1 декември, 2008 - 19:08
[веб кирилица]

Незадоволникот

од arsov на 26 фев 2003 - 23:03
Задоволството од себеси го облагородува човека.
Поради незадоволството од себеси, настануваат големи меѓучовечки проблеми. Заради незадоволство од себеси, еден човек ќе „плука“ со зборови врз друг, кој со самото свое битиствување на „повисока“ социјална положба го тера незадоволникот да се осеќа подолно, без оглед дали „плукањето“ има фактичка основа или не; без оглед на тоа што другиот нема ништо направено за да го испровоцира „плукањето“.

Незадоволникот својата причина за плукање ја наоѓа во самото негово и постоењето на оној по кој плука: зашто самиот тој е на место кое е „пониско“ на скалата на незадоволникот, од местото на оној по кој тој плука? Зошто не е обратното? Зошто... смреките шумат, реките жуборат, има луѓе кои тој поради самото нивно битиствување на земјава, ги мрази... зошто е прашањето кое му го мати умот на незадоволникот.

Заради незадоволството, незадоволникот нема да престане да плука дури и кога ќе му биде предочено со „суви факти“ дека она поради кое „плука“ нема никаква основа.
Зошто?
Дали е можно да незадоволството од себеси е толку јако да преминува(или се поистоветува) со самата верба?
Самата верба е нешто апсолутно на страна од рационалното. Верба и рацио, се двете можни состојби на умот, иако се можни и меѓу-состојби. Човек може да верува дека вонземјани го имаат донесено на земјава, може да верува дека е најпаметниот човек кој ја газел земјата... може да верува дека е создаден од некое „вишо“ битие, без оглед на тоа дали фактичката состојба укажува на нешто поразлично... може да верува дека земјава е стара 10000(или помалку) години.
Можеби веррбата на незадоволникот е најјаката верба! Можеби ја овде пишувам бесмислици! Можеби вербата на незадоволникот има основа во... реалноста!?

Кога очекувањата од себеси нема да се достигнат, е - тогаш, тогаш му е мајката! Тогаш настануват перипетиите во човечкиот живот. Тогаш човекот знае дека не успеал... а што сега понатаму; кога она за што сме сметале дека „не` бива“ испаднало грешка? Што откако сме сфатиле дека ние сме само едно мало, незначајно делче од Универзумот? Што кога сме сфатиле дека за 4милијарди години од Земјата како планета ќе останата само суви карпи, усвитени од топлина? Што кога сме сфатиле дека - евентуално - се` она за кое овде живееме, работиме, сите смисли за животот за кои сме мислеле дека ги има... едноставно нема да бидат важно дали воопшто постоеле!?
Тогаш - е тогаш, вербата зема замав кај човекот!
Тогаш човекот, како по навика, наместо да се соочи со фактичката состојба, ја закопува главата во песокот и - сонува! Сонува дека има „нешто“ кое не` „створило“... кое, евентуално, ќе се вратина Земјава од која избегало, и - ќе не` однесе некаде... или како што прекрасно се изразува Боб Марли во песната Стани, застани за твоите права:

Пороповедниците ќе ми кажат: небото е над земјата,
Јас знам дека ти не знаеш колку навистина вреди животот,
...
Најмногу од луѓето мислат дека Големиот Господ ќе спадне од Небото,
Ќе одземе се` и ќе направи сите да се чувствуваат „хај“(напафкани со марихуана),
Но ако ти навистина знаеш колку вреди животот,
Ти ќе ја бараш твојата радост на земјата...
Дали сега ја гледаш светлината - едноставно само,
Застани за своите права... не се откажувај од борбата.

