плескање на децата

застарен метод на казнување
30% (38 гласа)
злоставување на децата
21% (27 гласа)
обврска на секој родител
20% (25 гласа)
родителско право
29% (36 гласа)
Вкупно гласови: 126

Опции за гледање на коментари

Избери го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликни на „Активирај“ за да ги видиш измените.
Слика на Julls

Гласав за број

Гласав за број 4, оти сметам дека е тоа мое право. Дал јас ќе го плеснам или не. Има моменти кога се доведува во опасност, и во тој момент не да би го исплескала, него да не му падне на памет да чепка во струја или да се качува на маса до отворен прозор! Или што и да е!
Дека е застарен метод на казнување, се согласувам, ама пак, ќе се вратам на тоа од погоре.
Оние што селектирале дека е злоставување, гарант немаат деца. Едвај чекам да ги имаат, па да се најдат во ситуација да го злоставуваат своето, да видам како ќе се чувствуваат после тоа. Пошто, искрено, не ми е право кога добија плес по памперс, ама некогаш немаш ни пена во устата од зборење НЕ, НЕМОЈ, НЕ СМЕЕШ...итд..или кога ќе си дозволи прдо да ме удри, зошто не сум му одела по ќеф. Ја мајката...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на jaslichno

Точно!

Точно!

Слика на Pijandura

гласав за

гласав за опцијата под реден број три!
ќутекот, од рајот излегол

Слика на гоце

затоа си сега

затоа си сега пијандура :)

--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем

Слика на fLeX

Плескам коа ќе

Плескам коа ќе прекардаши ова малово, коа нема више што и каде..

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на dimitar27

Ха ха, така е

Ха ха, така е Џулс, оние кои гласале дека е злоставување, немаат деца гарант.
Ја гласав дека е застарен метод.
Ја дете мое не сум пипнал (оно царот неготински е сеуште пре-мал -има време) ги дисциплинирам со авторитет. Моите деца ги плескаат нивните мајки, зашо мене да ми се љути па да ме тепа кога ќе порасне, нек ја тепа мајка му :)
Реално, кога некој го гледа детето 24/7 а детето е на возраст кога треба да научи основни нешта на Do и DON'T, тешко да се успее само со збор. Ама јас тешкото го глеам како предизвик, па ќе продолжам така (се додека мајките си ја вршат работата) :)

De gustibus non est disputandum ! ! !

Слика на Сељачиште

Jaс се двоумам

Jaс се двоумам меѓу првото и второто. Поише ми тера накај второто.

Слика на Itar_Pejo

Застарен ама тешко без него

Да, гласав за реден број 1. Застарен е, неефикасен, ама тешко без него. Веќе неколку месеци не го применувам и тешко се одржува контрола само со ситемот казна/награда...
Итар Пејо

Слика на LudoMlado

Ќотекот

Го памтам првиот ќотек како бел ден.

Мајка ми ми одфикари два-три шамари кога ме фати кај што крадам пари кога бевме на гости.И не само шамарите ами добив и резилење пред сите. Ете,отогаш не украдов ништо ...па дури ни радкапна :)
Ќотекот не беше страшен,ми остана резилењето. Можеби имав 5-6 години

Не е никако злоставување ако подмавнеш некогаш кога "ова малото" претерува и кога ти се прпела на плочник за сладолед ама не пред сите и да се има мерка
Макава е што повеќето луѓе не прават разлика помеѓу злоставување и казнување и тоа се,како што вика juls,обично луѓе кои немаат деца.
А ги има лабави,демек го казнува со "ајде марш во соба,вечер нема излегување" а таму ва-фај и све од електроника страна+мобилен. И јас да сум дете сакам вака да ме казнуваат

А злоставување е веќе кога пијандурата се враќа дома па тепа се со ред. Да не ја тупиме,пострашено од психичкото злоставување нема. Шамарете со мера и по-лагано :)

Слика на Chombe

Ќотекот

Ја копиљ, мајка ми ми остава сто динари (оној коњот црвениот) да купам леб. А лебот тогаш нешто 5-6 динари, така нешто. И ја контам следново. Ја имам лично мои 6 динари, ќе купам леб со тие пари а коњот ќе си го задржам, т.е ги ебав на смоки, ресана, кока-кола, флипери и сликици. И све фино-лепо се додека мајка ми не ми го побара кусурот. Какви два шамара сум попил, уште се сеќавам. Од тогаш па до ден денес, математика ми е најјача страна.

