12 март, 2010 - 01:51
[веб кирилица]

Устав на сојузот на Македонските емигрантски организации од 1924 година

од miopa на 24 јун 2009 - 20:29

Пред неколку дена бев на гости кај дедо ми во Благоевград и најдов нешто интересно таму.

Лична карта (членска карта), издание на Националниот комитет на Македонската емиграција во Бугарија.

Издадена е на мојот прадедо во 1925 година, во Благоевград (тогашна Горна Џумаја).

Документот содржи листови со податоци за платена членарина (не ги сликав) и Устав на сојузот на Македонските емигрантски организации.






Еве го и прадедо ми [се смее]

Во личната карта беше и мапава (претпоставувам и дека заедно се издадени бидејќи се со ист формат)

Опции за гледање на коментари


сликата на Зелен
браво -- Linux is - од Зелен на 25 јуни, 2009 - 13:05

браво

--
Linux is free, as long as your time has no value.

сликата на Evil_Genius
Има некој - од Evil_Genius на 25 јуни, 2009 - 19:57

Има некој слободно време и познавање на бугарски, за да го преведе ова?
мене слабо ми иде читање на бугарски, а мислам дека не сум единствен

_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's...

сликата на гоце
македонски е бе - од гоце на 25 јуни, 2009 - 22:05

македонски е бе неписмен

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

сликата на Evil_Genius
Гоце а бе, све - од Evil_Genius на 26 јуни, 2009 - 00:55

Гоце а бе, све ти знаеш, све ти најпаметен...
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's

сликата на miopa
Имам јас, кажи - од miopa на 26 јуни, 2009 - 00:05

Имам јас, кажи кои зборови не ти се јасни.

--
Црквата е храм на лагата и глупоста

сликата на Evil_Genius
Има еден куп - од Evil_Genius на 26 јуни, 2009 - 00:58

Има еден куп букви кои незнам како се читаат, текстов е од 1925та, денес ги нема у азбука.
За зборовите ќе се снајдам за повеќето, коа ќе можам да ги прочитам во целост.
_______________________________________________________________
It's nice to be important, But it's

сликата на Chombe
Има еден куп - од Chombe на 26 јуни, 2009 - 01:12

Многу е лесно бе брат.

ъ = апостроф кај нас, како кај р`ж. Моеш и да го скокнеш за побрзо разбирање.
ю се чита ју.
щ се чита шт
я се чита ја

Дец ит!

Ја обично коа ептен се досадувам идам на pravda.ru и читам на руски. Пола не контам, ама смислата можеш да ја разбереш.

сликата на miopa
ѫ = како "ъ" ама - од miopa на 26 јуни, 2009 - 17:10

ѫ = како "ъ" ама потврдо.
ҍ = како "е" ама помеко.

--
Црквата е храм на лагата и глупоста

сликата на miopa
Превод - од miopa на 30 август, 2009 - 23:09
Го најдов ова на некој форум

У С Т А В
НА СОЈУЗОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕМИГРАНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
(примен од обединителниот собор на македонските братства и друштва во Бугарија)

       l. Име, карактер и функции

       Чл.1. Македонските емигранти и нивните потомци се организираат во национални и културно-просветни или добротворни братства или друштва.
       Во секоја одделна држава (Бугарија, Турција, Романија, Албанија, Америка и другите) тие друштва или братства, чии членови се од една и иста народност, се групираат во национални организации, со национален комитет, кои се здружуваат и формираат општа сојузна организација на македонските емигранти, со сојузен комитет во секоја држава и со еден Виш сојузен комитет - со седиште во Европа, но надвор од балканските држави.
       Националните секции се претставуваат еднакво во сојузните комитети.

