Македонскиот Расколников

Нова Македонија
Карамарков

Останати вести
Честитка од Иванов до Келер по повод 20-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид
Бeнзините и дизелот поскапуваат за половина денар по литар
Повторно ограбена црквата во скопски Чаир
Печати | Прати ја страницата | Врати се назад

Виктор Карамарков, 28-годишно момче од скопската населба Ѓорче Петров е македонскиот Раскољников кој во изминативе осум месеци убил четири жени, а осомничен и за три обиди за убиства, соопшти Министерството за внатрешни работи

Ги убивал со секира завиткана со пластична ќеса. Гледајќи ги во очи со десната рака ги удирал во десната страна на главата. Откако жени во бессознание ќе паднеле пред неговите нозе, ги кинел златните синџирчиња од нивите вратови, ги земал златните белегзии и прстени. Пред да го напушти местото на злосторството, со клуч ја заклучувал влезната врата од домовите на жртвите.

Неколкумесечната полициска операција под името “Раскољников“ им стави крај на убиствата и нападите на немоќни жени од 60 па до 80 години.

“Убиствата не биле долго планирани и немал одредена шема. Убивал од користољубие, прво проценувал колку отпор можат да дадат жртвите. Напаѓал жени сами и незаштитени. Не водел сметка за пленот“, вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Карамарков речиси секојдневно одел од врата до врата со здравствена книшка и наводно барал пари за неговата болна мајка. За Карамарков да биде уапсен пресудни биле две информации. Првата кога се обидел на еден скопјанец да му продаде телевизор. Но, ја заборавил секирата со која ги убивал жените кај скопјанецот. А, втората кога се обидел да продаде златен накит.

Убиецот, како што велат од МВР, чувствувал огромна грижа на совест. По секое убиство одел во црквата во Ѓорче Петров и во мислите се исповедал. Вечерта кога полицијата, откако собрала доволно докази, тргнале да го уапсат, го нашле Карамарков предозиран со апчиња.

Потоа им раскажал дека по последното убиство повеќе не можел да живее со фактот дека убил толку жени. Испил голема доза на апчиња во обид да си го одземе животот. Но, полицајците го спасиле од смртта, кога го пронашле предозиран веднаш е пренесен на Клиниката за токсикологија.

Во моментов Карамарков е сместен во затворот “Идризово“ под посебен надзор за да се спречи уште некој обид за убиство или било кој начин за да се самоповреди.

Испитуван на полиграф, 28-годишниот убиец ги признал сите убиства секое го раскажал во деталји. Но, се уште полицијата истражува дали можеби во некој стан во Скопје, неоткриена лежи и некој друга негова жртва. Бидејќи при распитот на инспекторите им рекол: “Не знам колку сум убил“.

Мотивот е утврден. Убивал за злато, единствена начин за да се снабди со дрога.
Како што им се исповедал на инспекторите, кога ќе го видел златото не вратот не жените не можел да се контролира.

Од МВР велат дека бројот на жртвите можел да биде и поголем. Од неколкумесечната истрага откриле, дека една жена била спасена да биде следна жртва од нејзиниот внук.

Карамарков како и секогаш заѕвонил на вратата, излегла постара жена. И рекол: Бабичке не сум просјак, ми требаат пари за мојата болна мајка. Баба се сожалила, влегла во станот да земе пари. Тогаш Карамарков влегол по неа и само што сакал да ја удри со секирата од соседната врата се појавил нејзиниот малолетен внук. Убиецот се повлекол, ги зел парите и заминал.

Карамарков, велат од МВР, е многу интелигентен. Бил првенец на генерација во средното училиште ГУЦ “Здравко Цветковски“, ги прочитал сите книги на Фјодор Достоевски. Потекнувал од нефункционално семејство, татко не е познат, неговата мајка со која досега живеел, имала социопатолошки проблеми и како што тој им раскажал на инспекторите често го тепала и малтретирала додека бил мал.

Карамарков денеска ќе биде изнесен пред истражен судија заедно со кривична пријава за четири убиства и три обиди за убиства. Се соочува со доживотен затвор, како казна за злосторствата што ги сторил во изминативе месеци.