Слика на StormAngel

Без плескање не

Без плескање не бива. Барем кај мене не. Ваљда у некое идно време ќе имаме повеќе нерви за сопствените деца, ама малце тешко. Како и да е, со мера само.

We didn`t land on Plymouth Rock, Plymouth Rock landed on us.

Слика на judge

Дете не тепам,

Дете не тепам, бидејќи со тоа не се постигнува ништо. На страна тоа што е повисок од мене...

На син ми само ќе му се заканам дека ќе му го извадам чипот со BIOS-от од компјутер, и веднаш слуша. Зошто баш чипот? Затоа што сѐ друго може да позајми од комшии (тастатура, маус, кабел за напојување ...), а ова е практично незаменливо во време додека сум на работа, а тој сака да сурфа или игра иако е „под суспензија“. И да, знам како се вади bios од матична плоча. Дури, знам и да го вратам! Иако, досега не ми требало да посегнам по алатот, фала богу.

Во последно време ова компјутерскиве финти сѐ повеќе ми палат. Само ќе му кажам „sudo kill -9“, или „ќе добиеш kick and ban“, и послушува. Кој не знае, нека праша некој компјутерџија што значи sudo и каде се употребува она второто. Или, уште подобро, прашајте си ги децата - знаат. :-)

Кој би рекол дека од гиковствово ќе имам корист!? :-)

Слика на aleksandra85

Еден ден - отом потом

Незнам колку пати сум видела како автомобил кочи и од преднего зиво и здраво истрчува дете,,,арно ама од другиот крај на улицата го чека неговата хистерична мамичка која за да го отргне впечатокот на неодговорна мајка пред очите на луѓето почнува да хистериши и да го плпеска детево....оти не пазело, и за ум за друг пат....
Па колу пати ни се случило и нам да не видиме некој автомобил па да засхкрипат гуми да застане на пола метро од нас...Го знаете она чуство на страв,ке ви се пресечат нозете,срцето ке ви залупа,може и да се здрвите во место па да неможете ни чекор да направите...и замислете да ве докачи некој и да ве наплеска оти не сте внимавале...
е тоа никако неможам да го разберам...место да си го смират уплашеното дете тие го плескаат за ум...
И уште колку вакви апсурни ситуации има....
Помислете само каков психичка лузна остава ваквиот чин врз детето...

Некој спомна срамот во тие моменти е поголем отколку физичката болка,,,
Нашите деца треба да бидат полни со самодоверба ,со помалку комплекси и фрустрации од нас ,,,затоа да не ги воспитуваме со истите методи со кои не воспитувале нас

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на Julls

Александра, ко

Александра, ко ќе имаш дете препрочитај се, и ќе се видиш во хистеричнава мајка. Што мислиш, дека таа е неодговорна мајка, или дека дете ко дете и се искобељало и киднало од рака и трча ко мува без глава? Притоа, нема појма кола, кочници, судар и остали срања! Уф...не ти посакувам ништо слично, на никого не би, ама ај, роди прво, расти го и воспитувај го, па тогаш ќе си каже се само...
Многу ги сакам коментарите кои кажуваат како ќе ги воспитуваат децата. Или, јас каква мајка/татко ќе бидам! Или, мене тоа не може да ми се деси..
Абе ајт бркајте работа..и научете разлика меѓу плес шамар по г’с или злоставување.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на PetarK

Чекај Џулс, има

Чекај Џулс, има разни аспекти во прикаскава.

Една работа е промислената одлука на родителот дека истрчување пред кола, прекачување на ограда на тераса, итн. е така ризична работа што треба и плескање да се користи за да се штрекне детето во такви ситуации. (Значи, на пример, 2% шанса да има ментални проблеми како возрасен е подобро од 1% шанса да заврши под тркала.)

Втора работа е што пази/не пази, детето пак ќе ти истрча некогаш, тоа е сигурно.

Трета работа е што таа хистерична мајка го наплескува детето не поради негово добро, туку поради што таа е уплашена и под стрес. Да, сите сме луѓе и правиме грешки, ама за ова имам многу помалку разбирање отколку за претходната грешка.

