Кили у Шутка
Глумецот Кирил Поп Христов - Кили, повеќе од една недела се наоѓа во Истражниот затвор Скопје во Шутка.
Поради неговото приведување деновиве беше заменета неговата улога во претставата Мара садд со друг актер.
Како што дознаваме Кили, неодамна бил повикан во полициска станица на информативен разговор. Откако самиот се пријавил, бил приведен и веднаш бил спроведен во затворот во Шутка.
Од таму добивме потврда на информацијата, со објаснување дека Кирил Поп Христов е на одлежување казна затвор во трање од три месеци за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци".
Од неговата богата актерска кариера, Кирил Поп Христов играл во МНТ во околу дваесетина проекти од кои по познати се Злосторство и казнаа, Едмондд, Буре Барутт, а од тековниот репертотар игра во претставата Мара Садд. Зад себе Кили има и една улога во филм, и тоа го играше ликот Исус во филмот Тетовирањее.
- Додај нов коментар
- 4826 читања

Житието
Ќе биде некој добар онака грубо во кратки црти да каже шо се дешава/дешаваше со Кирил во врска со дрогите?
Бил некогаш на тешки дроги?
Човекот ми е страшно омилен актер...па и колку што сум гледал негови гостувања по емисии изгледа неверојатно искрен,луциден е (на добар начин) оригинален..
Ама ова е само мој впечаток.
Некако ми остана во сеќавање кога одеше по школи да кажува дека дрогирањето не чини...па едно време ми се чинеше дека има и "покрет" :)
Па токму
Па токму финтата на одењето по школи му беше дека зборува како паталец, а не гаталец. Имаше во еден од тие медиумски настапи и изјава како супер бил хероинот во Тајланд... :)
Па токму
(кили се врти накај камерата среде некоја дебатна емисија) „Родители, ако вашето дете пуши марихуана - ич да не се секирате! Тоа е како да јаде спанаќ!“
Подобро би било
Подобро би било да ја споредел со чај :)
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем
серии
да не знае некој овде каде може да се најдат тоа сериите со кили и со децава кога идат сегде у светот?
I'm Rick James... Bitch!
серии
Тоа на МС телевизија лани идеше, now defunct.
јееј. free willy
јееј. free willy :)
Free Killу!
Free Killу! :D
Не паницирајте
Жив, здрав (колку и стално) и на слобода. Бил на проба во театро денес.
I'm Winston Wolf, I solve problems.
чек, а нешто
чек, а нешто судење нели имало?
--
Don't attribute to malice what can be explained by incompetence.
чек, а нешто
У притвор ќе да е...
Што и да мислиш, исто ти се фаќа:)
Кој рече дека
Кој рече дека не сме Иран/Талибан... ??
Кој рече дека
Талибан сме, треба да се остават сВите да си дилаат допче слободно. Кили ни е другар (за мене и за уште еден баграш зборам) 20 годнии, дечкото е ОК, ама пуста мука, од времето си сади по тераси :)
Него . .син ми се роди, и си правам у главава филм, да ми дојде за 15 год со аути по руки, и да сфатам дека комшијата му дилал хорсарица, шЧо ќе чинам? УсВари шо син ми бе, ќерка ми е голема, замисли го најдам тој шо и дила роба? Знам знам, не е дилерот крив шо деци се дрогисаат, ама еве ТИ ко родител како би реагирал?
Не е трава хорс, ама затоа не иде 3 години робија, иде 3 месеца, башка ене го пие кафе у Бастион вчера. Сум имал блиско искуство со џандари на оваа тема (блиско не значи лично) . .колку и да ги нејкеш, колку и да си наогаш оправдување за себе (шо е максимално човечки) тие клети џандари само си ја работат работата.
Ако сакаме да не е така, да притиснеме кај парламентарцине, да сменат закони, па да може бар пол кило травка и 20-ка жуто да има секој по дома, чисто за културно-забавни активности :)
Бело и табли ионака никој не проверуе :)
De gustibus non est disputandum ! ! !
Цитат: Знам
ќе ја пратам полицијата да го поправи мојот родителски fail??
Цитат:Знам
Така е, полиција треба да иде.
Аме еве кога иде полицја и приведуе, сме биле нели Талибан и Иран?? Башка, кај мене у зграда 3 пути кршат прозори на улаз копиљаци од другата зграда (со компири и кромиди маваат бе??) и два пути викам мурија, не доага, ттретиот пут ми вика по телефон „Да може Вие да дознаете кои се, па да ни ги кажете“ ??? Па да идам да ги уапсам уместо полиција јас а?
И ете некој дила, никој не го апси, и? Не знам, ја не викма дека ќе му скинам глава, само прашуем шо би било кад би (не дај Боже) било???
De gustibus non est disputandum ! ! !
не знаеме за
не знаеме за што го привеле... може не е за ганџа
Штета.
Штета.
Кили,
Кили, македонскиот Томи Чонг...
--
Лоша вест: Македонија ќе се подели на два дела
Добра вест: Нашиот ќе биде поголем