Дали не ќе да е полесно ако животов го прифатиме каков што е, ама овде, на земјава која леб и вода ни` дава? Дали тогаш не ќе сфатиме дека всушност, кој е „погоре“ а кој „подоле“ на некои општествено поставени скали апсолутно е небитно... дали не ќе сфатиме дека сето тоа нема врска... дали тогаш не ќе сфатиме дека ние сме само одвај забележлив блесок во огромниот оган на универзумот... дали тогаш не ќе сфатиме дека овој живот е она што сигурно го имаме, несигурни во „живот откако ќе го снема животот“... дали тогаш нема да сфатиме дека разликата која можеме да ја направиме е само во контекстот, а фактите се независни...дали нема да сфатиме дека единствена разлика меѓу задоволството и незадоволството е - што е она што ние ќе го одбереме од двете и нема друга разлика... дали нема да сфатиме дека единственото нешто што вреди е дали во фактичката ситуација ние ќе ја најдеме радоста или не-радоста... дали тогаш нема да сфатиме дека ако во фактичката ситуација ја одбереме не-радоста, го одбираме очајот... имаме изгубено сигурно, дури и кога евентуално, плуканиците ќе бидат ефектуирани и ќе ја постигнат својата цел: незадоволникот да биде на повисоко социјално скалило од оној врз кого тој плукал...дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека цело време додека плукал - тој губел... дали нема да сфати дека за целото време додека плукал, губеле и оние околу него: губеле да го видат радосен, насмеан, задоволен од себеси... дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека и откако ја има постигнато целта... тој уште губи: оти - секогаш има човек кој тој го мрази од дното на својот ум, кој е на повисоко место од него!
Дали кога ќе ја сфати својата временска, ништожна улога во Големата слика, незадоволникот нема да сфати дека во основа, она што му останува е да проба да се осеќа радосен заедно со другите ништожници на земјава - додека може, секако.
Дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека дали некој бил на оваа или на онаа позиција во општествените мерки на ништожниците - е едноставно, апсолутно небитно.

Дали кога ќе ја сфатиме големината на искрата во оганот на Универзумот нема да сфатиме дека она што ни` останува е да ја бараме радоста во овој живот, оваа секогаш единствена искра во оганот на Универзумот, а да не ги спречуваме и другите да ја најдат својата радост во него... додека краткиот блесок од малата искра не згасне.

Опции за гледање на коментари


Незадоволникот - од cyber_sex на 27 февруари, 2003 - 11:37

koj prv ke dade komentar kje go izede cel seir [се смее]))))))))

Незадоволникот - од arsov на 27 февруари, 2003 - 12:08

Очекувам одговорот да е барем полу-сериозен, али изгледа тешко може да биде сфатен текстот.
П.С. сеирот векје го изеде првиот без-врска!!! одговор. Се надевам следните ке бидат поинспиративни.

сликата на Psychonaut
Незадоволникот - од Psychonaut на 27 февруари, 2003 - 13:07

Da vidish ti jas ednas vo vtora sredno kakva ubava pismena rabota imav napishano....

сликата на гоце
Незадоволникот - од гоце на 27 февруари, 2003 - 13:28

Ај најди ја да ја објавиме [намигнува]

Незадоволникот - од cyber_sex на 27 февруари, 2003 - 13:51

na koja tema bese pismenata?

сликата на Psychonaut
Незадоволникот - од Psychonaut на 27 февруари, 2003 - 14:57

krushata vo mojot dvor

Незадоволникот - од vande на 27 февруари, 2003 - 14:19

...али изгледа тешко може да биде сфатен текстот

Тука си целосно во право. Како нестудент на филозофски факултет или сл, имам потреба од објаснување:
Ако те отпуштат од работа треба да се бориш за земните права штрајкувајќи или да бидеш среќен, што барем стан имаш?

И за крај, од мене одличен 5- [се смее]

Незадоволникот - од sage на 27 февруари, 2003 - 18:21

Dali tekstov treba da e odgovor na vecnoto prasanje "Koja e shushtinata na zivotot?, Koi sme, od kade sme, kade odime " [се смее], ili pak da go preprociam (go citav so skokanje) [се смее]

Незадоволникот - од Челик на 27 февруари, 2003 - 18:29

Текстов не е лош ама знам дека ќе затангира бедни 1%

сликата на гоце
Незадоволникот - од гоце на 27 февруари, 2003 - 20:02

Само тебе и авторот, со други зборови? [се смее]

Незадоволникот - од икспе на 27 февруари, 2003 - 20:30

Aко разбрав добро, поентата е дека секој поединечно треба да е задоволен што воопшто има шанса да биде делче од мозаикот на "Големата Слика на Времето и Универзумот"? Односно, треба сите да сме цело време среќни само поради фактот што постоиме, и да не ни е гајле за социјалната положба и статус, кој е толку маргинален што е непостоечки во однос на веќе споменатата Голема Слика.

