ЗА КОКИНО... ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ...
Воопшто не можам да ги сфатам Македонскиве археолози. Толку се или исполнети со его или со политика, што кај нив воопшто повеќе нема објективност. На секое прашање или сугестија нивниот првичен одговор е „тоа е глупост...“ и одма потоа нивното его настапува на сцена за на крај да кажуваат дека ете они завршиле факултет за тоа и дека мора да се во право.
Текстов ќе оди во насока на реакции за написите што излегоа за Кокино деновиве по дневните гласила. Откако се утврди дека Кокино е опсерваторија, наеднаш се крена голема фама помеѓу самите археолози. Јас лично во последно време го сфаќам проблемот и еве овде ќе укажам на истиот. Тие очигледно не се навикнати на некои нови трендови што веќе десетици години постојат во светот, фузирање на две научни дисциплини што навидум немаат допирни точки. Еве на пример Архео-Астрономија, најчесто се подразбира тимска работа на луѓе што се разбираат од двете области и компарација на добиените резултати со цел одредување на профил на локалитет што во минатото бил користен за набљудување на небесните објекти. Од фундаментално прашање е како древните луѓе ги гледале и ги објаснувале појавите на небото, како ги одредувале годишните времиња, па ете во поголемите култури и како изработувале календари. За нашите археолози, очигледно дека развојот на Археологијата е запрен пред едно 40тина години. За нив Археологијата представува само копкање со лопатчиња и пронаоѓање на артефакти кои потоа ќе ги санираат и изложуваат.
Денес ја добив реакцијата дека тоа што еден локалитет е опсерваторија во никој случај не го прави поважно од фактот дека првенствено бил локалитет. Еве во таа насока ќе потенцирам, независно од тоа дали се води полемика околу тоа дали Кокино е мегалитска или не е мегалитска , опсерваторија сепак е, и тоа е засега неоспорен факт. Исто така е и археолошки локалитет. Фактот дека е опсерваторија, и тоа доста стара, го прави локалитетот уникатен, еден од десетината такви познати во целиот свет. Нашите Археолози наместо да се прилагодат и почнат да размислуваат во насока на соработка со астрономите по однос на ова прашање, тие го омаловажуваат астрономското одбележје на Кокино, најверојатно плашејки се од Астрономијата бидејки тоа за нив е сосема непозната наука и се чувствуваат загрозени од Астрономите и цело време потенцираат дека Астрономите им се мешале во работата. Па дајте веќе еднаш приберете се, погледнете малце и настрана од вашите четкички и шпакли и да соработуваме. Ако вие несакате да правите профили на локалитети со одредена намена (во конкретниов случај Астрономска), а некој тоа мора да го направи ова, тоа само им ја отежнува работата на астрономите. Наместо заеднички да ја водиме битката, ние секогаш сме сфатени и разбрани дека сме немале врска од археологија и ете не ни било местото таму па така како астрономи автоматски сме против вас.
Дајте веќе еднаш погледнете настрана од политиката и од копалчињата и сопственото его. Ако навечер погледнете нагоре во ведрото небо, таму ќе видите многу ѕвезди што и древните луѓе исто така ги гледале и тоа многу повеќе и подобро отколку вие денес. Одговорот на прашањето што тие луѓе гледале на небото, само ќе ја докомплетира нивната историја.
- Додај нов коментар
- 1438 читања

Кој е Ѓоре
Кој е Ѓоре Ценев? Сем што е раководител (или така нешто) на проектов? Пред Кокино со што се занимавал и кои се неговите откритија, писанија..? Сем тоа што го читам дека е раководител на Планетариумот при МКЦ, каква врска има со археологијата? Колку има познавања од археологија, дали се консултира и работи со археолози на Кокино? Или само претпоставува постоење на култура од одредено време врз основа на некои податоци кои смета дека се релевантни?
Се поврзува постоење на култура која била во исто време со Минојците? Кој го тврди тоа? Дали тој сериозно консултира и соработува со археолози (па дал наши или други, сеедно) кои можат да го потврдат следново:
Самата опсерваторија на Кокино, која служела како календар за мерење на времето, е меѓу главните дострели на интелектуалните и духовните капацитети на таа култура. Во околината има и најмалку десет археолошки локалитети од бронзениот период со фигурини на луѓе и животни. Ценев се надева дека културата имала и свое писмо и ако тоа биде откриено тогаш Кокино ќе ги исполни сите критериуми за да се смета за древна цивилизација, најстара на Балканот.
