Севишни чудесии... или уметност наречена пирографија
Преземена вест од А1 телевизија:
![]()
http://a1.com.mk/vesti/video.asp?Video=09/bogorodica-22-07.wmv&VestID=111791
Божјо чудо или природен феномен? Познатата фреска на Богородица и Малиот Исус се појави на стебло од исечено дрво, синоќа во населбата Чашка.
Дрвото се наоѓа во дворот на училиштето кое граничи со црквата во населбата. Работниците имале задача да го пресечат и со избичените талпи од него, да градат црковна трпезарија.
„Четири-пет дена се спремаме да го сечеме, ама или ветрови ќе се случат, или не ни даваат и одложивме, кога вчера се смири малце времето и го исековме. Кога почнавме да ги сечеме гранките, почнаа пилите да се стегаат, како некако да не даваше да се работи“, раскажува Тодорче Дончовски, работник, сведок на настанот.
Но, фреската не се појавила веднаш. Работниците раскажуваат дека откако го пресекле, на дрвото немало ништо чудно.
Синоќа околу 22 часот деца од населбата забележале силна светлина која доаѓала од пресеченото стебло.
„Децата од лулашките се враќале, кога виделе светлина некоја, дотрчаа да кажат и ние видовме“, додава Дончовски.
Жителите се запрепастени од глетката. И тие потврдуваат дека на стеблото немало ништо се до вечерта кога децата го забележале феноменот.
„Многу чудно, синоќа околу 22 го забележав, беше невидена слика“, рече Даниела Андреева, жителка на Чашка.
„Сабајле и ги видов очите на Мајка Богородица и за мене претставува нешто најубаво во животот“, вели Ленче Ангеловска, жителка на Чашка.
Целата населба денеска се собра околу стеблото со фреска. Некои од нив почнаа да палат свеќи и да оставаат пари. Градоначалникот на Чашка вели дека појавувањето на Богородица е добар знак за општината.
„Посебно бев горд што се случи токму кај нас, јас се наежив од овој убав приказ и се надевам дека во иднина токму Мајка Богородица и Исус Христос ќе ни бидат заштитници на нашата општина“, изјави Горан Пановски, градоначалник на општина Чашка.
Градоначалникот веднаш ги повикал свештениците од Повардарската епархија и екипа од Велешкиот музеј за да се конзервира фреската, која освен верска, може да има и туристичка вредност.
- Додај нов коментар
- 4401 читања

одма кеш
одма кеш :) закон
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Нека му ја
Нека му ја мислат сега Фатима, Меѓугорје и Лурд.
Севишни чудесии... или уметност нар
Чудо, чудо
Остај тоа, туку
Остај тоа, туку оние глупине дунди од А1 што се стрчале одма да снимаат! Сега ќе се стрчаат и останатите глупи дунди од сите македонски квази-телевизии. Факинг „населба Чашка“. Која јадна населба, вукојебина.
Туку, нешто друго си мислам: фала на таквиот што не е во облик на сонцето на Вергина, или, скраја да е, ликот на Александар Велики. Ќе ни се заебеше мамето мамино кога на журката ќе се придружеа и политичарите.
Остај тоа, туку
Хехехехе...
На сето искуство со нашиве политичари, сеуште не ти е јасно. Та тоа е само тизер, за да видат како рајата ќе реагира. Вистинското чудо тек ќе се појави на некој труп!
...некој труп ќе се појави на труп!
Него заеби тоа, овде од лево се појави мала сликичка од онаа латината со добро дупе. Отидов да кликнам.
Цитат: Вистинс
чиј труп.. знаеш нешто што не знаеме ?? :)
Чудо...
Чудо? Можда подсетување,опомена,благодарност,освестување..Знае Мајчица Божја каде и кога да се појави,СЛАВА ИМ..
Чудо...
АХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА!!!!!!!!! ај важи :))))))))
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's
Леле Клипот
Клипот со лубеницата се кажува....
Синоќа околу 22 часот деца од населбата забележале силна светлина која доаѓала од пресеченото стебло.
