Промовиран поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија
*Преземено од Министерство за информатичко општество
Негативниот тренд на користење се повеќе англиски зборови од информатичката технологија во секојдневната комуникација во државава ќе се надминува преку користење поимник на македонски зборови од областа на информатичко комуникациската технологија.
Поимникот, што го промовира денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски, содржи 1321 збор и кратенки од областа на информатичката и комуникациската технологија, преведени со соодветни зборови од македонскиот јазик.
Преводот на зборови ќе се смета за официјален во македонскиот јазик и затоа ќе се задолжат сите органи на државната управа да ги користат направените преводи, а на сите останати институции, претпријатија, организации и на граѓаните ќе им се препорача да ги користат преведените зборови од поимникот, рече на прес-конференција министерот Ивановски.
Наведувајќи примери на зборови опфатени со поимникот министерот за информатичка технологија посочи дека за зборовите file соодветен збор за употреба е датотека, за attachment - прилог или препратка, за web browser веб пребарувач, за edit уреди, за printer - печатач, за download преземи, за e-mail електронска пошта, за online вклучен или на линија, за driver двигател....
Поимникот е изготвен од работна група од претставници од Советот за македонски јазик, Институтот за македонски јазик, МАНУ, Министерството за култура, стопанските комори, Агенцијата за електронски комуникации, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Европскиот универзитет.
Поимникот е во фаза на печатење по што ќе биде поделен на сите институции. На веб-локацијата на Министерството за информатичко општество е поставена електронската верзија на поимникот, од каде заинтересираните може да ја преземат бесплатно.
Поимникот и понатаму ќе се надополнува, а во иднина тој проект го презема Министерството за култура, најави министерот Ивановски.
*Коментар
Преводите засега се достапни само во .PDF:
-Поимник на зборови од областа на информатичката технологија
-Поимник на кратенки од областа на информатичката технологија
- Додај нов коментар
- 2610 читања

Предоцна
Од 100 (сто) километри се гледа дека она во цитатот е деформирано и неточно и затоа не се не осудив да кликам на линковите. Па добро бе мајку му стара?!
Што работат тие во МАНУ??
Како тоа веб? Нели Web е мрежа или пак не? Нели е подобро да стои Мрежен Пребарувач или Интернет Пребарувач (што е по-паметен превод)
[ова е после кликањето на линковите...не издржав] :)
Bitmap--->Бит-мапа (WTF???)
BitLocker---> Бит-за заклучување (WTF x 1000 ????)
Ајде да не продолжувам...почнувам да се нервирам. Чекаа сто години овие изрази да се одомаќинат меѓу корисниците па сега да не "превоспитуваат".
И сеа шо? (шо би рекол Б.Ц) Ќе ни биде посер да кажуваме и пишуваме непреведени изрази како што се Domain Name Server или DNS?? (ај бе вие газиња од МАНУ преведете го ова да ве видам!)
Некои изрази се навистина непреведливи. Ова ќе предизвика лавина од заеби и заебанции
Зачувај ми ја сликата во бит-мапа?? формат
Немојте да го користите битот за заклучување (BitLocker) на Windows Vista затоа што Microsoft го зезна до непрепознатливост
Предоцна
Не е ни „пребарувач“ пошто Google е пребарувач ... browser е прелистувач
Арно што се
Арно што се нафатија овие од владава за вакво нешто, ама го разгледав и некои работи се неточни и не би смееле така да останат. Тоа што има еден куп зборови што го имаат потполно истото значење како и во сите останати делови од општеството е исто безвезе (artist, easily, flyer, large organization итн.) Стигнав синоќа до пола на првиот фајл, и ова имам да забележам:
acceptable use policy -
прифатливи правила за користење- правила за прифатливо (дозволено) користењеaction query - налог за акциски прашалник - од кај сега налог?
ampersand - знак за сврзникот “&” - :) знак за сврзникот “&” e “&”, амперсанд е името за тој знак.
