Битката е добиена, нема храм на глупоста со наши пари!
Владата го одзема корисничкото право на Министерството за култура за користење на земјиштето наменето за изградба на црква на плоштадот Македонија и го задолжи министерството да ги стопира сите активности за изградба на црквата, а целокупната документација да ја отстапи на Македонската православна црква. Со ова решение, соопштуваат од извршниот дом, се овозможи Министерството за транспорт и врски, согласно законските овластувања, истото земјиште да го даде на МПЦ, од која ќе зависи во целост продолжувањето на понатамошните активности, и надлежноста по ова прашање.
Во однос на иницијативата за обнова на Бурмали џамијата, тргнувајќи од фактот дека урбанистичкото уредување на земјиштето е во надлежност на општина Центар, Владата заклучи дека доколку општина Центар изврши измена на урбанистичкиот план, со цел промена на маркицата во правец на изградба на верски објект - џамија, Владата ќе ја почитува одлуката на општината.
Покрај ова, од Владата информираат дека Исламската верска заедница повеќе од една деценија бара земјиште за изградба на сопствена резиденција и библиотека, а Министерството за транспорт и врски работи на изнаоѓање на такво земјиште кое би било дадено на ИВЗ, откако би се завршиле сите правни и законски процедури.
- Додај нов коментар
- 2860 читања

Да, ама ова само
Да, ама ова само de jure.
De facto, пак е со наши пари.
И останува главниот проблем: политичката воља да се гради црква.
како мириса и
како мириса и ова ќе паѓа на уставен. да се даде на поклон земјиште на една верска заедница без тендер?
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
Не разбирам
Не разбирам каков тендер може да се направи за ова. Кој би конкурирал, различни верски заедници?
--
Црквата е храм на лагата и глупоста
владата може да
владата може да подари државно земјише што кошта вагон пари на верска заедница? тогаш некој на власт може да си регистрира една а.д. црква и да го подари целото државно земјиште на себе?
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
абеај
дабе...или ете ти регистрирај си а.д. црква на заслепени од комуњарство и ќе ти даат.
ене го закон за верски заедници. ама да го прочиташ!
Не разбирам
Јас мислам дека нема да има тендер. Енивеј, би можел секој да конкурира, бидејќи црквите и така ретко ги гради МПЦ. На пр. најновава Богородица - карши МАНУ е највеќе од пари на Трифун, па донации од граѓани.... сега земјиштето не знам чие е/било. Но, поентата е дека приватни лица може да градат црква и да ја подараат потоа на МПЦ.
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.