потврдуваат дека на стеблото немало ништо се до вечерта кога децата го забележале феноменот.
Четири-пет дена се спремаме да го сечеме, ама или ветрови ќе се случат, или не ни даваат и одложивме, кога вчера се смири малце времето и го исековме. Кога почнавме да ги сечеме гранките, почнаа пилите да се стегаат, како некако да не даваше да се работи“, раскажува Тодорче Дончовски, работник, сведок на настанот.
Ех мори МАКЕДОНИЈО па не да си библиска ...дури и месија си имаме ...
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
Леле Клипот
ООО, Алекса ис бек :)
Алекса, што е тоа „месија“ и каде го имаме?
Освен Грујо, секако :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
СЕКАКО ДИМИ
И ке дојде денот кога ликот на премиерот кје се појави на некое дрво и тогаш сите неверници кје пријдат и кје поверуваат и тогаш премиерот кје биде прогласен за светец.
Сега и секогаш и во вечни векови
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
Зошто не
Зошто не напишале за какво дрво се работи?
Обично на јајца од кокошки искачаат ваквите работи. Нормално кога по цел ден слушаат „Ти си Македонија“.
Хехе, добро ти е
Хехе, добро ти е ова. :-)
Та не сне саде ние, та не сне саде ту
Веројатно, оваа "девицава" Марија, си нема работа, па иде да го дои копилево насекаде по светов, али има одреден фетиш кон заборавено-забаталени места и места каде населението е склоно кон налевање со домашен алкохол. Но не е целосно така, истата девица може да се најде и низ дигестивните трактови кај птиците.
Погледнете ====> http://www.youtube.com/watch?v=28XxTqOWopw
П.С. Како се става YouTube клип во пост?:)
Хехехееј добри
Хехехееј добри се. И нашите почнаа да прават Розвел финти. Ако ова се спои со дел од крстот на исус во Зрзе сме ги решиле сите прашања околу селски туризам. Дајте ново чудо додека е жешко.
Е стварно му е
Е стварно му е преку кур од такви како тебе Robomarket, дефетисти за сѐ што е македонско. Какви докази имаш дека не е тоа навистина ликот на богородица, пресликан со божја милост на тоа обично дрво. Одма истрча да плукаш по онаа трошка верба, што ја имаат нашите сограѓани, во нешто подобро и свето.
Те да ги оставиме луѓето да си веруваат во своите митови и приказни .... итн...
сарказам>
е навистина е греота
навистина е греота ако ни се потребни вакви квази чуда за да ја јакнеме нашата верба кон бога...
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
Иииииии!!!! Света
Иииииии!!!!
Светата Веспа од Верона, а на неа светиот јавач на Веспи!
Иииииии!!!!Света
Ne e vespa be, na goldwing mu lici na blogerot, a site znaeme deka e Bog sepameten i vozi HONDA :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Комплет е бе!
Да бе и бисаѓи си има и све. Хонда е!
Али моментот кој се јави на целава прича е оној момент на кој се основа и целото срање околу религијата. ДОКАЖИ ДЕКА НЕ Е БОГОРОДИЦА!!!:) Па идиоте, бре, ај ти докажи дека е. Малоумни учења, на слаби ликови, кои не се доволно јаки да си го земат животот во свои раце, па мора секогаш да се вадат дека "севишниот" владее со судбините. Освестете се луѓе, баталете богови, дајте, завладејте со сопствените животи, описменете се, образувајте се и работете на својата најблиска околина.
Иначе, дневно во МКД се сечат околу 7-8.000 дрва. Ако секое стебло се сече на најмалку 4 дела, тогаш само во МКД (која, иначе, не е земја со развиена дрвна индустрија) дневно се појавуваат, минимум 32.000 пресеци на стебла. И вие бре идиоти суеверни, ке наидете на 1 пресек во 10 години, кој личи (ДЕМЕК!) на контури од ткн. "богородица" и во истиот момент тоа го прогласувате за чудо и доказ за вашата верба. Јас во мојот живот имам видено преку 20 пресечени стебла, чии пресеци ми личеле на пенис, на смајли, на цвет, на кригла пиво, на рака, на нога итн, па не верувам во светите гениталии, алкохоли и екстремитети. Аман доста со вакви срања.