Нетпрес

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на vikky

е фала ти

е фала ти александра88 што си се намачила за ова, колку е само корсино и интересно , не знам што да кажам..
добро, ете и кај нас се појавил сериски убиец.. ништо чудно

--Клукајдрвци ја издупија вилата на премиерот -- vest ! http://www.vest.com.mk/default.asp?id=128437

Слика на гоце

ќе стане

ќе стане интересно ако се самоубие у кофа пред да го осудат

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на Tapa user

Не е новинар. Ќе

Не е новинар. Ќе стане језиво ако се обеси со висок.

Слика на Evil_Genius

Македонскиот Расколников

aleksandra85 wrote:
Нова Македонија

Карамарков, велат од МВР, е многу интелигентен. Бил првенец на генерација во средното училиште ГУЦ “Здравко Цветковски“, ги прочитал сите книги на Фјодор Достоевски. Потекнувал од нефункционално семејство, татко не е познат, неговата мајка со која досега живеел, имала социопатолошки проблеми и како што тој им раскажал на инспекторите често го тепала и малтретирала додека бил мал.

мене од ова ми буди едно прашање.
Дали некој ќе сноси одговорност што првенците на генерација завршуваат како џанаци и сериски убици во борбата за дрога, место на факс и државна стипендија?
сепак ГУЦ е стручно школо не е логично да првенецот на генерација по аутоматизам добие стипендија и место на соодветниот факс?
Ај момаков е отиден у курац и за него нема назад, ама колку вакви треба да ни се десат за да се смени нешто, ама било што... да му светне на некој ???

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice!!!

Слика на Новица

абе... слободен

абе... слободен пазар.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на toomuchisnotenough

Македонскиот Расколников

Evil_Genius wrote:
Дали некој ќе сноси одговорност што првенците на генерација завршуваат како џанаци и сериски убици во борбата за дрога, место на факс и државна стипендија?

кој би требало да ја сноси таа одговорност и на кој начин?

да отиде у затвор? да плати казна? да го врзат на плоштад, па луѓе да го плукаат? да се извини на роднините на жртвите?

__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

Слика на Evil_Genius

Па ваљда има

Па ваљда има некоја институција во државава која се грижи за тие талентирани ликови, некој шо треба да додели, одобри стипендија, сепак се државни средни училишта и државен универзитет.
Додека бев дел од државниов универзитет имаше ликови кои земаа некакви стипендии и студентски кредити незнам од каде незнам како им се одобруваа ама дефинитивно небеа талентирани деца. (не дека и сумите беа големи ама секап..)
Има ваљда некои социјални служби кои требало да реагираат коа го јадел по дома као мал.
Не сум многу упатен и стручен на темава ама сигорен сум дека има барем 4-5 државни институции кои дебело ја имаат усрано работава, (не само со овој лик, камо среќа да беше еден) а живеат на грбот на жртвиве и роднинте на жртвите на нивниот неуспех.

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's more important to be nice.

Слика на Новица

Па ваљда има

Evil_Genius wrote:
Па ваљда има некоја институција во државава која се грижи за тие талентирани ликови, некој шо треба да додели, одобри стипендија, сепак се државни средни училишта и државен универзитет.

што знам, јас кога студирав се правеа разни финти за земање/давање стипендии и кредити.

Цитат:
Има ваљда некои социјални служби кои требало да реагираат коа го јадел по дома као мал.
Не сум многу упатен и стручен на темава ама сигорен сум дека има барем 4-5 државни институции кои дебело ја имаат усрано работава, (не само со овој лик, камо среќа да беше еден) а живеат на грбот на жртвиве и роднинте на жртвите на нивниот неуспех.

и тие исто така се приватизирани како повеќето јавни служби, само што не се толку интересни и профитабилни па да бидат по весници цело време. последното нешто што го дознав е дека едно семејство (жена директор, маж професор, деца ваму-таму, роднини) ја контролира работата со деца со пречки во развојот. ама баш никој во јавноста не објавува информации за овие работи. не би бил изненаден да е исто и со социјалните служби.

--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.

Слика на morchiba

раскољников

Како може некој да убива и да се вади на дрогата. Дрогата не го натера да убива ние имаме многу зависници таман работа ако сите почнат да убиваат кај ние крајот.....

Агрегирање содржина