Галерија - Македонски национализам
Испратено од Незнаен Јунак (непроверено) на 30 јуни, 2009 - 00:28
Сликиве се вртат по Facebook...
1. македончиште

2. легендите

3.. православна македонија

2. Über македонецот

3. македончишта

4. здрава нација?

5. иран е наш

6. wtf?

7. шлемот на ацо

8. солун е наш

9. лузери

11. романтична будалаштина

12. маскенбал

13. со помош на вонземјаните

14. едвај

»
- Додај нов коментар
- 4813 читања

Краљеви
Јас гласам за под број 3-македончишта.
Ептен се сериозни.
Каде можам да ја најдам оваа слика со HD квалитет и 300 dpi?
[маскирани се демек,па "ела познајте...тибам" а овој со хартија во раце изгледа им е алфа мужјак]
А не е лоша и картата,односно сликата со реден број 5 Иран е наш од долу наведената слика јасно и недвосмислено се гледа дека и Египет е вклучен,требало да тргнат малку по-назапад и да чепнат од Сахара...цело е кога има се. Сега уште да ни се појават али-баби од таму па да ни рокнат една бомба во ГТЦ како опомена за тоа што им "крадеме историја" :)
На два умишта сум,дал да ја ставам оваа слика как wallpaper или оние 4 кумити во илегала
Исто така "ванвременска" е и онаа слика wtf со Стево Карапанџа рака
Браво мајсторе за постот.
Приметете дека..
Приметете како на сликата Легендите сонцето "со помош" на gradient tool или со morph преминува од шеснајс крако во ова новото. Браво
Само не ми е јасен микост на Александар,Гоце и Тоше. Нели двајца се воини (Александар и Гоце) а Тоше беше пеач? ...или сум грешка нешто,а?
Тоа се наши
Тоа се наши најпознати личности, според некого веројатно, тоа е мојата логика.
И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро
логика у
логика у национализам тешко
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Абе кој е оној
Абе кој е оној симбол со орелот што во едната рака има круна, а во другата некој меч?? Го гледам дека му виси на самоил у канцеларија и баш се прашував што е... Ние никад не сме имале монархија да му еем...
Иначе 6-ката е македонскиот поздрав. Трите исправени прсти ги претставуваат 3-те дела на македонија, а кругот што го прават показалецот и палецот стои за „обединети„ :)))))
Абе кој е оној
Тоа ти е The Holy Hand Grenade од играта Worms:

Нешто вака:

