Ајнштајн во служба на веронауката
По кој знае кој пат се заебав и пуштив телевизија, демек да се олабаам. Ама наместо релакс, после неколку минути станав вџашен и седнав пред компјутер да ви пишувам.
Сурфајќи по каналите, налетав на една од рекламите за владата „Знаењето е сила, знаењето е моќ“. А во спотот, демек младиот Ајнштајн, детуле, разговара со својот наставник: професоре, постои ли темнината? Професорот му потврдува дека постои, а малиот Ајнштајн вели: не професоре. Според законите на физиката темнината не постои, туку постои недостаток на светло. Teмнината не може да се измери, само светлината. на крај малото генијалче ајнштајн вели „не пости зло, туку постојат само места до кои не допрел Господ“.
Ајнштајн никогаш ниту рекол вакво нешто, ниту помислил.
Неколку автори пишувале книги за ајнштајн, некои од нив биле многу блиски со него лично. Сум ги прочитал скоро сите. И гугл крева раменици. Нема. Но, тоа не е најголемата трагедија. Најголемата трагедија е што Ајнштајн ниту приближно не мислел вака. Напротив, би бил остар противник на ваков или сличен на него догматско-религиозен, башка и нелогичен став.
Слоганот „знаењето е сила, знаењето е моќ“ носи во себе голема мудрост. Да, знаењето навистина е моќ. Но, таа мудрост е употребена само како амбалажа за вистинската содржина на рекламата: незнаењето кое му се пласира на неукиот народ. Па добро бе, пичка ли му мајчина........
- Додај нов коментар
- 2632 читања

Можам да живеам со ова
Кај мене у тинтара одма премештам „Господ“ со „Љубов“ и супер ми е све логично. Деар ју гоу.
Не сум ја гледала рекламава зашто не гледам телевизија, што топло препорачувам на сите. Поздраво е.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
владата со наши
владата со наши пари спонзорира лаги по приватни пријателски телевизии. шо ќе ти наука ко госпо не одбрал за библиски народ?
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Ко шо знам јас
Ко шо знам јас ко мал бил религиозен, потоа размислил малце и станал агностик.
Од кај ви се
Од кај ви се овие информации?
Цитат: Ајнштај
А ти од кај знаеш што све помислил Ајнштајн?
не велам дека верувал во Бог, ме заболе за Ајнштајн, него од кај знаеме ние што он помислувал: Знаеме од она што напишал, а сигурно не напишал све што и помислил во животот, а?
De gustibus non est disputandum ! ! !
Еден пригоден
Еден пригоден цитат:
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Цитат: Ајнштај
тачно.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
би сакала
би сакала сељачиште или некој да ми објасни , ако ние не знаеме што мислел и правел малиот ајнштајн, не знаеме дали мислел така и тоа го кажал, малку е проблематично да се најде извор,сведочење за тоа, тогаш овие од оваа маркетинг агенција кои го правеле спотчево за наше Министерство за образование и веронаука, од каде знаат ??
од каде и’ е на агенцијата тој инфо , кој пак ние не можеме да го пронајдеме.
инаку, таа работа со малиот ајнштајн е класирана како урбана легенда лансирана од некои христијански организации низ америка и ова е една од повеќето ’измишљотини’ , пред се направена да се привлечат атеистите и овие школувани во област на природни науки па од кај сакаш поголем авторитет од вака големи имиња на научници.
спотчето за оние кои не го виделе
е тука
http://www.youtube.com/watch?v=x0r6qymvopw
Многу е згодно
Многу е згодно да се цитира Ајнштајн во било каква прилика. Пред можеби нај интелигентниот човек у свет и боговите молчат.
И логично е дека кога рекламираш една голема лага како религија и господ тогаш и ќе се служиш со лаги, како лажните зборови на Ајнштајн. Што има везе дали е точно, неговиот авторитет е од калибарот на господ и мора да му се верува....
Интересни кометари има на видеово:
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
thx гоце инаку
thx гоце
инаку го разбирам изнервираниов “If not we should bomb that dumbasses out of their brainless country!“ѓѓѓѓ ;)))))
--Клукајдрвци ја издупија вилата на премиерот -- vest ! http://www.vest.com.mk/default.asp?id=128437
Многу е згодно
КОј богови бе? :)
Блазе си ни на умлот, кога си се радуваме кога некој сака да ја бомба земјичкава, блазе си ни. Или и топа е оној истион патриотизам и љубов кон татковината кој ние кутрите не го разбираме?
De gustibus non est disputandum ! ! !
За ова се
За ова се збореше и некаде на некоја друга тема... Ајнштајн бил атеист.
Бог демек е
Бог демек е авторитет во кој не верувам ама во Ајнштајн верувам. Што е битно бе Сељачиште што кажал Ајштајн во врска со религијата? Може да е небитно тотално за нечија вера. Може сакам да верувам во каменот пред зградата. Што ќе каже за тоа Ајнштајн? Човековата потреба за вера никогаш нема да умре, иако тоа може да се нарекува со различни имиња.
"Faith means making a virtue
"Faith means making a virtue out of not thinking" - Bill Maher
http://www.youtube.com/watch?v=eZpREDn4NFA
Додаток напишан после неуспешен обид за зачувување: Овие два-три реда текст не се во контакт на тоа што сакам да го кажам меѓутоа без нив не можам да ја испратам мојата претходно целосно латинична порака. :))
имало
имало госпот!
А1
Министерот за образование Перо Стојановски поднесе оставка, дознава неофицијално А1. Потврда на веста од Владата се уште нема.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111131
Подолго време се шпекулираше дека во Владата постои незадоволство од неговата работа. Кулминацијата се случи откако Уставниот суд во краток временски период ги урна двете клучни реформи во образованието - веронауката и екстерните тестови.
Во текот на годината се случи и голем штрајк на наставниците во образовниот систем. Министерот за образование Перо Стојановски не беше пожелен ниту за албанските партии, кои најмногу го критикуваа за последните уписи во средните училишта.
Со оваа оставка, се потврдуваат вестите дека министрите кои беа на листата за заминување сами ќе си поднесуваат оставки, со што владата влегува во реконструкција.