Ова е МНОГУ сериозна претпоставка, премногу сериозна за да биде рекла-казала. Вака како што до сега се поставени работите, јас го гледам како рекла-казала, дур не се најде тим кој ќе ги потврди овие претпоставки. Ако воопшто има и малку вистина во ова, или барем некоја претпоставка, зошто мислиш дека археолозите не би се нафатиле да работат на откривање на истата? Не може Ценев да се надева дека во Кокино имало древна цивилизација! Многу е глупо ако си сериозен истражувач да се надеваш на вакво нешто. Треба отприлика да имаш показатели за надежта. А фигурините од околината ќе ги најдеш на уште куп места во Македонија. Кај и да копнеш ќе наидеш на некој културен слој. Дали тоа значи дека во секој таков има некоја цивилизација?
Не збориме за политика, секој вистински истражувач од ова поле е позаинтересиран за слава со откритија, отколку слава со политика.
Многу прашања се зошто, а одговор каде да очекуваме?
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
...
Не може племе од 20 души да изгради Опсерваторија што потоа ќе се користи 500 години. Уште од откритието дека Кокино е опсерваторија тоа беше кажано и нагласувано од тимот истражувачи од Планетариум, но археолозите упорно одбиваат да седнат и да си сработат на тоа поле, затоа што им се чини пре обемен проект и затоа што повеќе ги интересира копкање и сликање со артефакти. Во вторава фаза од истражувањата за Кокино... од наша страна беше прочешлано секое брдо што е на оптичка видливост во тој реон за да се види да не има уште некој сличен таков локалитет со астрономски обележја, при што беа откриени 12 светилишта кои ете се наведени како локации.... значи пак некој од Археолозите треба да седне да си направи проект и да си ја сработи домашната задача...
Ѓоре Ценев е физичар-астроном и е одговорен за астрономскиот сегмент од истражувањата на Кокино... значи во таа насока може да каже дека ако одредена група на луѓе во минатото направиле таков објект за изработка на календар... тогаш тоа е многу сериозна работа... и тие луѓе имале добри познавања од движењата на небесните објекти... археолозите треба да истражат во таа насока...и да го оформат профилот... ако не се најде ништо такво (писмо и други работи) да кажат, жал ни е но тоа не го најдовме...
Ги мрзам
Ги мрзам македонските интелектуалци и научници. Секако со исклучоци, ама генерално земено, тоа ти се све покондирени, суетни...претежно чичиња што мислат дека знаат СЕ и дека само они се во право. За човек што ги познава современите научни методи и пристапи овие луѓе се веќе минато завршено време и треба да зачепат или некој да им каже дека едноставно не ги бива. Од кај ова...имам легитимна причина да мислам така од муабети со “научници и интелектуалци“. Скоро зборев со научник-геолог во врска со Кокино и бог да те сачува, да не ти се верува колку е невозможно да го убедиш дека може да биде И вака И така. Што е најтрагично, неговата верба во вистината не остава место да напреднеме. Му викам, “ај и да не е Кокино опсерваторија, што те кошта да го игнорираш постоењето?! Може да се развие туризам, местото може да ни послужи на сите воопшто.“ Џабе.
тие што се засегнати со целиов циркус околу кокино треба некој да ги седне на маса да се соочат и да си кажат што имаат...не дека ќе постигнат многу зошто во менталитет ни е да гракаме. а медијаторот, секако наместен со крајна цел, ќе им сугерира на најповолниот исход од местото.
да резимираме: -
да резимираме:
- професорот ти кажал дека не е кокино опесерваторија
- ти викаш ги мразиш македонските интелектуалци и научници
- мислиш дека знаеш се и дека си во право
- ги познаваш „современите“ научни методи
- може да се развие туризам
боли глава
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Дали си го
Дали си го прочитал есејот за каузалноста на работите од Мартин Хајдегер?
боли глава од луѓе што зафаќаат простор и што се расфрлаат со своите титули.
не можам да се објаснам. не од недостаток на речник туку од преплетеноста на нештата.