Ако е тоа поената, еве го моето мислење:ТОА Е ТОТАЛНО СРАЊЕ ОД СТАВ! [се смее]

Во ред е да си радосен и среќен без разлика на се, ама ај да те видам биди тоа во момент (фрагмент нели? [намигнува]) со празен стомак, нејаден 3 дена, во искинати алишта, прљав, спиејќи во некој уште попрљав агол, сам, без никого со кого би споделил барем една насмевка...

Твојот став дека е небитна сегашноста заради иднината и дека се што правиме е небитно, т.е. не важно дали постоело, е став на тотална инертност.

И на крај да те прашам, дали тоа значи дека индивидуалниот живот поради својата ништожност во рамките на Големата Слика и бескрајот на времето е безвреден и небитен? Дали сметаш дека е ок да излезам сега на улица и да го упуцам комшијата само затоа што тоа можеби ќе ми измами насмевка на лицето? На крајот на краиштата, зошто би ми биле важни туѓите животи (или својот кога сме веќе кај тоа) ако сум среќен во секој момент и на секое место (затвор, електрична столица) и нижтошен во бескрајноста? Всушност, зошто воопшто би бил казнет за нешто лошо ако самата казна е ништожна и не важна во Големата Слика?

Зошто би се трудел човекот (како суштество) да постигне нешто со своето постоење ако во моментот и во сите други моменти е среќен? Во оној момент кога СИТЕ луѓе ќе бидат среќни цело време, ќе биде моментот на колективно самоубиство на човечката раса.

А можеби и не ја разбрав поентата, а? [намигнува]

Незадоволникот - од arsov на 28 февруари, 2003 - 01:22

Секако дека текстот е напишан според мојот склоп на мисли. Мислев да го напишам колку што е можно со по-едноставни мисли и со едноснасочна логика. Сепак и покрај тоа што мислам дека СРАЊЕ - СТАВОТ во текстот е многу едноставно пренесен на хартија од моја страна, испадна дека сепак, читателот е тој кој може да го менува она што е напишано.
Поентата е(за да не се трудиш да ја разбереш):
1) не треба да се замараме со тоа дали некој е на оваа или онаа положба во општеството;
2) треба да се трудиме самите ние да си го подобриме животот, кој е
3) еден и единствен;
4) Да си го подобриме животот, без да го повредиме другиот.
Мислам дека поентите се многу јасни, али друга тема на дискусија е како тоа читателот кој не сака да го сфати текстот, си гради свој филм по основа на текстот, со ТОТАЛНО спротивна конотација, одошто е јасно напишаното.
Поздрав.

Незадоволникот - од икспе на 28 февруари, 2003 - 12:44

...испадна дека сепак, читателот е тој кој може да го менува она што е напишано.Па секако, зарем мислеше дека е поинаку? [намигнува]
Поентата е(за да не се трудиш да ја разбереш):[се смее]))
1) не треба да се замараме со тоа дали некој е на оваа или онаа положба во општеството;Toчно.
2) треба да се трудиме самите ние да си го подобриме животот, кој еПак точно.
3) еден и единствен;Така е.
4) Да си го подобриме животот, без да го повредиме другиот.Апсолутно.Ај сега уште да ми покажеш каде ги кажуваш (и со што) сите овие "поенти"? [намигнува]

како тоа читателот кој не сака да го сфати текстот, си гради свој филм по основа на текстот, со ТОТАЛНО спротивна конотација, одошто е јасно напишаното.Па изгледа не е баш јасно...

