не ги носам документите со мене, во другото возило ми се - велеше возачот.
Полицаецот му ги побара личните податоци и се јави кај колегите да проверат дали податоците се точни.
- Некои возачи сакаат да не' надитрат и ни даваат туѓи податоци на лица што се во странство или се отселени од земјава. Но, во базата за податоци ги имаме сите информации и веднаш ги откриваме измамниците - вели еден од полицајците.
По проверката се покажа дека овој скопјанец ги кажал вистинските податоци.
Бидејќи требаше да чекаме некој да му ги донесе личните документи на возачот или тој да биде приведен во полициска станица, полицајците решија да го казнат само со опомена.
- Многу ви благодарам, многу ви благодарам - им кажа возачот на полицајците и насмеан се врати во автомобилот.
Додека „фиатот“ си заминуваше полицајците прокоментираа дека се надеваат оти несовесниот возач наредниот пат ќе ги гледа пешаците и ќе застанува на пешачки премин.
Двочасовното дружење со сообраќајците го завршивме посакувајќи им да имаат што помалку работа, но со заеднички заклучок дека во Скопје е лесно да се пишуваат казни кога има многу недисциплинирани учесници во сообраќајот.
Даниела Вељановска
- Додај нов коментар
- 1791 читања

Жешка точка - Седмица
Вчера ми го препаднале цајканчето карши седмица две униформисни и задскриени лица од меверето. Чучеле зад капина и што правеле? Чекале некој да ги утне контејнерите кај седмица. Оп, пеес евра, за лошо гаѓање.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Ловците кај нас - видела жабата...
Не е толку лошо колку што изгледа. Досега беше збор на џандар против мојот, отсега се надевам дека ќе мора и доказ за грешката да се приложи. Ако и понатаму не треба, ондак жали боже парите дадени за ловците (и провизиите за нив). Инаку веќе не ти дозволуваат на суд да се разјасниш за сообраќаен прекршок, туку џандарите веднаш покренуваат прекршочна постапка кај нив. Наводно судовите биле неефикасни. Еб*те решението, наместо судовите да ги направат ефикасни како за нив, така и за обична раја, тие ги заобиколуваат. Ако немаш попаметна работа и имаш вишок пари, ОТПОСЛЕ можеш да ја обжалиш сумата што ќе ти ја ќарат со извршител во рекорден рок. Во комплет со непотребен доказ и АВТОПАТИ со ограничување од 80км/ч, ете ти начин за тортура на цивили. А интересен е и моментот кога ќе ги прашаш за точноста на уредите (радарите). Точноста им е 10км/ч под 100-ка и 10% над 100км/ч. „Баждарени се бе, дечко!“-е одговорот што се добива. Ако ме измери со радар дека сум возел 78, јас можеби сум возел 88, а можеби и 68. Но, не би можел да тврди дека сум возел повеќе од 68. За ГПС-уредите во спрега со движење зад возило може да се дебатира за точност до бесвест.
Итар Пејо
како иде тоа со
како иде тоа со извршителите? вршат работа? како?
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Ти доаѓаат дома
Ти доаѓаат дома и ти зимаат ствари. Изгледа функционира. Плус можат да ти земат пари директно од трансакциска сметка.
--
Црквата е храм на лагата и глупоста
Цитат: А
ова е уствари најинтересниот момент.
ако покаже на пример 81 км/ч, на место каде е дозволено 50 км/ч казната е 300 евра (150 у рок од 8 дена/300+судски трошоци+одземање на возачка+пушење кур на извршителот+една ќерка ако исшуштиш рок). за 79 км/ч казната е "симболични" 45 евра, или па неколку казнени поени во мистериозните возачки книшки. ужасот продолжува со тоа што ти можеш да ја платиш повисоката казна т.е. 150 евра во рок од 8 дена, и полицаецот кој те запрел ПАК да покрене прекршочна против тебе.. исходот на целиот процес е отприлика 99,8% во корист на "државата". а процесот на баждарење е на исто технолошко ниво со дигитрон од менувачница.
Маскирани џандари снимаат прекршо
Па добро не се цветки мора да се признае ова џандарите дека знаат да се наоѓаат на погрешно место во погрешно време и тоа е точно, дека скоро секогаш се реализатори на марфиевото правило а тоа е казани го оној што само еднаш скоро и несакајки ке згрши иако грешка си е грешка ама на кој не му се случила сепак во градов имаме сообраќајни терористи на кој ништо не им можат, на кој им замижуваат и така натаму, па дури ги нема и на журки каде јавно насекаде се пишува дека паркинзите се полни со колите на оние кој се на журките и се пијанат до бесвест. Како и да е објективно би било да се каже дека сообраќајот е катастртофален а за тоа делумно кривицата треба да ја понесат и самите возачи бидејки со тоа ке се подобри возачката култура а и ќе се зголеми сообраќајната сигурност, да не зборам дека оваа тема е една од компонентите која задира во областа на социјалната сигурност а која во време на грешно практицирање на демократија во голема мера е изгубена, од тој аспект ке ја поздравам оваа практика зосто мислам дека сепак треба некој да спроведе ред а тоа се токму овие органи на системот.
ме збуни тоа
ме збуни тоа точката у средина.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
признај
... дека и двете запирки те сопнаа.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
A.C.A.B
All Caps Are Bastards!!!
Еве уште една причина да ги мразам уште повеќе
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's
yea, lowercase
yea, lowercase saks!
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Што?!?!? _________________
Што?!?!?
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice.
ако треба да ти
ако треба да ти објаснувам, нема да ти биде смешно. :D
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
Маскирани џандари снимаат прекршо
Ова можда е ок у МК ама у САД, НИКАКО!!! Сеа една прикаска...
Имено, лани ова време возам ја у Вихокен на онаква улица со 2х2 ленти, нит забавиште, нит пешаци, и возам 52 милји. Арно ама да ти било дозволено 25 милји на саат. И ми се с`сна копилево и ми вика пошто си возел 25 милји над дозволено, за ова мора на суд да идеш и башка 4 поена на дозвола. Каков суд бе, крфтибам. И еве ти за ден-два ми стигаат едно десетина писма од адвокати со понуда да ме бранат. Глеј сеа. Државава Њу Џерси, ги објавува сите вакви прекршочни дела он-лајн, ама за да пристапиш треба да платиш штојазнам, 5000 долари да речеме годишно. И сите адвокати, нормално, се претплаќаат на оваа датабаза. И одбрав ја еден ортак, башка пред тоа гуглав и така е све што вика фраеров. Значи, иам избор или 125 долари казна и 4 поена или 200 долари него и 400 долари казна, ама без поени. Е сеа финтава е што ако идам со поени, самата осигурителна компанија, кај што бајдвеј плаќам 1200 долари годишно, ќе ми ја зголемат полисата на едно две иљадарки као несовесен возач и така едно 3-4 години. И се исценкав, опнав 600 долари (за лек да ги дадете пичка ви материна!) ама сеа сум чист. И ортаков адвокатов ми кажува по телефон, абе Чомбе, такво е местото, има такви десетина низ државава, каде што намерно изглеа дека можеш да возиш побрзо ама има знак, сокриен у жбунче, кој вика 25 на саат. Е зашто бе брат така? Епа јеби га, градот нема пари, и место да го дигнат порезот на самите жители, си нашле модус да ебат јабанџии што проаѓаат тука. Државен рекет, све им ебем...
Идам на суд, унапред со 600-ки у џеб, што да ти кажам, грчка амбасада гомна да јаде. Едно 200 комада чекаат ко мене. Судијава ко у Вазиристан, све му ебем, ако немаш адвокат, ма нејќе муабет да праи, само вика, иди најди си адвокат пошто на полошо може да ти биде. Ја доаѓам на ред, искача мојов адвокат, вика да, да, Чомбе е крив. Јеби га крив сум „јуар анар“, да ти се запуши казанче дома, у двор да сереш...Ептен се разочарав у правосудниот систем. Уствари тоа ми помина одма, ама 600 долари на гладно срце...Све им ебем!!!
као да тресе
као да тресе рака попарена со кључ вода, ми истрча пред кола со тоа стоп палицата... ЕУР 35, или 20 поени во книшка за прегорен десен фар... јебем ли га мајсторе, му викам..., во вожња да го сменам не можам, врне, прегорел..., не сум видел.... фраерот ми одговара дека од три прекршоци (одма да станам грк ако знаам кои..) ќе ми ЈА пишел само еден.. ги одпоздравив со пријатна вечер гласно... и да ви јебам све и вам и на владата, малку потивко...
аха... и кога ќе се сети некој да им ги смени униформите (хинт: јавна набавка)... не знаеш дали се водовод и канализација, паркови и зеленило, гранит.... а капчињата се посебна прича... на џандариве би им позавидела секоја посериозна маалска бејсбол екипа во бангладеш...
Све што кажа
Све што кажа Чомбета е вистина и бетер од тоа. Ми се има случено џандар да ми монтира случка а јас ни крив ни должен возам под околности кај што немаше теоретски шанси да направам таков прекршок (45 на 25) затоа што барав паркинг место. На суд смееш да се спротивставиш на тврдењето на џандарот и да одговориш not guilty ама тогаш ќе мораш да најмиш адвокат, да плаќаш судски даноци и све тоа е дизајнирано да те кошта џаол ипол па да не ти текне другпат така. Државен рекет, по пропис, еден куп. Имаме среќа што уште не ни се исквариле џандарите до толку.
Ха ха ха. Чомбе
Ха ха ха. Чомбе со неговото преубаво опишување на животот во УСА :)
БРАВО ! ! !
И стварно вака у таа Америката,, ја мислев само кај нас бе лоши џандариве?? Ц Ц Ц, сум се разочаруел сега . .ќе паден подршка за НАТО ем ЕУ за 0.0001% :) (или у ЕУ нема казни и лоши џандари??)
De gustibus non est disputandum ! ! !
па у америка
па у америка џандарите убиваат, газат, претепуваат, tazer-уваат итн. сигурно никој не сака да дојдеме до тоа дереџе.
барем кај нив и има некое разрешување на случаите .. кај нас, ќе се удавиш сам у кофа и толку е.
Море мамата
Море мамата нивна џандарска!
Arguing on the Internet is like running the Special Olympics. Even if you win - you're still a retard.