РЕЦИПРОЦИТЕТ!!!
Да, токму тоа би сакал да го видам. Вечерва во Даут Пашиниот Амам Британската Амбасада под покровителство на бројни спонзори од Македонија си направија свечен прием. На истиов присуствуваа премиерот и некои други видни политичари а и некои „великодостоинственици“ од МПЦ, се разбира и комплетната гарнитура од Британската Амбасада. Приемот беше обезбедуван од нивно приватно обезбедување од внатре а нашата полиција стоеше надвор од оградата, националното богатство, сликите и скулптурите внатре во Амамот не ги обезбедуваше никој.
Прашањето ми е едноставно. До кога ќе имаме ваков незаинтересиран однос кон нашето културно и национално богатство и ќе го даваме на користење на било кого за било каков курташак? Дали ако на пример Македонската Амбасада би побарала на пример да направи свечен прием во Бритиш Мјузиум под слични околности тоа би било овозможено? КАКО НЕ БЕ... ВАЖИ...
- Додај нов коментар
- 3557 читања







Пред скоро
Пред скоро време поминав низ Даут Пашин Амам. Можев комотно да дигнам икона да ја сокријам негде и да се вратам по уште една.
...
Абе ете имаат некои камери поставено.... не се работи за тоа демек ако здиплиш нешто... што ако избие пожар...или некој при коктелот истури нешто врз некој вреден експонат? Башка еве стварно нека отидат во Бритиш Мјузиум и нека побараат таму да одржат прием...што мислиш кој ќе биде одговорот?
Не се работи за
Не се работи за крадење ама веруј ми дека некој ќе види бааги арнотија од една таква икона.
А тоа дека ги фаќаме луѓето на финоќа по тоа сме познати. Треба да промовираме “качи ми се на глава и посери се“ туризам. највише не бива за такво нешто.
...
е шо, ако им побара абдула ал сауд, мислиш нема да му дадат?
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
...
А ти знаеш колку платформи има Бритиш Петрол у Саудиска Арабија?
па тоа е
па тоа е муабетот, младичу. ако ми треба нешто од тебе, ќе ти одам по ќеиф. ако не ми треба, дури тогаш може да почнам да размислувам за реципроцитети и слични возвишени принципи.
не ми е јасно за што тоа се буниш. што е проблемот што немало полиција внатре? они ќе го гасат пожарот ако избувне? или ако некој истури нешто врз некој експонат, да не ќе се истопори полицаецот добромир да го апси тука на лице место?
ова ти се детски муабети.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
...
Не е битна полицијата внатре ... надвор....битен е односот... у стилу ти доаѓа некој на гости и доброволно му даваш да ја дупи женати...така ние се поставуваме спрема работите што ни се битни... тоа е причата
не ти чини
не ти чини аналогијата. според неа, даут пашиниот амам за македонија ја има истата емотивно-репродуктивна важност како жената за мажот во семејството, што нема никаква врска со реалноста.
британската амбасада е наш гостин. гостинот бара да користи некој наш обновлив ресурс, при што ги кани и нашите претставници на настанот. со просторот се однесува на одговорен и домаќински начин. јавноста не трпи последици од таквото користење. во вакви услови, ми се чини дека излегувањето пресрет е знак на гостопримливост. да не правиме муабет колку пари добиваме од странство за одржување на народното наследство.
ако не си во состојба да објасниш какви тоа конкретни штети трпи некој во овој случај, поплаката ти е без врска.
__________________
Седите дома со пенисот и маусот во рака и замислувате музеи.
-vikky
...
1. Зошто да добиваме пари од странство за заштита на нашето културно наследство? Каде одат нашите пари што ги одвојуваме со плаќањето даноци по таа ставка?
2. Културното богатство на еден народ е најголемото богатство, се поврзува со националниот идентитет и многу други работи, самиот чин што е дадено за користење представува омаловажување на истото.
3. Запрашај се зошто од толку многу комерцијални ресурси за таа намена тие се дрзнале да користат некој ваков? Не би се сложил дека е обновлив ресурс... имаше еден куп организациони пропусти... многу повеќе им беше од важност безбедноста на гостите отколку безбедноста на експонатите...
4. Аналогијата се однесуваше за да долови нешто што е од голема важност... улога што ја поседува Националното богатство на еден народ....
...
Симон Трпчески кога свиреше у Лондон, настапуваше во Wigmore Hall, исто така културно здание на УК. Башка му направија чест и му дадоа да свири на некој модел на Steinway, пијано што не го даваат на секој. И што ако Симон скршеше некоја дирка на клавирот? Голем кур. Све си е тоа осигурано, исто како што и Британците или нашиве го имаат осигурано настанот.
Колку што сконтав, на овој настан не беа поканети навијачите на Челзи, така да многу поверојатно е некоја наша будала да направи беља одколку некој од Британциве.
Зошто....прашува Ментор ?
..„ Зошто да добиваме пари од странство за заштита на нашето културно наследство? Каде одат нашите пари што ги одвојуваме со плаќањето даноци по таа ставка? „ __ .Уште питаш..Па што мислиш со кои пари се прават силните И ОГРОМНИ споменици?Сега мора да се печалат пари ѕа поставање,па за одржување,,ехехеее допрва ке се чудиме што не снашло..А што се тиче идејата им била убава да го одржат приемот таму,а дали експонатите им беа само кулиси или беа вистински сведоци на нашиот идентитет,,КОЈ ЗНАЕ__?