Конечно, да ви уринирам во богот и во вашата верба, ако за нејзина потврда барате цртежи, светлини, знаци, симболи и ним слични срања.
Комплет е бе!
абе ти, па полош си од поповите и целата институција наречена црква. што попуваш? тој што ќе се освести ќе го направи тоа без да му сере некој од страна. тоа попувањето е контрапродуктивно.
Комплет е бе!
Доказ дека "попувањето" (како ти што би го нарекол тоа) не е контрапродуктивно е самата одржливост на религијата. Таа опстанува само со ткн. попување, т.е. пренесување на илузиите од родител на дете, од човек на човек и од глупак на глупак. Самото објавување на оваа квази-вест е своевидно рекламирање на религиозните илузии, или пак враќање на она твое, ПОПУВАЊЕ. Иначе и самиот твој збор излегува од титулата на оние кои се одговорни за ширење на лагата, т.е. поповите (или меѓу народот познати како "оние со црните џипови"). Само како пример, садој го сопственото дете со величење на идоли од типот на Исус, мајка му, татко му и чувот, па после остави го "само да се освести". А, да! Малку утре!
Ииииии! Италија
Ииииии!
Италија е во облик на чизма, која сака да шутне гомно. Не, чекај, тоа било Сицилија, не е гомно.
Е стварно му е
Не се залетувај човеку, не сум “дефетист“ за се што е Македонско. Баш напротив, ако пратиш што зборам ќе заклучиш дека е сосем обратно и ти кажувам дека настанот со дрвото нема врска со македонштината.
Како се дрвото или богородица македонски?
Викаш дека сограѓаните имаат “трошка верба“ ...и сакаш да ми кажеш дека дрвото ќе им ја поврати верата?
Знаеш дека кај нашиот народ е модерно да се плука, за било што :) Нека се радуваат луѓето, нека палат свеќи пред дрвото...мене ме потсеќа на Розвел. Не реков дали тоа е добро или лошо. Дај боже да знаат како да го искористат тој дар од бога. амин.
ах овде ми фали
ах овде ми фали </сарказам> тагот
Од ова чудо
Од ваква работа АМериканците веднаш ке направеа туристичка атракција,луге од цел свет ќе дојдат да се поклонат пред мајка богородица,па таа ке има исцелителско дејство и итн....ке се развие туризмот во чашка луѓето ќе дојдеа до некоја паричка и така натака
кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст
Од ова чудо
А бе, не знам како да закачам клип во пост, како погоре шо има закачено, ама и вчера постирав еден клип од YouTube. Баш ваква вест од пред 5-6 дена од Америка
http://www.youtube.com/watch?v=ye3Xg-kYoio
Еве ти: Значи,
Еве ти:
Значи, наместо да го копираш линкот до видеото и да го пејстираш во постот, копирај ја содржината на полето каде што пишува „Embed“, кој на YouTube се наоѓа десно од видеото. Малку долгичок стринг е - не се секирај, така треба (почнува со object и завршува со /object, заобиколени со знакови за помало и поголемо).
И, пред да кликнеш „Испрати го коментарот“, провери дали сѐ е во ред со „Прегледај го коментарот“.
Ај сеа, растури нѐ со видеа! :-)
Фала!
Фала Џаџ. Може нема да растурам со видеа, ама сега ке прославам тоа што научив како да постирам видеа, а ке прославиме со кого ако не со Џорџ Карлин:).
Фала за
Фала за Карлин.
God bless Joe Pesci!
Да бе..
Да да убаво му кажа//Бог да го Благослови тој Џо// Весели амери,,на се подсмеваат и плукаат па на крајо пак: Господ да ја благослови Америка...
Чудо...
Чудо или не,,ги имало и ке ги има..ова ви го пуштам чисто да се испробам во вметнување клипови..
Чудо...
И јас стојам на тоа дека ке ги има. Повикајте се на моите бројјки од пред неколку постови. На 32.000 исечени стебла (само во МКД) дневно, чудо би било ниту едно да не пројави сличност во годовите со контурите на било која икона. Само да помислите и КОЛКУ различни икони сте виделе, какви се ореоли, какви се позиции на дланките, прстите и телата на ткн. светци и маченици, нешто ке ве потсети на тоа. Е сега, од тука натаму ваше е каде и што ке видите. Инаку, само да поврзам со мојот ник на форумов, зборот "скаптома", на старо-арамејски означува халуцинација или интерпретацијана на мозокот, која се манифестира со гледање на она што сакаме да го видиме, наместо она што всушност е пред нас. Некој има доволно имагинација и креативност, за во год од мувлосано стебло да ја види мајката на својот бог. Мајку му, нека е. Само, што мајка барала гореспоменатата да се пика по дрва?!?:)
Чудо...
Еве и од мене доказ дека имаш право кога викаш дека ::„гледање на она што сакаме да го видиме, наместо она што всушност е пред нас.„//Си го опишал ник/името „скаптома„ и ја во него гледам /скептичен/неверен тома...Ти даде објаснување па кој сака ке поверува,,кој не-немора..
Тоа за што
Тоа за што зборите вие не е „чудо“, туку статистичка веројатност. Емпириска работа.
За оние со претприемачки дух, им предлагам да си го купат овој додаток за тостер, да си отворат тезга во Чашка и да продаваат сендвичи со „чудото“ излезено од тостерот.
Тоа за што
Ова, значи, би било "чудоизирање" на тостот. Нешто слично на "чудоизирањето" на јајцата пред велигден (со оцет и детергент) и "чудоизирањето" на делата на модерната медицина и човековиот имунитет!:)
Чудо...
скаптомантизирала :)
Да бе..
Не го разбра баш, ама ај...
За Чудата..
Дали го разбрав коментарот или благословот? како и да кажал исто ми се фаќа,,нели? Знам само дека вербата не треба да се глуми,како што е обичај кај америте..
Вербата?
Вербата? Верата?
Да не мешаш религија со верба? Или е само грешка во пишување?
Верата..
Во право си ...Грешно се изразив..
Не е врат и шија, туку врат и прв вра
Ај да не вулгаризирам и да почнам радикално, дека верата и вербата се едно, ама толку се блиску, што кога би ги имало на Google Earth, би требало да им ја бараш сенката, за да одредиш дали е едно тело или две!:) Вербата е најголемиот проблем на човештвото, или, што би рекол лошиот од вториот дел на "Под опсада" со Стивен Сегал, "Претпоставката е мајка на сите заебувања". Значи, ослонување на нешто што никако и никогаш не е потврдено. Верување во богови, бого-човеци, блажени луѓе, маченици... Или се на се, ликови спомнати во книга, која има две изданија, старо и ново, надополнето, напишана од повеке автори, во подолг временски период, период доволно далечен од времето кога приказните се случувале, никаконе смее да се земе за репер на живот и однесување. Во крајна линија, ни вербата во луѓето никогаш не се покажала како корисна и правилна. Како иде онаа изрекана "Боже, чувај ме од пријателите, пошто од непријателите сам се чувам". Наравоучение, не верувај никому и на ништо. Верата во било што нека ти умре, а нека ја замени тестирањето и помнењето. Нешто што е толку идеално како вербата, никогаш нема, па и НЕ СМЕЕ, да има примена во секојдневниот живот. А ако е така, нема ни што да го коментирам и да го земам во предвид.
Ако сето ова се земе за премиси, тогаш рационално земено, верата нема никаква основа за постоење. Ако не се согласувате со мене, пробувате да си терате по свое, да верувате во непознати и непотврдени работи, тогаш би ве замолил во приватна порака да ми испратите податоци за контакт, бидејки ми требаат жиранти за кредит!!!:)
Би се сложил со
Би се сложил со тебе эа тесната поврэаност на верата и вербата.
А што се однесува эа останатиот дел на твојот коментар,
што би рекол Сељакот, врска немаш :)
Ама си самоуверен, што е поприлично неповолна комбинација.