Незадоволникот - од Goranski на 27 февруари, 2003 - 22:22

абе arsov брат со да ти кажам освен дека не треба да се замараш со толку небитни работи...Барајќи смисла во нешто бесмислено не вреди....па така да и го подржувам икспе дека не можеш секогаш да бидеш среќен , а ако твојот комшија ти „понуди„ вештачка насмевка можеби е поради тоа што сака да и тебе те натера да помислиш на нешто што те прави среќен а не да ти прави лице.....

Незадоволникот - од arsov на 28 февруари, 2003 - 13:27

Поздрав.
Небитни може му изгледаат на игнорантниот ум, без огледа дали е игноратнен поради тоа што во живото не наишол на таков проблем или од личен каприц(едноставно, карактерот му се поклопува со карактерот на незадоволникот - па тука само нешто пишува... со позантата и излитена финт: <b>„ќе кажам нешто глупо или без смисла и релација со веќе кажаното и тоа што беше претходно кажано ќе се заборави“</b>). Кога ќе дојдеш во ваква животна ситуација ТИ лично, тогаш ќе ги сфатиш навистина искажаните зборови...
Но, мојата цел е постигната, како што Челик кажа, да тангирам мал дел од луѓето кои го сфаќаат текстот, и да размислат малце повеќе на темата.
Втора цел ми беше од оное кои го сфатија текстот да напишаат свои размислвуања, за и мене малце да ми се отоврат очите, со туѓото слично искуство.
....
П.С. како и секогаш во историјата и денешницата, оние кои не се продуктивни, се само блесоци во оганот на универзумот кои никој нема да ги запамти дека некогаш блеснале; оние кои се продуктивни, кои шират позитивни емоции, тие се искрите кои, откако ќе блеснат... оставаат впечаток, нивната светлина се шири и понатаму.

Незадоволникот - од SexNaEx на 28 февруари, 2003 - 02:01

дечко абе текстов нема веза, шо е ова текст од типот на "говорете македонски" не си нашол соодветна примена на одредени неологизми и ретко употребливи зборови па се истури тука, барем да имаше некоја содржина освен онаа твојата егоистичка, не дека не го разбрав текстот, ама стилот ти СМРДИ ![се смее]

сликата на farcuaad
Незадоволникот - од farcuaad на 28 февруари, 2003 - 09:46

SexNaEx, каков стил на критика гледаш во твојата реченица:
не дека не го разбрав текстот, ама стилот ти СМРДИ ![се смее]
Колку само лошо изгледа што воопшто реагираше со таков коментар на текстот, кој можеби нема уметничка вредност, туку брзи мисли и ставови пренесени на хартија (т.е. во Notepad во овој случај [се смее]).
Како и да е, текстов е категоризиран како колумна, не е сеир и сл; мој совет до тебе: другпат ако немаш да кажеш нешто конструктивно, не го губи времето за бадијала... сметаш!!!

Незадоволникот - од arsov на 28 февруари, 2003 - 13:40

Поздрав.
Небитни може му изгледаат на игнорантниот ум, без огледа дали е игноратнен поради тоа што во живото не наишол на таков проблем или од личен каприц(едноставно, карактерот му се поклопува со карактерот на незадоволникот - па тука само нешто пишува... со позантата и излитена финт: „ќе кажам нешто глупо или без смисла и релација со веќе кажаното и тоа што беше претходно кажано ќе се заборави“). Кога ќе дојдеш во ваква животна ситуација ТИ лично, тогаш ќе ги сфатиш навистина искажаните зборови...
Но, мојата цел е постигната, како што Челик кажа, да тангирам мал дел од луѓето кои го сфаќаат текстот, и да размислат малце повеќе на темата.
Втора цел ми беше од оное кои го сфатија текстот да напишаат свои размислвуања, за и мене малце да ми се отоврат очите, со туѓото слично искуство.
....
П.С. како и секогаш во историјата и денешницата, оние кои не се продуктивни, се само блесоци во оганот на универзумот кои никој нема да ги запамти дека некогаш блеснале; оние кои се продуктивни, кои шират позитивни емоции, тие се искрите кои, откако ќе блеснат... оставаат впечаток, нивната светлина се шири и понатаму.