Слика на Julls

Во постот на

Во постот на Александра имплицитно се наведува дека мајката се правда дека не го пазела детето. И дека она ќе го натепа за да се оправда пред другите. Јас од стрес и страв ќе се развикам попрво отколку да го исплескам. Јас го држам за рака и мелам од кога прооде дека на улица треба да ме држи за рака и да погледне лево-десно, за колите што проаѓаат што може да се случи, а не знам колку пати онака стигаме да преминеме едно уличенце мало, знае он се пошто си ги повторува сам моите зборови кога стигаме таму,знае и да ми се оттргне за да претрча и се смее као: јухууу види што направив! Тоа што ќе му се развикам, или шлапнам по г’с после такво нешто не ме прави помалку мајка од мајката што на ова ќе се насмевне и продолжи како ништо да не било или ќе објаснува со муабет. Пошто муабет секој ден си правиме, ама сеееекој ден. На темите претрчување улица, качување на столче до прозор, чепкање кај што има струја....Демек, јас помалку си го сакам детето ако го применам олд феш’н методот за милон пати објаснета ситуација? И дека тоа значи дека кога ќе порасне ќе има ментални проблеми заради тоа???
Уште не сум сретнала родител (додуше имам снаа една која може така ама ретко и успева) кој само со муабет го убедил детето во одреден момент дека тоа не е добро. Или некој кој во некој момент не му дошло да го истепа детето, за да научи за друг пат дека не треба нешто...што и да е. Ми дошло 100 пати, ама не значи дека за се нешто јас го тепам детето. Може да добие по г’с кога ќе запенам и точно знае дека претерал.
Едно е да го тепаш детето и омаловажуваш на вербален начин секојдневно, по дома, на улица, секаде, а друго е ќотек (во онаа горнана смисла шлап по г’с)во одредена ситуација.

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на judge

Ако со детето

Ако со детето уште од мали нозе не се воспостави однос на разговор, резонирање и убедување, тоа многукратно ќе му се удри од глава на родителот кога неговото дете ќе потпорасне. Особено кога ќе наполни над - што знам - 13/14 години. Е, тука веќе не помага „шлапнување по г'з“, затоа што тој/таа ќе си направи што си наумил кога не гледаш, да не зборам дека може и да ти врати, па да биде трагедија, семејна тепачка.
Ја разбирам Џулс што сака да каже - има мало дете со кое тешко може да се резонира на повисоко ниво (кое е потребно). Исто така, мислам дека „шлапнувањето“, ако е лесно, не се вбројува многу во *тепање*, но тоа не смее да стане примарен канал за укажување што е добро а што лошо. Само исклучително, кога директно и непосредно е загрозено здравјето на детето, можеби може. Но прашање е во таков случај кој се дефрустрира (родителот) а кој се фрустрира (детето).

Нам родителите не нѝ останува многу избор освен да збориме и да објаснуваме и да убедуваме додека не ни падне устата. Тоа ни е вратка за сѐ она што ние сме им го правеле на нашите родители.

Слика на Julls

На ова мислев.

На ова мислев. Еве кој е „старо магаре“ у родителство, па разбра у ствари што кажувам :)

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на aleksandra85

не реков да се смее

Цитат:
е тоа никако неможам да го разберам...место да си го смират уплашеното дете тие го плескаат за ум...

не реков мајката да се смее реков да го смири детето(да го прегрне,да го земе во раце па потоа да му објасни колку било опасно,и да му ги објаснипоследиците) бидејки тоа е стрес.

кога мудрецот ќе покаже кон месечината будалиот гледа само прст

Слика на fLeX

Ајде, ајде

Ајде, ајде Сашке убаво ти кажаа , роди изглеј па ќе праиме муабет;)))

Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)

Слика на Julls

Цитат: арно

Цитат:
арно ама од другиот крај на улицата го чека неговата хистерична мамичка која за да го отргне впечатокот на неодговорна мајка пред очите на луѓето почнува да хистериши и да го плпеска детево

јас вака прочитав, па следствено на тоа ти пишав...

И така,го сретнав Фикрет и Фикрет ми даде нешто бело и ми рече,на пробај,у пизду материну е добро

Слика на Парки

The Government should

The Government should urgently amend the law to allow parents the right to smack their children as part of "good care and parenting", former MP Larry Baldock says.

New Zealanders have overwhelmingly voted no in a citizens-initiated referendum which asked: "Should a smack as part of good parental correction be a criminal offence in New Zealand?"

http://nz.news.yahoo.com/a/-/top-stories/5847819/govt-cant-ignore-referendum-results-organisers/

ммм

Слика на DrunkY

Охохо, прилично

Охохо, прилично поделени мислења :)

Агрегирање содржина