3 септември, 2010 - 12:15
[веб кирилица]

Референдум против верски објекти на плоштадот

од monthy на 7 авг 2009 - 13:39

Преземено од Макфакс:

Скопје / 7.08.09 / 12:15

Две здруженија започнуваат постапка за одржување референдум против изградба на верски објекти на скопскиот плоштад.

Околу 70 проценти од граѓаните на општина Центар се против изградба на било каков верски објект на централниот скопски плоштад, а 74 насто се против подарувањето на земјиштето на МПЦ и ИВЗ.

Ова го покажа анкета спроведена на територија на општина Центар, што ја нарачаа здруженијата „Плоштад Слобода“ и „Граѓани за европска Македонија“, а ја спроведе „Брима Галуп“.

Според анкетата, во која учествуваа 500 луѓе, над 76 насто од испитаниците се изјасниле дека сакаат да бидат прашани дали ја подржуваат идејата за изградба на верски објекти на плоштадот.

Согласно ваквите резултати „Плоштад Слобода“ и „Граѓани за европска Македонија“ отпочнува постапка за сопирање потписи за распишување на референдум во општина Центар. Двете организации соопштија дека се потребни 8.800 потписи за да се спроведе референдум.

Здруженијата истовремено ги повикуваат сите граѓани да им се придружат во собирањето на потписите и „да ги подржат во подоцнежните напори да ги убедат граѓаните на општина Центар да гласаат „против“ на референдумското прашање.

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
треба да си - од гоце на 7 август, 2009 - 13:43

треба да си жител на општина центар за да се потпишеш?

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

да, и да гласаш - од monthy на 7 август, 2009 - 13:48

да, и да гласаш [тажен]

Јес да не - од Robomarket на 7 август, 2009 - 13:52

Јес да не живеам во општина центар а скоро секој ден поминувам низ плоштад. Нели би било праведно референдумот да се прошири на ниво на град Скопје?

ма мене ако ме - од monthy на 7 август, 2009 - 14:11

ма мене ако ме прашуваш референдумот треба да биде републички... Плоштадот им припаѓа на сите!

Арно ама, она што сакаме ние со референдумот да го направиме е да го смениме ДУП-от, а тоа може да го направат само советниците или граѓаните на Општина Центар. Ние не ги направивме правилата...

!!! - од scaptomant на 7 август, 2009 - 14:44

70% од граѓаните на Центар и на Скопје, се дволични говна, кои пред само два месеци во исто толкав процент се изјаснија ЗА градење на црквата, а сега кога и муслиманите се изјаснија (па дури и собраа средства) за градење на Бурмали Џамијата, истиве дволичњаци се откажаа од градењe "на било каков верски објект"! Вакви гомна од луѓе можат да се сретнат само меѓу "верниците". Основа на секоја религија, или барем на теоретскиот дел на религиите, е почитување на сите луѓе, па дури и на оние со различна вероисповест. Цел ден се смеам, нервирајки се по малку, од истиот факт дека сите луѓе, кои се доволно лекоумни да веруваат у целото религиско срање, се во исто време и доволно агресивни и шовинистички настроени кон се што не е слично со нивното. Кое лудило, а?
Верници мои драги, за да продолжите да се гордеете со вашата вера, научете да ја цените и верата на другите, или баталете си ја својата и уклучете тоа мозоците (чисто како за промена)!!!

сликата на dimitar27
Море - од dimitar27 на 7 август, 2009 - 18:55

Море Скапан-мен, колку проповед даде задњиве месец дена на БАГРАВА а се против религијата . .лепота, да те земат кај Владе за референт против затупување на небањати македонски сељаци. Воедно, овде и веднаш, ФАЛА ТИ [се смее]
За Плоштадот:
Од кга то Општина Центар стана одговорна за Плоштад Македонија? КОј сте тоа „ние“ (Монти??) кои сте во оваа акција, а не знаете ни дека плоштадот е под ингерецнии на градот? Од „вас“ да очекуваме да истерата референдум? 8800 луге ќе решат што ќе има на плоштад кој припаѓа на 2 милиона, или еве барем на 600-700 илјади?
Ако успее тој рефередум, ќе важи ли ако јас соберам 10.000 луге да се бориме за изградба на споменик на мојот пенис на плоштад? Како бе вака со детски муабети??? Соберете 200.000 потписи па после пробајте да разговарате.
Никој не собрал ни пари, ни нашол каде да гради џамија, аман со муабети колку да биде против Црква, па нека е и ЗА џамија. Да не почнуваме така, слушам на метсото на таа џамија пред 300 год имало (пак) Црква, шо правиме така ако фатиме?
Таму нема скоро да се гради Црква од причина што Грујо се истрча ко прле пред магаре, па сега сака да накалеми гнев на МПЦ. МПЦ пак е многу поитра него што изгледа, па се прави анудрена „фала за локацијата ама не сме при пари“.
Ех . .да ви мерам умот, ама со кој тег?
А да, и ме занима, кој побара дозвола, и кој се противеше кога БЦ бараше да гради споменик на другарот Тито на плоштад пред само 5 год, и кога оној кебапџијата Угро изгради споменик пред гимнаизјата?? Као некои работи брзо се “забораваат„ . . .

De gustibus non est disputandum ! ! !

Море - од scaptomant на 7 август, 2009 - 20:11

dimitar27 напиша:

Никој не собрал ни пари, ни нашол каде да гради џамија, аман со муабети колку да биде против Црква, па нека е и ЗА џамија.

Пред два дена се јавија од ИВЗ со информација дека имале огромна донација од Иран и Емиратите, за да се изгради најголема џамија на балканот! Јавија сите телевизии! А еве и јас ке потпишам петиција за изградба на споменик на твојот пенис на плоштад![се смее]

оф леле пак тој - од monthy на 8 август, 2009 - 10:57

оф леле пак тој паметен да се прави. Ако више не се разбираш во право, разбирај се во политика и читај му ги изјавите на војводата ти. Читај му го последното интервју во Форум и ќе прочиташ дека он вика дека не треба да се гради џамија зашто 98% од граѓаните во Центар биле православни.

И, мрзам да признаам, али Грујо е у право. ДУП-от на мал ринг е надлежност на Општина Центар и никој друг. И само советниците и граѓаните во општината можат да го сменат. Не може нити со скопски нити со национален референдум да им се наметнува на Центарци како ќе им изгледа општината. И мене не ми се свиѓа принципот, али ја не ги смислив правилата.

Сеа јасно? Шо имаш сега против? Да чујам...

сликата на miopa
И џамијата е - од miopa на 8 август, 2009 - 18:05

И џамијата е планирана во тој „мал ринг“?

--
Црквата е храм на лагата и глупоста

па ако би се - од monthy на 9 август, 2009 - 10:48

па ако би се градела, би се вклучила во мал ринг, да. Ама на овој начин ќе се оневозможи тоа да се случи...

сликата на miopa
Чекај чекај, - од miopa на 12 август, 2009 - 13:25

Чекај чекај, има време [се смее]

Негде прочитав дека ги очекувале потписите до 20 август. Не би се изненадил да направат таква финта. Искрено не верувам дека може сред август во Скопје да се соберат доволно потписи.

--
Црквата е храм на лагата и глупоста

сликата на dimitar27
Ти пишав и - од dimitar27 на 10 август, 2009 - 08:34

Ти пишав и вчера Монти Пајтон, ама не ме сака багра на латиница, извини [се смее]
Не се разборам јас во право, иако тоа работам, ама точно е, не се разбирам.
АМа го прашав војводата ми (И Грујо е војвода??) па ми рече да ти спомнам дека плоштадот е под градски ингеренции. За да ти потврдам, ми рече да те подсетам дека Пенов го градеше овој плоштад, а тетка Аларова улицата Македонија на која сега БЦ и завидува [се смее]
Тоа што Грујо изеде бурек, се истрча со Црква, па кога виде не може со јунациве (кои од 2 заушки плачат ко деца од 3 год), си е негов проблем. Сега ќе не убедува дека 90% центарци биле рисјани, па уште и православни, иако од тие 90%, 90% в Црква влеугуваат од свадба на Великден.
ДА се разбереме Монит, секоја улица по која вози автобус, плус Чаршија, Кале, Плоштад се под град СКопје, се останато (освен исклучоци од поголемо значење) се под општините.
Ој сега прочитај во зкаонот за локална, па кога ќе ти се разјасни, еле кажи ми колку јас разбирам [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

хух, колку - од monthy на 10 август, 2009 - 15:50

хух, колку сакаш да солиш памет еј, тоа невероватно нешто. Ако е тоа македонска одлика, онда ти си нашиот прототип!