Ако энаеш нема потреба да веруваш.
Ама што энаеш? За колку работи можеш со сигурност да потврдиш дека се точни, а эа колку немаш благе веэе? Каков им е соодносот?
Претпоставката и вербата се почеток на сите достигнувања и основа эа било каков напредок. Беэ нив нема еволуција.
Мала илустрација:
Многу математичари верувале дека претпоставката эа четирите бои е точна. Потрошени се години интенэивна работа на неа. После 120+ години претпоставката е докажана. Беэ верба дали некој воопшто ќе се нафател да потроши минута работа на неа?
Вербата е неверојатна движечка сила.
Криењето и параэитирањето поэади името “верба/вера” е друга работа.
Цитат: Вербата
ја би поправил во "Љубопитноста е неверојатна движечка сила."...
Би се сложил со
Мора да е. Вашите свештеници во текот на последниве 2.000 години ја убија љубопитноста и точните одговори. Вашата инквизиција го создаде стравот од прашување и дознавање. Единствената утеха остана да биде надевањето и вербата. Ама ни ние сега (под ние мислам ВИЕ) не сме криви за тоа што уште веруваме во чуда. Во чуда се верувало илјадници години пред нас. Мислиш дека било кој може да го смени тоа СЕГА? Да тргнеме и од животните. Сите животни, со било какво ниво на свест (?!?!?), имаат алфа-мажјак во групата. Почнувајки од кучиња, китови, делфини, мајмуни...итн, па завршувајки со човекот. Единствена разлика кај човекот е тоа што тој е премногу љубоморен за да прогласи друг човек за поглавен од себе, па почнал да измислува идоли и слични срања.
Би се сложил со
:) шо кажа бе?
XD
Нема да разбереш и да ти повторам! :(
Сите овие делчиња од една реченица ги извади или од повеќе? Ти у "Време" или у "Шпиц" да не работиш?
XD
од една, ко што се гледа малку погоре.
не. јас сум невработен, неоженен, осмо заврших, ...
може да си ја побарам среќата кај овие модерниве фирми ти што ги спомињаш, ама прво мора да увежбам мултимедиумска комуникација, закачување клипови и сл.
XD
Ајде да провериме:
Мора да е. (Крај на прва реченица) Вашите свештеници во текот на последниве 2.000 години ја убија љубопитноста и точните одговори. (Крај на втора реченица) Вашата инквизиција го создаде стравот од прашување и дознавање. (Крај на трета реченица) Единствената утеха остана да биде надевањето и вербата. (Крај на четвртта реченица) Ама ни ние сега (под ние мислам ВИЕ) не сме криви за тоа што уште веруваме во чуда. (Крај на петта реченица) Во чуда се верувало илјадници години пред нас. (Па и на шеста) Мислиш дека било кој може да го смени тоа СЕГА? (Крај на седма) Да тргнеме и од животните. (Крај на осма реченица) Сите животни, со било какво ниво на свест (?!?!?), имаат алфа-мажјак во групата. (Крај на деветта) Почнувајки од кучиња, китови, делфини, мајмуни...итн, па завршувајки со човекот. (Еве ја и десетта) Единствена разлика кај човекот е тоа што тој е премногу љубоморен за да прогласи друг човек за поглавен од себе, па почнал да измислува идоли и слични срања. (Крај на единаесетта реченица)
Интерпункциските знаци точка, извичник и прашалник означуваат крај на речениците, па со тоа тие стануваат заклучни, извични и прашални, соодветно. Ова сметај го како бесплатна закрпа на пропустите на основното образование во Македонија. Образование v1.1 :)
Би се сложил со
Није, није тачно то што кажеш ти,
пош`о сам на једну ал` попио три.
Минорен процент од сите животни имаат алфа муш. Нема правило дали некои животни живеат фамилијарно, чопоративно, сами или ко домазет.
Додуше ова моево нема врска со главната тема и го тупам, ама не е на одмет да се потсетиме на некои постулати од билогија. ;)