       Чл. 2. Сојузната организација на македонските емигранти и националните организации, од кои таа е составена, се безусловно легални здруженија.
       Несоодветни со карактерот и функциите на организацијата се:

       1) принудните дејствија од каков и да е карактер за зголемување на бројот на членовите или за снабдување на материјални средства;

        2) мешањето во внатрешниот политички живот на државите, во кои постојат национални и сојузни организации или само дружества.

       ll. Цел

Чл. 3. Сојузната организација на македонските емигранти, чија девиза е: Македонија на Македонците, има за цел:

1) Да се бори по легален начин за воздигнување на Македониja во нејзините географски и економски граници во независна држава со полно и еднакво учество во нејзиното управување на сите народности, кои ја населуваат, при полна еднаквост и право и при еднакви верски, народностни и политички права за нив. Новата држава да биде поставена под покровителството на Друштвото на народите.

2) Да ја култивира идејата за формирање на Балканска федерација, за да се премавнат на тој начин спротивставеностите меѓу балканските народи и примират нивните културни, стопански и политички интереси;

3) Да ја популаризира македонската кауза среде туѓиот свет;

4) Да ги сплотува и обединува македонските емигранти, без разлика на вера и народност, организирајќи ги за нивното културно и материјално воздигнување и работејќи за нивното политичкото воспитување во духот на својата цел.

5) Да помага на емигранти, кои се во нужда, членови на организацијата, и да содејствува за културно-стопанскиот напредок на Македонија.

       lll. Средства

       Чл. 4. За постигање на својата цел сојузната организација се служи со своите установени управни тела, со следните средства:

1) Издава весници, списанија, книги и др. за осветлување на општественото мислење насекаде во однос на македонското прашање;

2) Свикува јавни собранија, уредува прикази и реферати;

3) Влегува преку Вишиот сојузен комитет, а во отсуство на таков - преку сојузните комитети во одделните држави, во лични и писмени релации со општествени и политички фактори и организации, кои се борат за правата на народите, за да ги осветлува во однос на македонското прашање и да ја добие нивната поддршка за својата цел;

4) Создава материјални извори: открива потписки, основа општомакедонски финансиски институции, прима дарови од секого, кој сочувствува со македонската кауза, со исклучок само на средини, кои се директно или индиректно заинтересирани за штета на македонскиото прашање;

5) Уредува утрешни и вечерни собирања, концерти и слично и собира членарина и доброволни прилози.

       lV. Организација и органи

       Чл. 5. Членовите на организацијата се: дејствувачки, почетни и благодетелни. Дејствувачки членови можаат да бидат сите полнолетни македонски емигранти и нивните потомци, без разлика на пол, народност, вера и политички убедувања, доволно е само да ги споделуваат целите на организацијата и да ги исполнуваат сите нејзини решенија и распределби; да не извршиле престапни дејствија или измена на нејзината цел. Почетни членови можат да бидат лица, Македонци и странци, кои споделуваат целите на организацијата и имаат особени заслуги на македонската кауза преку морална или материјална поддршка.

       

       Благодетелни членови можат да бидат оние лица, кои ја поддржиле или поддржуваат материјално организацијата, макар и да не прифаќаат активно учество во нејзината дејност.
       Правото за примање и прогласување на почетни и благодетелни членови имаат само националните и сојузните конгреси.
       Забелешка: Две братства или друштва од една и иста околија не може да се создаваат во едно и исто населено место.

       Чл. 6. Во секое населено место, кадешто има македонски емигранти, се создава македонско културно-просветно или добротворно братство или друштво, кое носи име, какво што ќе изберат основачите (името на околијата или градот, од каде се членовите; име на заслжени Македонци, на историски македонски места или личности и пр.)

        Чл. 7. Секое братство или друштво се раководи по свој устав, кој треба да биде сообразен со основните одредби на постојниот устав и утврден од Националниот комитет.

        Чл. 8. Секое братство или друштво е задолжено да ги изполнува решенијата и распределбите на повишите национални и сојузни тела; тоа не може да врши работи, кои се од нивна компетентност.

       Чл. 9. Секое братство или друштво, како и секоја национална организација се самостојни во однос на својата добротворна и културна дејност; во однос на политичката дејност првите се потчинети на националниот, вторите - на сојузниот во државата, а последните - на Вишшиот сојузен комитет.

       Чл. 10. На чело на секоја национална организација стои национален комитет од 12 (дванаесет) членови, избрани од националниот годишен конгрес, со мандат од една година.


-- Црквата е храм на лагата и глупоста