Го прочитав законот за локална самоуправа, затоа и ти зборам. Не само тоа, него и консултирав експерти за сево ова. Не ми збори сега кој го правел плоштадот, кој ја правел Улица Македонија... Очигледно не разликуваш ДУП и ГУП. Градот нема своја територија на која може да носи ДУП, дури ни на плоштадот... Пенов го правел плоштадот според ДУП одобрен во Општина Центар. И толку. Впрочем, он ништо и не направи на плоштадот освен што ја смени подлогата, ама без изградба на никаков нов објект.

Е сега. Кога веќе се правиш голем познавач на работите ќе те запрашам кој ја донесе одлуката за ДУП-от со кој се предвидува парцела за црква? Градот или Општина Центар? Кој може да го поништи тој ДУП, Градот или Центар? Ако граѓаните на Центар одлучат дека нејќат верски објекти на плоштад, дали советот на Центар мора да го смени ДУП-от? Дали некој смее да им стои на патот на нивната волја? Не. Зашто? Прочитај си ги законите на кои се повикуваш па ќе знаеш.

Мрчало едно полуразбрано. Он мене ќе ми кажува да си ги читам законите...

сликата на judge
Солатори - од judge на 10 август, 2009 - 17:48

monthy напиша:

хух, колку сакаш да солиш памет еј, тоа невероватно нешто. Ако е тоа македонска одлика, онда ти си нашиот прототип!

Така е Монти! Не дозволувај никому да ти соли памет. Соли му ти!
Зошто само еден овде да има таква „македонска одлика“?

На други места, тоа се нарекува „дискусија“, „аргументи и контра-аргументи“, но нема потреба да се инхибираме со такви фини зборови кои - да им ибам матер кој ги измисли - ја исклучуваат можноста еден да излезе најпаметен, прв у село, аџија.

сликата на dimitar27
Ха ха, полека - од dimitar27 на 11 август, 2009 - 08:40

Ха ха, полека полека ќе дојдеме до тажната вистина дека плоштадот ни е едно големо ништо, нешто за кое кога се реновираше од страна на Пенов, овде многумина ме убеедуваа дека така треба, супер [се смее]
Значи ти мешаш ДУП, ГУП и ингеренција. ДУП носи општината (единица на ЛС) и тоа си прав. Мегутоа, за објекти, места од посебна важност за државата, одлучува и државата, во случајов СКопје како едиснтвен таков случај во републикава.
Не може јас и ти да собереме 4000 потписи и да бараме дислокација на СОборен Храм, или на Касарна илиден, а сепак сме грагани на таа општина, та нели имаме апсолутно право на тоа??
Малку смири се, не ти соли никој памет, само пробивам да ти укажам дека некои работи едноставно не одат така.
И олабавете, не се силете на мртов коњ, нема да ви прават Црква на плоштад, бар не следниве некоку години. Сега со Роберто заедно силни сите, кога видовте дека нема да се гради, ај че се курчиме да излеземе јунаци како ние со нашиот рефередум (ем невалиден) сме се избориле против Црцквата.
Тоа е исто ко да каже Грујо дека поради него СДСМ е мртва, а не е така. НЕ, не дека не е мртва, ами не е мртва поради Грујо [се смее]
Иди сега препрашај си у штаб дали е ова точно па врати се (нејќам вака да правам, ама кога некој на скеој мој збор ми каѓува да си прашам војводата . . .јеби га Пиги, морално беше)

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на judge
Димитар, во - од judge на 11 август, 2009 - 10:45

Димитар, во право си кога велиш дека црква НЕМА да се прави.

95% од ветувањето на владата на Груевски се ветер и магла, популистички потези за да може народот да се занимава и да му се оттргне вниманието од главниот проблем: „Што ќе имаме за ручек, грав или леб со кромид? А утре?“
И сега ние овде сме седнале па коментираме ли коментираме, извлекуваме закони, ГУП, ДУП, трт, мрт ... - дрвиме за работи кои се измислица на гебелсовштината и спин-докторите на диктаторчето.
„Леб и игри“ (ама само леб, без месо) - е стратегија која ја измислиле уште старите Римјани за да се „забавља“ народот и да не мисли на стомакот и - не дај боже - побуни.

сликата на Ladykiller
а груевски е - од Ladykiller на 11 август, 2009 - 12:03

а груевски е малце изгубен у својот свет и не свашта дека треба да не се лета многу као млад мајмун... сеа црква може не, али притисок и муабет плус на листата за пазарење на албанците ке биде половина од плоштадот за џамија.

и се тоа пошто он сам со екипа зомбија ке најде начин да го реши плоштадот... кога многу помалце збунети квази политичари пред него што можда беа за нијанса полукави не го решија плоштадот ккако што на нив или на некој друг му одговарало.

I'm Rick James... Bitch!

Значи муабетов ми е дека оваа петиција е успешна во целост посто ИВЗ сака да гради џамија паралелно на оваа црква иако оваа причина не апсолутно единствена за овој успех на анкета посто од друга страна во 21 век на плоштадите им треба друго бележје а не црква што е мислење кое го делам. Како и да е темава е доста продуктивна во друг аспект а тоа е во будење на свеста за некое дамнешно наше наследство кое ни било одземено од страна на тогашните турски окупатори кога скоро 80 посто од џамиите биле изградени врз срушени цркви и за воља на вистината тогаш биле одзимани најголемите и најубавите цркви кој биле класифицирани како цркви од прва и втора категорожија. Ред е и ние да ги прашаме нив од каде им е местото за бурманли џамија и да им кажеме која црква предходно била тука.

е да бе неаме - од Сељачиште (непроверено) на 8 август, 2009 - 13:05

е да бе неаме попаметна работа па ќе трошиме суверенитет, време и пари на исправање ирелевантни, опскурни, глупави историски криви дрини. синкер тоа ако го напраиме све ќе ни процвета.

кога ќе ја будиме свеста за инфраструктура, образование, здравство, судство и нефрлање ѓубре наоколу? не ти се чинат овие работи некако поприоритетни? не?

сликата на judge
Значи, треба да - од judge на 8 август, 2009 - 18:09

Значи, треба да се враќаме назад во историјата се` додека нам не ни се види згодно, за да истакнеме свое право на тоа?

А што ако пред тоа на истото место имало - што знам - пагански храм? Треба Миленко Неделковски да побара да му се изгради куќа таму на основа на античките корени на Македонија и Александар Велики?

Секој секогаш бил окупатор некому. Порано или подоцна, ќе се најде некој кој е „угнетуван“, „поробен“ и „онеправдан“.

сликата на dimitar27

vestak напиша:

Значи муабетов ми е дека оваа петиција е успешна во целост посто ИВЗ сака да гради џамија паралелно на оваа црква иако оваа причина не апсолутно единствена за овој успех на анкета посто од друга страна во 21 век на плоштадите им треба друго бележје а не црква што е мислење кое го делам. Како и да е темава е доста продуктивна во друг аспект а тоа е во будење на свеста за некое дамнешно наше наследство кое ни било одземено од страна на тогашните турски окупатори кога скоро 80 посто од џамиите биле изградени врз срушени цркви и за воља на вистината тогаш биле одзимани најголемите и најубавите цркви кој биле класифицирани како цркви од прва и втора категорожија. Ред е и ние да ги прашаме нив од каде им е местото за бурманли џамија и да им кажеме која црква предходно била тука.

Вештак, иако си во право за тоа дека 80% од џамиите се на срушени Цркви градени (не смао овде-секаде каде поробиле Османлиите) сепак не може така да се враќаме до бесконечност, едноставно е невозможно, неисплатливо ама и неферски, едиснтвено ако не веруваме дека навистина АДАМ и ЕВА биле Македонци, па почетокот на светот е од овде. Маада ., . и тоа не врши работа, еве ти ги фацкиве, нејкат да чујат ни за Адаам, ни за жената му, они би барале кој мајмун што бил, или евентуално онаа полу-рипката дал била „наша“
Така да, заборави таа приказна, не проаѓа, ама тоа не значи дека не треба да се напомене на кое место стои посакуваната Бурмали Џамија.

De gustibus non est disputandum ! ! !


Warning: Unknown column 'title' in 'field list' query: statistics_exit INSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('', 'node/8974', '', '38.107.191.81', 0, '28a7828671aaa827a82797d84c5006bd', 32, 1283521214) in /home/bagra/public_html/includes/database.mysql.inc on line 120