Незадоволникот - од DonJuan на 28 февруари, 2003 - 16:42

arsov, moram da kazam deka ne e onaka apla jasno na sto si mislel, megjutoa se slozuvam so objasnuvanjeto sto mu go davas na ikspe.

"sekoj treba da si ja gleda svojata rabota" e mnogu ednostaven princip no vo mk isklucitelno tezok da se sprovede.

site poveke se interesiraat za drugite otkolku za sebe, pa od tamu doagjaat i nezadovolnite. vo posiroka smisla, od tamu doagja i "da mu umre na komsijata kozata, a podobro i toj da rikne ako moze.."

istotaka ova moze da se vidi i vo biznisot kade sto nekoj e spremen da se otkaze od dobivka samo za ti da ne dobies poveke... itn...

nego zaebi filozofiranje, sigurno Hugh Heffner vo ovoj moment ne se zamara so vakvi tematiki...[се смее])

pozdrav
Don

сликата на Gorco
Незадоволникот - од Gorco на 1 март, 2003 - 01:10

бла,бла,бла,бла,бла,бла,бла,бла,бла...............

Од незадоволникот, преку: смреките-реките, вербата во вонземјани, зошто постоиме, "објаснение" што е животна радост до "големината на искрата во оганот на Универзумот".... се тоа засладено со голема доза на лична фрустрација !!!

А да напишеш текст на тема од Psychonaut, "крушата во мојот двор" ?

Незадоволникот - од Goranski на 1 март, 2003 - 02:12

хахаха крушата во мојот двор хахаха

Незадоволникот - од spiun на 1 март, 2003 - 17:50

Работата е во тоа што Човекот ја сфатил Ајнштајновата теорија која вели :

Се е релативно.

???

Имено, битноста, значајноста или незначајноста на работите е РЕЛАТИВНА. Во однос на универзумот ние сме нижтожни и мали, бедни, безначајни. Во однос на било кој атом ние сме сложени и супериорни и ужасно комплексни (и по "битни"). Во однос пак на нашиот живот - со нас управуваат неколку нагони кои не тераат да ги постигнеме животните цели. Кои никогаш нема да ги постигнеме, затоа што се заменуваат со други.

Или, во конкретниов случај, тоа што тврдиш дека ова или она не е битно, тоа не држи вода (ите како е битно, само се зависи на кое ниво некој човек ги доживува работите околу себе)

Мерило за битноста е човекот.

Оттука речиси секој човек (па дури и оној мудриот) е незадоволник. Најголем незадоволник е оној што најмногу изгубил во моментот. Најголем задоволник е оној што најмногу добил во моментот. Такво суштество е човекот... задоволно е кога добива (не ме дупчете за ова "добива" [се смее]), а незадоволно кога губи.

Незадоволникот ја носи несреќата на задоволниците околу себе.

Задоволникот ја губи срекјата бидејки неможе да ја сподели со тие околу него, кои се најчесто незадоволници.

Затоа, повеќето луѓе на светот се незадоволници.

[тажен]

Незадоволникот - од Челик на 3 март, 2003 - 19:36

...Големите луѓе во себе кријат голема тага

[се смее]

Незадоволникот - од Gluteus на 25 јуни, 2003 - 08:56

Вие изгледа не сте го запознале тој Арсов [се смее] запознај го соговорникот па ке знаеш што знае и која му е културата... но вие сте кутри мали зјапачи во монитор [се смее] Не сте вие криви што не знаете со каква патетика си имате работа [се смее] Ја лично го имам приметено на mIRC и кои муабети ги прави и тоа исклучиво со припадничките на женскиот пол, па вие сега заклучете сами каде му е патетиката и зошто тој е незадоволен од животот [се смее] ноубади лавз хим [се смее] ноубади ивн лајкс хим [се смее] ама затоа може да се гордее со тоа дека сите го презираат [се смее] ај живели ...