Вечна музика
Време е за малку саботна забава.
За конечно да ги замолчиме сите турбо-фолкови, техна-мехна, елвир-мекиќи, faux некст-тајм рокери, цицлести поперки и други нафенирани лепотани ...
Дами и господа, J.J. Cale и Eric Clapton, спакувани во еден прекрасен пакет! Песната е една од оние кои започнаа сѐ - Call me the breeze. EC и JJ ја свират на Crossroads фестивалот, придружувани од одличен support бенд. Инаку, многумина ја знаат оваа песна и од одличната преработка на Lynyrd Skynyrd, во побрз и хеви-метал стил. Јас, лично, ја преферирам оваа верзија.
Ultra-cool рокерот J.J. Cale, со својот необичен стил на свирење со отворена рака, изгледа како да мавта над жиците, а излегува прецизен, ритмичен рок. Клептон не може да се промаши, би го препознал неговиот signature соло и спиејќи. Забележете како уживаат музичарите кои свират со нив, оклештени од уво до уво.
Навидум свират без напор, без видливи грчеви и труд да испадне добро, а сепак сѐ е на место, да помислиш дека и ти можеш исто, лесно било...
Ритамот е беспрекорен, нема грешки - те тера да тупкаш со ногата, да свртиш на најгласно и сите дома се собираат да слушнат што сум пуштил. „Да ми снимиш едно вакво CD за во кола“, ми вели жена ми. Син ми, 16-годишен пубертетлија чии другари редовно ги слушаат (нај)горе споменатите имитации на музика, на својата Фејсбук страна како најомилена музика ги посочува Dire Straits, Eric Clapton, JJ ... Сум го научил и по нешто добро, изгледа. :-)
Скок на видеото (YouTube) после брејкот, звукот е со пристоен квалитет.
Внимание! Пуштете на најгласно! И направете си место на подот за тупкање во ритам ...
- Додај нов коментар
- 2599 читања

Блуз музиката
Блуз музиката нема моќ да заќути никого од наведените во првиот пасус. Настрана моето мислење за истата (кое е лошо, поради тоа шо е досадна ко курац и ми индуцира потреба да удирам неброено многу пати со главата во ѕид молејќи се истата да престане), ќе мора да се сврти уште некој друг муабет плус.
Прво. Што е тоа све што започнала песнава? Еве ја викам дека не е сѐ, ни под разно... Мразам вакви глупави воспевачки генерализации..
Второ. Skynyrd е рок бенд. Нема хеви, нема метал, нема брзо. Рок.
Трето. Ритамот е беспрекорен затоа што е прост.
Четврто. Ерик Клептон е преценет. Настрана мал миљон гитаристи што го одјебуваат од планетава, ќе ти дадам само еден еклатантен пример, за човек кој свири некоја година помалку од него, го знаат трилиони луѓе помалку, а свири гитара билиони пати боље од Клептон. Не знам зашто е ова вака, можда поради тоа што е србенда? =) Lookie here (jump to 4:30)...
Ако ова погоре оди многу настрана од жанрот, ќе го спомнам и Гери Мур (коа му се свири). Иако не ми е по вкус, ги поседува сите гитарски квалитети за кои Ерик Клептон може само да сонува, и кои неговата маса слепи обожаватели можат неоправдано да му ги припишуваат.
Ако некојпат коа ќе праите муабет за гитаристи, онака лефтерно и незадолжително, соговорникот ви ги спомне Клептон или па Сантана на пример као најнајбољи, одма оквалификувајте го као "неампоимаодмузикаамасумслушнал4рокпесниуживотов".. на моја рака. У музиката има миљон критериуми на оценување и квалификација, кои се повалидни од "те тера да тупкаш со ногата" критериумот...
Генерално, ти
Генерално, ти го почитувам мислењето - секој слуша што сака.
Ама, малку снобовски звучиш, мора ли сите да слушаат опскурни гитаристи за да докажат колку се разбираат во музика?