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Абе кој е оној
Со извинување дека не ја знам играта Worms, морам да те корегирам и да ти кажам дека светата граната на која се повикуваш е од филмот Монти Пајтон и Светиот грал. Истата е употребена да се елиминира зајакот-убиец.
--------
Danger could be my middle name. But it's John.
имаш право
имаш право :) мада и оваа од worms е ептен јака
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Абе кој е оној
Добро де, и која
Добро де, и која ти е поентата незнаен јунаку?
Некои работи не ги одобрува и не ми се ни оддалеку симпатични, како македончишчата со пушките или македонија е православна, а добар дел од македонците не се православни....ама такви слики ќе најдеш од Срби, Бугари, Албанци, Грци, Турци, Хрвати, Босанци....секаде има ултранационалисти само не секаде се сликаат со пушки. Не нене разбирам што сакате да покажете со сликиве? Македонците се непоправливи ултранационалисти? Погрешно е да бидеш патриот или националист? Погрешно е да бидеш Македонец?
Баграва станува шарада
Добро де, и која
Робо, за мене ништо од горенабројаното. Само здрава доза сеир. Ист онаков каков што терам кај сите народи кои ги имаш наведено, а кои си играат на истата тема.
Кога последен пат проверував, сеирот не беше забранет со декрет на ниво на Македонија. Дајте луѓе информирајте ако нешто се сменило. Не пратам Службен весник веќе некое време.
--------
Danger could be my middle name. But it's John.
не е забрането.
не е забрането. уживај. :)
сега се дешава она: и јас сум патриот/националист/македонец, ама не ме поистоветувајте со овие.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
не е забрането.
да да дааа тоа е тоа новица. ми требаше да прочитам вакво нешто. гоце, сељо и уште дватројца копиљаци у маало прават се да е црно бело. преку пупак више.
Цитат: ама
па ваљда и таму си ги критикуваат кретените, тука тоа е наша задача
Цитат: ама
и патриотска должност :)
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Добро де, и која
Ахххх кога ќе го чујам овој „аргумент“ од некој семкар, ај, еби му мајката, толку му сече. Ама од паметни дечки - е тогаш е вистинско разочарување.
1. Тепачи, крадачи и силувачи ќе најдеш и во Србија и во Бугарија и во Босна и во Хрватска и во Микронезија и секаде... дали тоа значи дека ние треба нашите (sic!) силувачи и крадачи да ги толерираме затоа што - ете - насекаде во нормалниот свет има силувачи и крадачи? Кретен си е кретен - од која сака нација нека доаѓа и понатаму е кретен.
2. Зашто мораме да ги копираме моронлаците од соседите? Зошто еднаш не се угледаме на нешто арно? Еве, во Косово има и национализам/шовинизам, ама има и бизнис кој цвета и автопат на нивоа. Зошто само ова првото да го копираме? Зошто стално викаме „ејј па национализам има секаде, нека го има и кај нас“. Зошто не викаме „ејј па автопатишта на нивоа има секаде, нека ги има и кај нас“? Знаеш зашто? Затоа што е полесно да бидеш глуп националист отколку инженер и градител. Мамини мази едни.
Зашто мораме да
Зашто мораме да ги копираме моронлаците од соседите?
Зашо они просперираат ние уназадуваме.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
само што не
само што не насанкуваат на нивни терен па не победуваат на искуство.
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Зашто мораме да
Мислиш ради моронлоците просперираат или ради други работи? Моронлукот (кој го копираме) ги прави да просперираат, или просперираат ради другите работи (кои не ги копираме)?
Или, еве, вака да пробам: замисли некој успешен фудбалски тим со многу верни, гласни и страсни навивачи, со знамиња со пароли со песни со све. Што мислиш, зошто е успешен тимот: затоа што има многу знамиња на утакмиците, или затоа што се натрчани, навежбани, спремни, со добар тренер итн итн?
Џабе вееме навивачки знамиња! Тоа нема магично да го направи нашиот шупачки тим да постигнува резултати. За резултати е потребно друго: напорни тренинзи, пот, самоодрекување, дисциплиниа. Значи ПРВО работа, па ПОСЛЕ знамиња. НЕ ОБРАТНО тикви ни едни помрачени у мозокот!
Мафтате со знамињата, се хулиганишете, се дерете на цел глас - а тимот ви трпи пораз до пораз пошто сте труби. Како не сфаќате вакви прости работи стварно не можам да разберам. ЏАБЕ МАФТАТЕ АЛОООО! Во друга грмушка лежи зајакот на успехот.
Така е, треба
Така е, треба саглам тим за победа, ама ако имаме два исти тима, едниот има јака пордшка од своите верни навивачи (не хулигани) а другиот а нема истата, не мислиш дека првиот ќе има бар малкуцка предност над вториот?
И обратно: што ако тимот е супер натрчан и навежбан, ако навивачите не го сакаат (ко ВАРДАР наш) и на утакмици нема икаква подршка, напротив има само проблеми? И кога ќе се сретнат тим со целосна подршка од верни навивачи, и друг само со проблеми од фановите (под услов двата да се тука некаде во квалитет), кој тим ќе помине подобро?
Ова не е баш целосно апликативно за државите ама ај, атер на муабетов :)
П.С.
Сељо, а шо се палиш бе толку, те читам, све нешто „ЏАБЕ МАФТАТЕ АЛООО“ те „ГЛУПАВИ СТЕ АЛООО“ . .све ко да си нервозен мајката?? ДО толку се нервираш?
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Вака како што викаш - тие со знамињата ќе бидат појаки, да. Ама тоа не важи во нашиот конкретен македонски случај пошто тимот ни е тапа! Значи, во право си, само што тоа не важи во нашиот случај! Тапа е тимот, врска нема. Корупција, криминал, тапа здравство, тапа образование... Мафтајте вие со розетите и знамињата, со кокино-мокино, до кога сакате мафтајте. ЏАБЕ!
А што, Вардар е супер навежбан и натрчан??! Абе ај не ме заебавај...
ДА! Види шо убаа државичка, ќе ја растурите со вашиот „патриотизам“ ебаве тоа ебаве. Ве возат алчните политичари ко мали деца, мајмунчиња ни едни полуписмени.
Така е, треба
Леле леле леле, СЛАТКАРИСТИКА :)
Ај пошто овде е модерно да му кажуваш на другиот дека ништо не разбира:
1. Не важи за нашиот случај, ДА, оно не важи за ниедна држава, ама ти почна со глупата аналогија.
2. Ете колку си умен, Вардар бил јак тим, за Вардар тоа го кажав како пример кога тим има проблеми со фановите, во случајов твоите омилени „КОМИТИ“
3.Нервирај се другарче, се нервираат и други, ама не наогај секогаш некој друг да ти е виновен за срањата у кои сме, погледни еднаш и во себе, па размисли што тоа ти добро си направил за државава, а и „твоите “ (кога веќе се двоиме на мои и твои-мајмуне)
За да не троламе, овде ти одговарам и на она подоле „Не знаеш што значи критичко мислење, биди муж признај“:
Ти си мужот у врската ваша, Гоце е пичето, тоа е веќе апсорбирана тема :)
И што бе човеку полуписмен, подршко моја најмила, што мислиш ти дека знаше повеќе од другите? Па ај да не знам квантна физика, ај, и не знам, ама не сум знаел што е „критичко мислење„ ??? Ова дека не знам поимот што е , или не знам како тоа се прави? Туу, мајмун до сега ќе научеше од вас умните, земи плукај по све околу тебе, посебо по својот народ, и одма имаш развиено „критичко мислење“ и стануваш експерт за на ТВ, сеедно дал си слаткар, шофер, или профа на факултет.
И да не те шетам (мрзливо си те знам) по БАГРАВА, еве ти одговор и на коментарот на темата „За етногенезата . . . “ :
Еве и овде си покажуваш дека целосно еднострано, да не речам еднопартиски размислуваш.
Не одиме напред со партиски насилници и корупција, ама никако не одиме напред со исти такви насилници и уште поголема корупција, а најмалку па одијме напред со поништување и откажување од се наше за кое ти и твоите се залагате. Уствари моеби така и одиме напред . . само зависи на кој каде му е „напредот“
Сега ТИ ме разбираш професоре за подДршка?
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Ниту првото, а уште помалку другото. Нема љутиш.
Така е, треба
а што се расправате. има сѐ на википедија:
Critical thinking is purposeful and reflective judgment about what to believe or what to do[1] in response to observations, experience, verbal or written expressions, or arguments
http://en.wikipedia.org/wiki/Critical_thought
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
Така е, треба
Не се расправаме ние Новица, си се подјебаваме по малку. Слаткарот со силни школи мисли дека само он разбира англиски и знае да чита. И ако ми треба ВИКИПЕДИА за да знам што е критичко размислување . . .
Нема љутиш Фичо, какви љутиш, та не сме деца :)
П.С.
Чомбе, тоа деца млади не знаат што значи знакот, не е така ко на ВЕГЕТА, ами се однаопаку, па доага крг, и трите прста надоле, што ја покажува демек Макеоднија нашава со доле краците халкидички, демек све е наше, тоа сака да каже знакот. Можда некад ќе се оствари бе и тоа, све бива, се мењаат времиња :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Eпа шо сеа, знаеш или не знаеш? Ја викам не знаеш. Ако знаеш - кажи што е. А не вака ко миле паника фаца некоја си напраил, и пак не кажуваш што е (пошто не знаеш, ама неќеш да признаеш).
Така е, треба
Чек чек . .ти секаш да ја кажам дефиницијата за критичко размилсување??
Ох и леле-
Не е страшно кога глупиот си знае колку е паметен, и си седи мирен, ама кога глупиот мисли дека е паметен . . .страотна грешка.
ЕНе ти даде Новица дефиниција од твојата омилена енциклопедија, научи си.
Јас овие работи ги знам од кога имав 15 години, тогаш немаше ни интернет ни википедија, ти тоа бар знаеш, нели си од почеток низ државава со интернетон??
П.С.
Се смеам сеуште, веруј ми Селски, како бе може да помислиш дека некој, било кој не знае што е КР?? МОжеби не секој го користи во животот, ама не може да не знае што е. Ова само покажува колку навистина си убеден дека знаеш нешто повеќе од другите, не знам дал можеш да се приметиш како забегуваш, најверојатно не, пошто од внатре не се гледа :)
Тоа е таа арогантност без покритие (као да има добра арогантност??) која тебе току те привлекува, затоа и размилувањата целосно ти се поклопуваат со СДСМ. Жално што и тие кутрите а и ти не можете да сфатите дека тоа е потрошена фора, проаѓаше кај непрошетаната раја негде од 88-ма до 91, максимум 93-та година . . Не може да гледаш на народот „одозгора“, прво зашто такво нешто е ниакде неприфатливо, а второ, и да е прифатливо, за да гледаш „одозгора“ треба да имаш барем некој квалитет плус, а ти таков НЕМАШ ! ! !
Ме сфати или да ти прераскажам пак?
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Па што не ги примениш ако ги знаеш? Зошто тогаш секогаш прибегнуваш кон повикување на догми, повикување на авторитет, ad hominem, аd populum, плашило, лизгава надолнина, circullus virtiosus итн итн? Зошто еднаш, ЕДНАШ не настапиш со здрав аргумент, зошто ЕДНАШ не настапиш со иманентна критика? Зошто ЕДНАШ барем не дедуцираш нешто?
Ајде да видиме ако више толку знаеш. Покажи се!
Така е, треба
Слушај, не импресионираш бре никого со двата збора научени од вики, аман со тој адхоминем, на ку* го качи на сите, знаеш ти да зборуваш-дискутираш без да линкаш??
Тоа дали јас ЕДНАШ или СТО ПАТИ сум настапил со саглам критика, тоа ценат другите, не јас и ти, пошто сме инволвирани страни.
За мене ниедна твоја критика не е издржана (ај не баш ниедна, ама повеќето) од причина што секогаш поагаш со предрадуси за било која тема, и најстрашното (за тебе) е она што погоре ти пишав, глумиш ароганција и надменост (да глумиш, пошто тоа не е твоја природна средина) без покритие. Твое право, можеби мислиш проаѓа негде, ама мое право да ти укажам дека не е така.
И ти ова пак коментирај го како ад хоминем, ме заболе, ко да твојот коментар погоре е нешто друго??
Сакаш на селски за да разбереш без 3 читања?
Се курчиш другар, а не знаеш да леташ (од вицот со папагалот и слонот)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Не, другар, токму ТИ ги качи на кур сите со ад хоминем, пошто секој втор пост ти е ад хоминем.
Критичко
Критичко размислување ти е да сумњаш сам у себе, шо е добра навика
Критичко
Да, супер „навика“ е, ама не баш да сумњаш у себе, туку повеќе да сумњаш во она кое го знаеш како точно, да си спремен да го преиспиташ сопственото знаење-познавање.
Е, а Сељакот мисли дека критичко разудување (размилсување) е целсоно спротивставување, дури и исмевање на знаењата кои некој друг ти ги предочува.
Или покартако, очекува од тебе да си спремен да ги препровериш сопствените познавања па и ставови, а самиот нејќе да чуе за такво нешто.
Најкартко: СУЕТА ! ! !
De gustibus non est disputandum ! ! !
Критичко
Епа ајде, посумњај еднаш. Да видиме!
Мада не е тоа критичко мислење. Тоа е самокритика. Али нема везе, дај нешто од тоа да видиме.
Значи џабе везел сељакот. ОК, биди ти жив и здрав, та за друго...
Критичко
Абе кај акаш да видиш? Тебе лично да ти се исповедам треба О цару на интелектот??
Кур мој е тоа самокритика, самокритика е кога си критичен кон себе и своите дела, а не кога си спремен да се посомневаш во она што е твој став-знаење.
Сељакот џабе везе, пошто и тебе ко и ТИ, не те ебаваат, конташ, ти мене не ме сфаќаш, јас тебе ИЧ, за тоа не сум спремен да се посомневам во мојт став, пошто ТИ нејкеш да чуеш па ич. ДА, тоа ме прави скоро исто сељак ко тебе, ама еби му мајката, ќе издржам.
И не сери, АД ХОМИНЕМ ти е тебе секој втор пост, а јас алудирав на твоите 3 (и со букви ТРИ) научени латинизми од википедија, а не на ад-хоминем какко напад, кој исто така го користиш. Што е инаку она : „Глуп си“ „Не сфаќаш“ „Глупи сте сите“ (овазадњево леба ти да не е ад-попули)
АМАН више бре, утуви си у главата, НЕ СИ ТИ НИШТО ПОПАМЕТЕН ОД ОСТАНАТИТЕ ОВДЕ, колу и дома да те лажеле твоите дека си најумното дете на светот ! ! !
De gustibus non est disputandum ! ! !
Аха, се извади
Аха, се извади доле, фича, застави, пеглици ова она.. =) Еве и тука ќе напишам нешто, не дека сум нечив адвокат, ама секако се прави муабет за нешта кои немаат врска со темата, а ионака ова е нишка која се провлекува низ скоро сите постови на багра.
Она што е битно за интернет дискусијата, не е интелигенцијата, бар не онаа интелигенција на која што прво ни текнува кога ќе го чуеме зборот. Специфичниот вид на интелигенција, која е најкорисна кога праиш муабет на интернет, и која често може да те доведе во ситуација да бидеш над противникот (па макар и фиктивно) е пишаната, или лингвистичката инетлигенција. Тоа е она, коа си добар со зборчиња.
Ако некој е бољи со зборчиња од друг (у случајов Сељачиште од dimitar27 - мое мислење, ништо ултимативно), тоа значи дека на интернет делува попаметен од него. Ова секако не значи дека е попаметен, или поинтелигентен. Друг пример од багра, е еден друг член кој често коментира и кој исто така, несомнено е лингвистички интелигентен. Но во случаји, кога лингвистичката интелигенција може да те изневери, (пример во оценување на литературно дело) тој член е демаскиран. Мој текст, кого тој доста лингвистички вешто го исплука, беше објавен на литературен конкурс и беше еден од победниците - тоа може да говори само за разлика во вкусови, но и не мора.
Друг пример, да седнеш на говорница со Обама а ти да си нобеловец по физика, и да зборите за X тема, гарантирано ќе те оддува од сцена. Неговото оружје, реториката, е преголем залак за твојата интелигенција. Сеа ти си може геније за физика, и ти фаќа црпката скроз на скроз, ама он има на располагање релевантни извори, и точно знае како, кога и во колкава мера да ги употреби, се со цел да ја пренесе својата поента боље од тебе (вклучително, елоквенција, дикција, гестиклулација, и сл. - све оружја на негова страна). Ваква артилерија на интернет форум се интерпукциските знаци, празните места, табовите, реторички прашања, разни изразни средства, итн итн.. и на крајот - зборчињата.
Ова е едноставно неизбежен дел на секоја дискусија, и клучно во пресудувањето (ако некој сака да пресудува), кој на крајот од дискусијата ја спроведува својата лингвистичка тактика и ја пренесува својата поента боље од другиот - тоа е секако оној со поголема лингвистичка интелигенција.
Е добро де,
Е добро де, пробав да се вадам :)
Така е Џон, и овде тоа го приметуваат сите. Токму тоа и му кажувам јас на мојот виртуелн конкурент, дека не го прави попаметен (поинетелегнет) тоа што за секој одговор троши по 2 саата за да најде линкови и странски зборови (латинизми преферира и он ко и ја). Јас си признавам дека овде одговарам „на прва“ и уопште не ми е срам да признаам, од причина што форумов го гледам како забава-муабет-докажување, но без некои посебни правила ниту пак со посебно влијание врз нечив живот, ниту пак решение. На крајот, во реалниот живот кога си соочен да дискутираш лице в лице со некој (како беше тоа ТЕТ А ТЕТ :) ) не можеш да се вадиш на линкчиња нит енциклопедии по интернет, тоа што го имаш во главата-тоа ти останува, нели?
Некои фаци, тоа го нарекуваат на „муабет пред ооперација“ притоа гордеејки се што смаите никад не биле „пред кооперација“ односно меѓу народот. За мене тоа е само голем минус за нив самите, а не минус за мене или „кооперацијата“.
Одлично те разбирам Џон, мислам и другите овде, и секако благодарам за обајснувањата, не се на одмет, иако овде сите занеме се, не е лошо понекогаш да се подсетиме :)
П.С.
Тоа „бољи зборчиња“ е дискутабилна катагорија, нешто слично на вкус, а за нив нели не дикутираме? :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е, треба
Секако овој дел од дискусијата забега во извесен офтопик, па ќе кажам нешто што мене ми смета.
Тоа е токму ова користење на лични имиња. Интернет-форумскиот бонтон не го дозволува тоа. Во неколку наврати го потенцираше личното име (како и професијата, фирмата што го вработува, образованието итн.) на дискутантот, наместо неговото корисничко име - Сељачиште. Сакал, нејќел, и јас го научив. А повеќе е нејќел, пошто стварно не ме интересира нечие вистинско име, адреса, фирма, висина, тежина, мускулна маса, клемпавост на ушите или други лични податоци кои корисникот не одбрал сам да ги објави. Ептен ми е селски и подмукло, откривање на истите од некој што вака или онака ги дознал. Единственото нешто што можеби би било корисно да се знае (во извесни ситуации) е областа на стручност на некој дискутант, мада и тоа не е кузнае колку битно или пресудно, ова сепак не е специјализиран форум.
Така е, треба
Прав си Џон, целосно си у право, ама ние тоа од миља де, не дека нешто намерно, така ми доага. Глеаш и он мене ми тепа кога ми кажуе дека сум глуп и дека серам . . некако незгодно ми е да не му вратам така лично, срамота е :)
Иначе не сум открил ниедно име (Фичо не е име ами надимак-такво ауто вози момакот) а Бога ми ни фирма кај работи, пошто овде у МК има 33 нет-провајдери, јас им се посрав на равотата НИВНА, не на сите такви професии.
пЉус, не знам од кога пратиш, ама овде се кажувани и многу погнусни ствари од ова, така што - навикнати сме.
Иначе да, се согласувам, во право си, не треба така, и никако АД-ХОМИНЕМ, еве прашај го Сељакот шо вози фичо :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Цитат: ама ако
може да престанеме со овие перфидни импутации??
никој тука не е за било кој „друг“ тим ... тука сме да ги критикуваме сите што имаат моќ и позиција да направат добро или лошо, а што ќе влијае на животите на сите нас.
Цитат: ама ако
Ајдеее . . .да сумс ега сељак ко Сељаков, би ти рекол „ништо не разбираш“ . .ама ен сум, па ќе ти дообјансам:
Никој овде не говори за ДВА ИСТИ ТИМА овде кај нас, ами за ДВА ИСТИ (по тренинг, квалитетни играчи и сл) ама од различни страни.
Значи не збориме овде за ДПМНЕ vs СДСМ ко сите други, овде е повеќе муабет за државава спрема некоја друга (тие де кои нели „ги бива“). Иако . .аналогијата е посрана, исто ко и тој што ја поставил . . .неприменлива целосно, ама кажав, атер на муабетот па одговорив.
De gustibus non est disputandum ! ! !
Така е затоа
Така е затоа што имаат силно национално чувство, чувство на заедничка припадност и работат кон просперитет на заедницата.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Така е затоа
Значи ќе се согласиш дека ако „силното национално чувство и чувството на заедничка припадност“ не помага за проспертиетот на заедницата (а во македонија не помага, туку напротив) дека може треба да се бара друг модел?
Не помага затоа
Не помага затоа што нема национално чувство, а не ради тоа што одмага. Тоа национално чувство е субјективна работа и се гради со историја, култура и пред се митови. Како ќе го зајакнеме кога и да се обиде некој да провлече мит со кој би се идентификувале домашниве, за мене, непријатели веднаш го минираат обидот.
А, ако знаеш други модели те молам применувај ги и сподели ги со нас (сем нормално за хипи либерал tree hugging опен сорс невладини немој благодарам).
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Не помага затоа
Глупости на квадрат.
Не се глупости
Не се глупости на квадрат, особено у време кога упорно егејот се полни со македонски туристи и покрај сето редење што ни го дава Грицја.
Тоа е опасно ниско национално и општествено чувство, доказ дека сопствениот интерес се става секогаш ама секогаш над интересот на заедницата (дури и по прашање кај ке се сунча гзот). Со други зборови ТЕШКИ НЕЦИВИЛИЗИРАНИ СЕЉАЧИШТА СМЕ, без никаква колективна свест. У глутница кучиња на улица или волци во планина има поголема соработка и соживот одколку помеѓу две единки македонски народ.
ПС
Ти си шупак.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Не се глупости
Редењето воглавно си ги правиме ние самите. Тоа грција што ни го прави е во суштина периферно, со помало значение од она што ние самите си го правиме. Ние ако сме ок може грција за ташак да ни се фати. Ама не сме и ТОА главниот проблемот. Не Грците. Не ЕУ. Нека не те лажат комуњарите.
Се согласувам дека националното и општественот чувство е ниско, но не се согласуваме околу причината за ниското ниво. Националното и општествено чувство е ниско поради високата корупција, лошата инфраструктура, трагикомичните здравство и образование, судскиот систем на кој не суди неутрално, џандарите на кои не можеш да се ослониш дека ќе те заштитат... Ете затоа е ниското национално и општествено чувство. Не заради тоа што досега сме немале розети, споменици, кокино или митови. Недостатокот од знамиња, митови и споменици НЕ Е ПРИЧИНИТЕЛ на нашите проблеми па да ги решаваме така. Така НЕМА да ги решиме. Нашите проблеми се од друга природа, и како такви треба конечно да се зафатиме да ги решаваме.
Се согласувам дека недостатокот на колекитвна свест е проблем. Но, за разлика од тебе, мислам дека токму националистите се оние на кои им фали колективна свест. Да, да, баш така! За националистите чувството за колективност почнува и завршува кај нивната нација. И толку. Притоа, баш националистите вообичаено го губат од вид како она под нивната нација (поединци, суверени граѓани), така и она над нивната нација (светот како целина и заедничките интереси на сите луѓе). Националистите светот воглавно го перципираат низ еден тесен „банд“ кој ја опфаќа нивната нација, вера и култура, а остатокот од светот исто така го перципираат низ националната призма. Притоа, речиси редовно упаѓаат во кардинални логички парадокси за кои самите не не се свесни. Полни се со теории „ние ова, бугарите она, швеѓаните нешто трето, србите нешто четврто итн итн“. Тоа е многу, многу тесен светоглед кој ај што е тесен, уште е и тотално арбитрарен. Затоа, националистите имаат искривена, погрешна слика за светот и настаните околу нив. Вечно полу-збунети полу-напнати и полни со фантастични (и погрешни) теориски модели кои треба да ја потврдат посебноста на нивната нација, различноста од сите други, фундаменталното значение за историјата на познатиот универзум и инфериорноста на другите нации околу нив.
Низ сите меридијани, од тропските џунгли до поларните капи, националистите се баш вакви.
Така да, ако мене ме прашуваш, токму на вас националистите нема да ви дојде лошо, покрај крстовите и знамињата, да баците и по некое дрво.
Цитат: Национа
За ова може да дебатираме, јајце и кокошка стил. Мое мислење е дека ова што наброја е последица, а не причина од/за ниското општествено чувство.
Кога сме кај митовите и национализмот: и Тито, комунистот, антифашистот, бил свесен дека народот мора да се обедини околу националните карактеристики (фолклорот) и новите митови (Јужнословенството). Тоа било спроведувано и одредено време функционирало. Но додека ние овде сме изигрувале Југословени заедно со Србите и Хрватите, Словенците фокусирани на посуштинското нивно заедништво одсекогаш функционирале фокусирајќи се на сопствените, националистички, интереси. Види каде се Словенците денес, а каде сме ние `пацифизираните`, `космополитски` Југословени.
Не сум националист, а тоа што и најмало родољубие искажано од македонецот бива оценето као национализам е еден од основните проблеми и одвратен обид за уништување на македонската национална бит (јас и Робомаркет испаднавме национал-шовинисти, talk about извртени вредности и критериуми). Крстовите, бидејќи сум атеист немаат никакво значење за мене.
--
Linux is free, as long as your time has no value.
Цитат: Национа
Не! Национализам имаше охохо и во србија и во хрватска и секаде. Словенија немаше повеќе национализам од другите земји, па демек затоа и тргна на нејзе а на другите не. Нацинализам имаше секаде, во огромни дози. Наместо тоа, барај ја пресудната differentia specifica во други домени, не во доменот на национализмот. Ти викам, врска нема оваа теорија, веруј. Во друга грмушка лежи зајакот.
Цитат: Национа
Зошто?! Па нели добар беше национализмот?
Еве го, ко д27 да го читам. Каде бе тоа виде дека „и најмало родољубие искажано од македонецот бива оценето као национализам“?! На багра сигурно не!
Да, испаднавте.
Цитат: Национа
Не, другар. „Јајцето и кокошката“ се користи кога се истражува односот не две дијалектички рамноправни нешта кои произлегуваат едно од друго. Но, во твојата теорија за недостигот на митови како причинител за корупција (добро те разбрав, така?) двете нешта никако не се дијалектички, ниту аксиолошки рамноправни. Имено, ем може да има корупција И митови, ем може да има корупција И БЕЗ митови. Значи, релацијата не е еквивалентна на кокошка и јајце. Кокошката и јајцето не можат едно без друго. Корупцијата и митовите можат.Со други зборови, ако продолжиш изворот на благодетот да го бараш во заеднички, интегрирачки митови - никад нема да го најдеш. Ниту ти ниту било кој друг. Само збунет и исфрустриран ќе останеш.
Имаш во светот стотици примери на земји кои НЕМААТ проблем со идентитетот, ИМААТ заеднички обединувачки митови, СИТЕ ги признаваат, НИКОЈ не им прави проблем за името и националниот идентитет - и пак се срање. Значи не е ТОА проблемот кај нас. Ние, да, го имаме И ТОЈ проблем, ама тој ниту е најголем проблем што го имаме, ниту ако тој се реши се друго магично ќе се оправи, како што сугерирате вие, националистите.