Дали има некој од Баграва контакт од луѓе што издаваат саглам апартмани во Трпејца? Пожелно би било апартманите да се што поблиску до плажа и уште попожелно некој од вас да има престојувано таму и од прва рака да имам информации за тоа колку се стварно саглам? Пошто ова што го гуглам на Интернет,има пар линкови за апартмани во Трпејца, има и фотки,ама сепак ако има некој од лично искуство да посведочи би било супер! Пошто се работи за Баграш повратник од странство со фамилија со мало дете, ај сторете себап!
И уште нешто? Јес да езерово кај Трпејца е кристално чисто,ама ме интересира опфатен е тој дел со колекторски систем?Кај иде тоа фекалната канализација?
Последни коментари