Веронауката пред Европскиот суд за човекови права
Веронауката пред Европскиот суд за човекови права
Не оној што гледа луто, туку оној што гледа паметно, тој изгледа страшен и опасен-како што човековиот мозок е пострашен од канџите на лавот. Шопенхауер, „Паранези и максими“
Министерот за правда Михајло Манески, за „Утрински весник“ од 26 септември изјави дека Владата чкрипи со забите на одредени одлуки на Уставниот суд. При донесувањето на одлуката (У.Број:202/2008-0-1 од 15.04.2009 година) Уставниот суд не ценел дали укинатиот член 26 од Законот за основно образование е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.
Уставниот суд на Република Словенија, оценувајќи ја веронауката во У-И-68/98 од 22.11.2001.година, го направил тоа. Прекршени се повеќе одредби од Европската конвенција, а јас ќе се задржам на родителите како жртви и на Протокол еден, член 2, кој гласи: „Никому не смее да му биде одземено правото на образование. При изведувањето на функциите, кои што се во врска со воспитувањето и образованието, државата мора да го почитува правото на родителите, на своите деца да им обезбедат такво воспитување и образование, кои што се во склад со нивното сопствено верско и филозофско убедување.“
Од цитираниот член е јасно дека државата е должна да обезбеди воспитание и образование во склад со верското убедување на родителите. Државата тоа го направила со укинатиот член 26 од Законот и почнала да го реализира, но Уставниот суд со укинувањето, го прекршил човековото право на воспитување и образование во склад со верското убедување на родителите.
Авторите на одредбата беа свесни за состојбата во тоталитарните системи, во кои децата беа изложени на систематска идеолошка пропаганда и со тоа го спречија легитимното влијание на родителите. Верската поука во јавното училиште не е во спротивност со вториот член на Протоколот, доколку постои можност, заради верските или филозофски убедувања на родителите, децата да не ја посетуваат (случај Ангелени против Шведска). Ова одлука на Европскиот суд за човекови права е во спротивност со одлуката на Уставниот суд.
Курикулумот (училишна програма) на Европското училиште за еврократи, востановено 1953 на иницијатива на службениците на Европската заедница за јаглен и челик, со потпора на институциите на Заедницата и луксембуршката влада, го почитува верскиот елемент. Курикулумот е плод на соработка на многубројни европски влади и темели на потребите на децата од различни народности, кои зборуваат различни јазици.
Едно од начелата на училиштето и на неговата училишна програма е и тоа што училиштето и учителите ја почитуваат совеста и убедувањето на поединците. Верското образование (религиоус едуцатион) или образованието во неконфесионални етики (едуцатион ин нон-цонфессионал етхицс) се составен дел на училишната програма. Секој ученик може да избира дали ќе следи веронаука или етика, меѓутоа мора еден од двата предмети задолжително да го избере. Со други зборови, предметите веронаука и етика се задолжителни изборни предмети во сите одделенија, односно школски години. Училиштето содржи осум одделенија основна школа и четири класа средна школа. Во првите години, како на основната, така на средната школа, предметот опфаќа два часа неделно, а во повисоките класови пак, по еден час неделно. На пример, заради лаичноста на Франција, таа е најпогодна за споредување со Македонија. Во приватните школи во Франција (20 отсто) се изведува верска поука. Приватните школи, врз основа на законот од 1959 година, можат да склучуваат со државата концесиски спогодби. Во таков случај, државата ги финансира приватните школи, а ги плаќа и свештените лица, кои поучуваат на нив. Уставно неоспорно е и финансирањето на верските приватни школи од страна на локалните заедници, особено општините и други јавни тела.
Во дел на Франција (во три департманти) покрај нејзината источна граница, верска поука е дозволена и се изведува на државен трошок во сите јавни школи, исто така и во основните. Познат е случај од блиското минато на Уставниот суд, кога во многу посилен состав, направи кардинална грешка и ја укина правдата и правичноста како неуставна. Имено, во 1996 година, адвокатот Рафаил Черепналкоски од Скопје, поднесе иницијатива со која што побарал да се утврди неуставност на член 4, став 2 од Законот за судовите што гласи: „водејќи сметка за принципот на правда и правичност.&рдљуо; Секој добро известен правник знае дека правичноста е врховно начело на правото и веќе беше вградено во некои закони, помеѓу кои Законот за облигационите односи (основните начела, справедлив надомест итн.). И покрај тоа, Уставниот суд на 10.09.1996 година носи одлука У.Број:20/1996-0-0 со која што се укинува член 4 став 2 во делот што гласи:„водејќи сметка за принципот на правда и правичност“.
Спротивно на нашиот Уставен суд, Аристотел („Никомахова етика“) смета дека правдата е кралица на сите доблести, а дека правичноста е еден вид праведност но подобра од праведноста, бидејќи таму каде што законодавецот не предвидел решение за одредена животна ситуација, се појавува правичноста и го решава случајот како што би го решил законодавецот, доколку случајот би постоел во време на носењето на законот.