analogous colors - аналогни бои - претставник на поимникот од областа на графичкиот дизајн :)
applet - мала апликација - Аплет е апликација што е дел од друга апликација, т.е. и треба друга апликација за да работи.
balloon - балонче => small baloon - балонченце?
binary digit - бинарен
број- бинарна цифра (може да биде 1 или 0)character set -
збирзнаци - множество, не збир. Важна е разликата бидејќи се работи за конкретно дефинирано и стандардизирано знаковно множество, не произволен збир.Data Encryption Standard - стандард за шифрирање податоци - Стандард за Шифрирање Податоци
dial tone -
тонско избирање- тон за избирањеdisconnect -
исклучи !- раскини врска !!.display - прикажи екран ! - ако е глагол е прикажи, ако е именка е екран, ама никогаш не е прикажи екран !
hit - посета - Сигурно се чудат во владата од кај толку посети имаат на сајтовите.
join - придружи се!; вклучи се! - Или спои, ако е за податоци.
joke program - шеговита , лажна програма, лажалка - уште се смеам, не ми се верува. Лажалка. Забавната страна на информатичката технологија.
kerning - растојание помеѓу два знака - претставник на поимникот од областа на типографијата
--Црквата е храм на лагата и глупоста
Планирав да ги
Планирав да ги допишам забелешките и да ги пратам до надлежните, ама откако ги пројдов целосно двете датотеки сфатив дека нема смисла и дека најдобро е да се преправаме дека сево ова не постои.
--
Црквата е храм на лагата и глупоста
Нека биде..
Така нека биде,ама она веб ме нанервира. Навистина мислам дека оваа работа побрзо и поуспешно ќе ја сработеле луѓе кои навистина се нон-стоп пред компјутер па ако сакате и клинците кои по цел ден киснат во некое интернет кафе
Еве на пример сите изрази кои се поврзани со компјутерски мрежи,интернет и слично е најдобро да ги преведува или за нив да дава мислење некаков си админ или повеќе од нив,па да се седне заедничи со лингвистите (или што и да се) па да се најде некое среќно решение.
Вака колку што приметив во текстот веќе се закануваат (одприлика) дека ќе фрчат казни..
Изразите се тука и се одомаќинет па нема мрдање. Кој сега би го вратил рутерот да не биде рутер? Или свичот? Модем? (а ова последното е скратеница од Modulator/Demodulator па ела сега најди чаре)
Или пак да одиме екстремно па Windows да станат Прозори ИКС-ПЕ Професионални-Домашно Издание
како што в Словениа се нарекуваат Okna Professional (ова екстремно е глупо)
Ем задоцнето, ем избрзано
Крш. Ај што се доцни со македонски речници (поимници?, блах) за речиси сите стручни области, ама и кога ќе го одвалат, одвалено е. Пази, pdf-от се вика КОНЕЧЕН. Каква ли била „бесконечната“ верзија, страв ме фаќа... Споменатите институции би требало да се засрамат од резултатот.
Итар Пејо
Kapiram deka zabeleskive vi
Kapiram deka zabeleskive vi se site na mesto i deka realno mozes da pomognes. Ja od strana(ne me interesira politika, umetnik sum [плази јазик] ) ne mozam da svatam samo zasto recimo ne im pratis mail onaka dobro nameren da im kazes deka imaat greski i koe se tvoi sugestii i zabeleski...valjda treba da si pomogame eden so drug a ne samo da kritikuvame i mrchime. Mozda ima greski ova poimnokov se slagam ali ima i ok stvari... mene me raduva sto uopste sednal nekoj i pocnal da pravi vakvi raboti sto realno se od korist. Poz i sekoe dobro.
ако можат да
ако можат да прават тазе речник, можат да читаат и багра која е кирилчна диктатура (имаш среќа па она [плази јазик] те спаси од забрана да ти се појави коментарот).
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем