Трпејца-апартмани?

Дали има некој од Баграва контакт од луѓе што издаваат саглам апартмани во Трпејца? Пожелно би било апартманите да се што поблиску до плажа и уште попожелно некој од вас да има престојувано таму и од прва рака да имам информации за тоа колку се стварно саглам? Пошто ова што го гуглам на Интернет,има пар линкови за апартмани во Трпејца, има и фотки,ама сепак ако има некој од лично искуство да посведочи би било супер! Пошто се работи за Баграш повратник од странство со фамилија со мало дете, ај сторете себап!

И уште нешто? Јес да езерово кај Трпејца е кристално чисто,ама ме интересира опфатен е тој дел со колекторски систем?Кај иде тоа фекалната канализација?

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на judge

А да си идеш у

А да си идеш у Швајцарија на одмор? :-)
Ова што го бараш, одеднаш и на исто место го нема во Македонија.

И, свесен си дека у Трпејца нема ништо друго освен кафани? (и езерото, нормално).

Слика на dimitar27

А да си идеш у

judge wrote:
А да си идеш у Швајцарија на одмор? :-)
Ова што го бараш, одеднаш и на исто место го нема во Македонија.

И, свесен си дека у Трпејца нема ништо друго освен кафани? (и езерото, нормално).

Има и две дуќанчиња, бакалници, не лажи :)
Еп шо бе друго ти треба за на омдор? ИМаш апартманче, имаш бакалници, и имаш 100 кафани, пЉус чисто езеро, зар треба уште нешто? Треба да, добро друшВо ама си кажа момчето бил БАГРАШ повратбик од тугина со деци ем жени, што ќе каже тоа му е сосем доволно друштво, фамилја . . лепота :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на дамјан

хмм, жени и

хмм, жени и деца? .. да не доаѓа пензија да бара.

Слика на Konstantin

Фала за исцрпни информации!

Отпадна Трпејца како опција, сепак и во Охрид добро пројдовме! Ги препорачувам Maslov Apartments

П.С: Фала Ви за исцрпните информации за Трпејца!

"Εν Τουτω Νικα"

Слика на judge

Битно е што

Битно е што убаво си поминал, макар и во Охрид. :-)

Слика на PassENGER

јес да е касно па нема каде ама ...

За чистата вода у Трпеица- немаат колекторски систем, па целата фекалија иде директно у езеро одма тука доле на плажа и цевките се гледаат а и се чуе добро ако баш сакаш да приметиш...
Добро, едните цевки идат малку подалеку од брегот едно 10-20 метри, оние по хард-кор што звучат, сваќаш?

-----
[i]Barba non facit philosophum

Агрегирање содржина