Неспорно е дека секогаш има подобар од добриот, но прашање е - на крајот на краиштата - што ти прафи ќеиф. Мене, ќеиф ми прават овие.
И да, „Call me the breeze“ за мене започна нешто ново - различно. Ја слушнав кога прв пат излезе, бев доволно возрасен уште тогаш - што не верувам дека и со тебе е случај. И да, Lynyrd Skynyrd се рок-бенд, да не фаќаме семантика сега.
Успат, на Гери Мур и „Still got the blues“ имам фатено (ако не, барем бркано :-) ) повеќе женски одошто можам да се сетам.
Цитат: Генерал
Тогаш твоето почитување е беспредметно...
Се трудев да не звучам надмено, ниту пак да го наметнувам својот вкус. Реков има мал миљон гитаристи кои можам да ги спомнам (некои многу поише по мој вкус), ама тргнав со Alex Lifeson.. Он не е опскурен гитарист.. не се издавај... Тоа ти е ко да кажеш дека Диего е опскурен фудбалер, Астон Мартин е опскурна марка коли итн.
Ок е да слушаш тоа, ако тоа ти е ќеф, исто ко шо е ок ја да си кажам шо мислам за таа "вечна музика".
Генерално, ти
Бркано, бркано, остај ти таа работа. Не се фаќаат риби на Ѓеро, Џаџ.
И ај да се договориме, Музиката ја слушаме или ни служи како бекграунд за чистење прозори или куцкање или (во минато време) за фаќање женски - успат.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
Генерално, ти
за кого како, ја слушам музика да си правам филмови у глава.
Генерално, ти
Мора ли сите да пљукаат по цеца и техно за да докажат колку се разбираат во музика?
Генерално, ти
Ха ха, тачно :)
Не дека не се за критика гореспоменатите, ама не може плукањето по нив да те направи добар познавач на музиката :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Вечна музика
Ти дал си нормален, ќе ја срушам зградава, ќе ме уапси полиција!
Иначе, не ти чинеше она плукањето по музичките правци кои тебе не ти пашат - тоа и само тоа непотребно му одзеде голем дел од легитимитетот на она што после го пишуваш. Запамти: 90% од се (од сите правци) е срање. Тоа значи дека 10% од се е добро, без оглед на жанрот.
Кога ќе размислам подобро, секое стриктно приклонување и/или отфрлање на некој музички правец...........
Се поретки се
Се поретки се луѓето кои што уживаат во тоа што го прават или го творат. А овие двајца се дефинитивно едни од ретките.
А гитарата на Ерик Клептон дава еден тик на уживање кое ретко се добива. Плус и дизајнот...мхм, мхм.
We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.
Се поретки се
Како доаѓаш до овој заклучок?!
Се поретки се
Хух, лесно.
Повеќето од оние кои што правеа музика џст фор д фан се Р.И.П, а у денешно време музичарите би направиле се ама баш се за продажба на албумите си.
Мое малечко мислење ова, можно е и да грешам.
We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.
Сеа малце ги
Сеа малце ги измешавме лонците, со ова дали да се ужива во своето творештво е да се музицира само за забава.. Дали да се ужива во уметноста која ти е најбитна во животот ја исклучува твојата потреба да заработуваш од истата? Итн итн, комерцијалната страна во музиката е долга и широка тема, но секако дека постојат луѓе кои се занимаваат со музика, уживаат во тоа и го прават тоа најискрено што може да се направи нешто на планетава... Клептон ќе да бил еден од нив некаде пред 30-на години.. Музички он е р.и.п. одавном...
Добро бе, те
Добро бе, те разбравме ... Клептон е мртов. Ок. Добро. Roger - roger.
Кажи кој е кралот за да не сме во заблуда и да можеме потоа сите да си слушаме што си сакаме.
Проектираш.
Проектираш.
Проектираш.
Факат. Тоа ми е занимање - проектант и аналитичар на информативни системи. :-)
знаев дека си
знаев дека си досаден и пред да го напишеш тоа. =)