Господинот Стамен Филипов, повторно бара во 2001 година Уставниот суд да ја укине правичноста, сега во друг закон. Овој пат за истата работа, за правичноста, Уставниот суд носи сосема спротивна одлука од претходната, со која ја укинува правичноста. Сега, Уставниот суд носи решение У.Број:79/2001-0-0 од 14.11.2001 година, со кое не се поведува постапка за оценување на членот 122 став 3 во делот што гласи: „водејќи сметка за принципот на правичност“.
Носејќи спротивна одлука, за исто прашање, Уставниот суд во истиот состав, ја признава сопствената грешка, повикувајќи се на меѓународните договори во кои овој принцип е застапен.
Доколку било можно Уставниот суд во најсилниот состав, за врховното начело на правото да направи таква кардинална грешка и да ја укине правичноста, уште повеќе е веројатно дека мнозинството на сегашниот Уставен суд донело погрешна одлука.
Марјан Попески, адвокат и судски преведувач
- Додај нов коментар
- 1618 читања

хопа,
хопа, европскиот суд за човекови права се изјасни за слично прашање:
Pravna bitka koju je Talijanka finskog podrijetla Soile Lautsi započela davne 2002. godine dobila je svoj epilog na Europskom sudu za ljudska prava u Strasbourgu: prisutnost križa u školskim učionicama, stoji u objašnjenju presude, je “povreda pravu roditelja da odgajaju svoju djecu temeljem vlastitih uvjerenja” te predstavlja “povredu religijske slobode učenika”.
http://impious.wordpress.com/2009/11/04/europska-skola-jednakosti/
до кај е со работава Марјан Попески, адвокат и судски преведувач?
Споредбата со
Споредбата со Франција не му држи вода, пошто очигледно се работи за приватни училишта кои добиваат помош од државата за секуларното образование, а на своја сметка дополнително додаваат и веронаука. Дури и во тој случај важно е дека самото секуларно образование т.е. програмата повторно е контролирано од државата.
Туку интересна
Туку интересна идеја... доколку интерпретацијата на Марјан Попески се прифати како точна, а имаме:
Со оглед дека Protocol I го дополнува Section I и интерпретацијата дека „Од цитираниот член е јасно дека државата е должна да обезбеди воспитание и образование во склад со верското убедување на родителите.“ тогаш било кој кој престојува во Р.М. - па дури и некој што не е граѓанин на Р.М. - има право да бара државата даму обезбеди соодветно верско образование.
Листата со веронауки кои јас сакам да се изучуваат ќе следи понатаму.
одлуката на уставен суд
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf/ffc0feee91d7bd9ac1256d280038c474/e30b265e8fc3fa71c125759f0044ecba?OpenDocument
Според мене, делот
јасно кажува дека член 26 од законот не е согласно со одредбите на уставот, а богами и со цитираната конвенција.
Цитат: http://www.hri.
Јасно е како ден, „the right of parents to ensure such education“ .. родителите треба да обезбедат таква едукација ... во случајот „веронаука во образвниот систем во Република Македонија“ се бараше Државата да го обезбеди верското поучение.
Марјан Попески,
Марјан Попески, адвокат од Охрид, истакнат член на дпмне...
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Марјан Попески,
А богами и судски преведувач... Туку, имаш ли и некоја забелешка во врска со содржината на текстот? Или во случајов е доволно да се искоментира ад хоминем, само затоа што типов е од... Охрид?!? :)
Life is a sexually transmitted disease
Марјан Попески,
AFAIK, ако уставот и конвенцијата се во конфликт - тогаш уставот ваљда победува... секако додека не го смениме.
Би сакал да ја видам изворната конвенција додуше.
каква
каква правичност има у тоа попови и жени со попско школо да ги плашат децата со прикаски за пеколот? тоа за мене е злоставување на деца.
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Кои идиоти
Кои идиоти бре!!!
Никој не ја забрани веронауката, туку само ја отстрани од училиштата. Никој не им забранува на верските институции да организираат верско учење. А пред укинување на веронауката, БЕА прекршени човековите права. Што доколку јас не сакам моето дете да посетува веронаука? Атеизам, сатанизам, будизам, марсовци, мали виолетови створења што живеат длабоко под земја... Кој би предавал за тоа? Како јас би имал слобода на избор, кога државата ме обврзува и ми пропагира?!? Државата не смее да се меша во верските институции, а ни тие во државата.
Да живее фиwewoт! Gwooyo! Gwooyo! Gwooyo!
______________
There he goes. One of God's own prototypes. A high-powered mutant of some kind never even considered for mass production. Too weird to live, and too rare to die.
Е јеби га. Ни
Е јеби га. Ни јас на времето не сакав да учам марксистичка социологија (тоа што предметот се викаше „Социологија“ воопшто не го правеше помалку марксистички), ама кој ме прашуваше. И замисли, не ми беше дадено ни правото на избор наместо тој предмет да изучувам алтернатива која би се викала, што знам, „Историја на општествените идеи“ ор самтинг. И сето тоа во услови на као демократија и де-идеологизација на образованието.
Life is a sexually transmitted disease
Цитат: Е јеби
м? ова ти е аргументот?