11 март, 2010 - 13:02
[веб кирилица]

Португалија без казни за дрогирањето

од toomuchisnotenough на 2 јул 2009 - 21:09

преземено од http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/07/090702_porttugal.shtml

(уште да го преземеше и некој од македонскиве медиуми...)

Португалија без казни за дрогирањето

Пред осум години, Португалија го смени законот така што поседувањето или користењето дрога веќе не е кривично дело.

Се стравуваше дека тоа ќе ја претвори земјата во рај за нарко туризам.

Но, бројот на зависници паѓа, а оние кои се лекуваат се побројни.

Марија ми беше претставена на крајот од светот.

Областа крај Лисабон каде што таа живее стекна углед на место полно со дрога.

Дневен ритуал

Под шаторот од ќебиња на стрмиот брег, опколен со употребени шприцеви, таа ја одвитка фолијата и почна со дневиот ритуал.

Женава вдишува хероин.

Тоа во поголемиот дел од светот е кривично дело, но во Португалија таа нема да биде испратена в затвор за тоа.

На први јули 2001-та Португалија реши дека купувањето, поседувањето и користењето дроги кои до тогаш беа забранети, веќе нема да биде кривично дело.

Наместо полицијата да ги апси корисниците, полицијата, здравствените и социјални работници ги собираат остатоците од користењето хероин.

Паола Андраде вели дека по воведувањето на новиот закон, нејзиниот тим драматично ја намалил стапката на смртни случи и заразени од СИДА.

„Ако ги криминализираме корисниците, тие ќе бидат уплашени да соработуваат со нас. Сега соработуваме".

Многумина стравуваа од катастрофа, дека авиони полни со нарко зависници ќе слетаат во Португалија, знаејќи дека нема да бидат судени.

Но тоа не случи.

Според официјалните бројки, потрошувачката на дрога е намалена за десет проценти.

Статистиката покажа и намалена употреба на дрога меѓу тинејџерите.


Центри за помош

Брендан Хјуз е од Европскиот центар за дроги и зависност од дроги со седиште во Лисабон.

„Шверцот на дрога останува сериозно кривично дело. Португалија не ја легализираше дрогата, но луѓето фатени со незаконски супстанции за лична употреба се испраќаат во локалниот центар за помош.“

Овој е најпосетениот во Португалија.

Панел експерти сочинет од социјални и правни застапници, можат да изречат парична казна, но овдешниот корисник е зависник, поради што не може да биде казнет парично.

Но комесарот Нуно Капаз ќе понуди лекување и суспензија на другите казни.

„Се обидуваме да ги убедиме луѓето да не користат дрога. Не им забрануваме, но им укажуваме на штетите од употребата на дрога, така што можеби ќе донесат посвесна одлука околу ова".

Но некои зависници се уште се сомничави дека де-криминализацијата ги подобри нештата.

Еден корисник на хероин во лисабонскиот центар за лекување вели:

„Ако не е кривично дело, ќе продолжат со користењето се додека не паднат и не умрат".

Корисниците на хероин се редат за да ја добијат дозата метадон.

Околу десет илјади луѓе се лекуваат од хероинска зависност.

Португалската влада е горда со политиката кон наркотиците - премиерот вели дека резултатите се убедливи, а филозофијата популарна.

Некои оспоруваат аспекти на системот, но португалскиот контроверзен експеримент покажа дека небото нема да падне, доколку употребата на дрога не биде кривично дело.

Опции за гледање на коментари


сликата на dimitar27
Вдишувала - од dimitar27 на 3 јули, 2009 - 09:40

Вдишувала женава хероин?? По нашки „пушела фолија“, на Амерски „chasing the dragon“, се разбравме.
(преводов е едвај . . .кој и да преведувал)

Туку, и кај нас не е забрането да користиш (они викаат злоупотребуваш )дрога.
Сите кривични се за „производтсво и пуштање во промет . . .“. Мислам имаше и една одредба каде беше казниво и „овозможување за користење“ што ќе каже давање стан како шутинг галери, или слично.
Како и да е, дури и поседувањето се земаше (се зема??) во обзир на суд, па судијата одредување дали 5грама се за сопствено користење или за препродавање.

Така што, не сме далеку од Португал [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на цепе
Вдишувала - од цепе на 3 јули, 2009 - 10:54

dimitar27 напиша:

Туку, и кај нас не е забрането да користиш (они викаат злоупотребуваш )дрога.

De gustibus non est disputandum ! ! !

Хаха!

сликата на Chombe
Вдишувала - од Chombe на 4 јули, 2009 - 00:01

А шамари што лупаат за џоинт, и у Португалија ли е исто така?

... - од Mentor на 3 јули, 2009 - 10:54

Тоа све треба да се прати на преваспитување и работни акции [се смее]

сликата на dimitar27
... - од dimitar27 на 3 јули, 2009 - 13:20

Mentor напиша:

Тоа све треба да се прати на преваспитување и работни акции [се смее]

Ментор, ти бе многу балг си бил???
Какви бре радни акции, какво преваспитање, све тоа треба „УЗА ЗИД и по КРАТКОМ ПОСТУПКУ“ ! ! !

De gustibus non est disputandum ! ! !

... - од Mentor на 3 јули, 2009 - 18:42

така нема да бидат од корист на општеството [се смее]

сликата на toomuchisnotenough
... - од toomuchisnotenough на 4 јули, 2009 - 02:23

Mentor напиша:

Тоа све треба да се прати на преваспитување и работни акции [се смее]

а тебе друже на курс за гледање подалеку од носот.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

сликата на dimitar27
... - од dimitar27 на 5 јули, 2009 - 06:06

toomuchisnotenough напиша:
Mentor напиша:

Тоа све треба да се прати на преваспитување и работни акции [се смее]

а тебе друже на курс за гледање подалеку од носот.
__________________

Се зеза бре дечкото кој курац ти е и тебе? Брее народ накурчен еј??!!?? Тоа кризата мама ви ебава и таму? Ние овде навикнати у криза да живееме, не ни приметуваме [се смее]

Олабави Тумач, олабави [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

сликата на toomuchisnotenough
па и ја се - од toomuchisnotenough на 5 јули, 2009 - 21:30

па и ја се зезам, друже! или ти стварно помисли дека има курсеви за гледање подалеку од носот?! [намигнува]
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

сликата на dimitar27
па и ја се - од dimitar27 на 6 јули, 2009 - 12:35

toomuchisnotenough напиша:

па и ја се зезам, друже! или ти стварно помисли дека има курсеви за гледање подалеку од носот?! [намигнува]
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky

ААА, да да [се смее]
Па и ја се зезам бе, зар не приметуеш?? [се смее]

De gustibus non est disputandum ! ! !

... - од Mentor на 6 јули, 2009 - 11:44

има момакот нешто против мене... се надевам ништо лично... јеби га...таков е животот...неможеш со сите да си у добри односи...

сликата на toomuchisnotenough
да бе, и - од toomuchisnotenough на 6 јули, 2009 - 12:53

да бе, и учителките те мразеа у школо...
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky